Овој "сè-во-едно" црно-бел ласерски уред со можност за поврзување на Wi-Fi, мрежа и мобилни уреди нуди беспрекорен пристап низ целата канцеларија. Опремен со функции за зголемување на продуктивноста, тој е брз, практичен и енергетски ефикасен.
Погледнете подетални информации за Canon i-SENSYS MF217w
Овој стилски "сè-во-едно" црно-бел ласерски печатач со голема брзина и разни можности за поврзување нуди функции за печатење, копирање, скенирање и праќање факс сместени во компактен уред кој заштедува простор. Благодарение на можноста за поврзување на Wi-Fi, етернет и мобилни уреди за лесно споделување на функциите, како и професионалниот квалитет на печатење и едноставното ракување преку екран на допир, ова е идеално решение за на работна маса во мали канцеларии.
Поврзете се беспрекорно на начин кој ви одговара преку овој уред со можност за поврзување на Wi-Fi, мрежа и мобилни уреди. Вградената поддршка за печатење преку Apple AirPrint™ и Mopria™ автоматски го открива печатачот за да овозможи печатење на документи директно од iPhone или iPad и овластени уреди на Mopria. Бесплатната апликација Mobile Printing на Canon, исто така, овозможува безжично печатење со вашиот печатач преку вашиот уред со Apple iOS или Android.
Големите брзини за црно-бело ласерско печатење и копирање од 23 стр./мин. во A4 формат и брзото печатење на првата страница дури и од режим на мирување ви овозможуваат да не ги чекате документите долго. Печатењето, скенирањето и копирањето на повеќе страници е многу лесно благодарение на касетата за 250 листови хартија и вградениот ADF за 35 листови.
Комбинацијата од квалитет на печатење до 1200 x1200 dpi и EF тонерот на Canon овозможува професионално печатење и копирање со остар текст. Напредно скенирање на бои со максимум 9600x9600 dpi за доловување на сите детали од оригиналната снимка. Испраќајте скенирани документи на кој било компјутер со мрежното скенирање.
i-SENSYS MF217w се користи брзо и едноставно, а се одликува со голем LCD екран на допир со разни опции и можност за вртење. Екранот може да се постави вертикално или да се закоси нагоре во зависност од начинот на кој работите. Ефикасните работни процеси за скенирање и копирање можат лесно да се постават со помош на копчињата кои нудат брзи решенија со еден допир.
Технологијата за фиксирање по потреба на Canon го елиминира речиси целото време на загревање и помага во намалување на потрошувачката на енергија, без намалување на перформансите. Одликувајќи се со врвна класа на TEC оценка, овој уред троши едвај 1,6 вати во режим на мирување.
За да функционира во тивки опкружувања, тивкиот режим овозможува потивко печатење за да можете да работите без да им го одвлекувате вниманието на останатите.
"Сè-во-едно" картриџите, кои можат да се рециклираат едноставно, претставуваат комбинација од тонер, барабан и единици за чистење кои го намалуваат одржувањето, ја зголемуваат сигурноста и ја минимизираат потрошувачката на материјали.
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF217w, неговите функции и можности.
Автоматски механизам за снабдување со документи
Копирање
Користење и споделување преку мрежа
Супер G3 ФАКС
USB поврзување
Скенирање преку мрежа
Режим на тивко печатење
Скенирање со професионален квалитет
Копче за директен избор на скенирање
Безжично користење и споделување
Контролен панел со можност за вртење
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
Панел на допир
За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.