Брз ласерски печатач во боја со компактни димензии. Овој печатач со голем капацитет е идеален за опкружувања со големи потреби.
Подетално разгледување на Canon i-SENSYS LBP710Cx
Со брзина за печатење во боја од 33 стр./мин., LBP710Cx е идеален за динамични работни опкружувања на кои им е потребен сигурен печатач со разновидни опции. Можноста за приклучување дополнителна касета за снабдување со хартија со голем капацитет е совршена за модерните поврзани опкружувања.
За да бидете продуктивни ви треба печатач со голем капацитет, па затоа LBP710Cx располага со огромен капацитет за 650 страници кој може да се зголеми до 1.200 страници. Компактен и моќен канцелариски уред со голем капацитет кој има мали димензии. Независно од задачата за печатење, LBP710Cx ќе ви понуди разновидни опции. Тој е подготвен да печати двострани документи со големина од A5 до A4 за неколку секунди.
Благодарение на поддршката за Apple AirPrint (iOS) и Mopria (Android) што ја нуди LBP710Cx, ќе можете да печатите од сите компатибилни уреди на едноставен начин. Исто така, ќе можете да пристапите до повеќе напредни функции преку апликацијата Canon PRINT Business. За оние кои користат Google на работното место, LBP710Cx се испорачува со поддршка за Google Cloud Print и овозможува беспрекорна интеграција.
Canon одново ги дизајнираше своите картриџи со тонер за да ги подобрат како никогаш досега. Заштитата на тонерот сега се отстранува автоматски при поставување на картриџот, со што се намалува отпадот и времето за инсталација. Задржувајќи ја истата компактна големина, новите оригинални картриџи за тонер од Canon имаат поголем капацитет за да ви овозможат да бидете попродуктивни.
Без разлика дали печатите презентации за важни состаноци или брошури што ќе ги споделите со клиентите, LBP710Cx создава отпечатени материјали со извонредна графика, слики и текст во боја со ласерски квалитет за да остави поголем впечаток кај читателите. Препознатливото искуство за обработка на слики на Canon ќе им овозможи на сите деловни претпријатија, независно од нивната големина, да печатат документи со професионален изглед, прави линии, остар текст и висока резолуција – создавајќи позитивен впечаток каков што посакуваат модерните деловни претпријатија.
LBP710Cx е извонреден додаток со разновидни опции за вашата постоечка група на печатачи. Поддршката за PCL5e/6 и Adobe PostScript јазици за печатачи, овозможуваат беспрекорна интеграција во управуваните мрежни опкружувања. LBP710Cx е соодветен за опкружувања со управувани услуги за печатење и е компатибилен со системот за управување со далечински услуги e-Maintenance на Canon. Исто така, LBP710Cx може да се интегрира во платформата за управување со печатењето uniFLOW на Canon и да ви ја обезбеди ефикасноста и сигурноста на My Print Anywhere, како и дополнителни функции за сметководство и поврат на средствата.
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS LBP710Cx, неговите функции и можности.
Автоматско двострано печатење
+1 изборна касета за хартија
PCL печатење
PostScript печатење
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
* Од стандардна касета
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.