Уживајте во печатење, копирање, испраќање факс и скенирање со ласерски квалитет, како и NFC технологија за практично печатење со допир преку паметниот, практичен и компактен повеќефункционален црно-бел печатач MF416dw, кој одлично ќе го збогати вашето деловно работење.
Подетално разгледување на Canon i-SENSYS MF416dw
Малите деловни претпријатија можат да добијат значително зголемување на продуктивноста со повеќефункционалниот црно-бел ласерски печатач MF416dw за A4 формати. MF416dw нуди печатење со професионален квалитет и брзина до 33 стр./мин., како и разновидни опции за задоволување на сите ваши потреби поврзани со документи, независно од неговата импресивно компактна големина. Интуитивниот екран на допир во боја од 3,5”, капацитетот за хартија од 300 страници и функцијата за брзо печатење на првата страница веднаш по вклучувањето придонесуваат за поефикасна работа на вашите тимови без прекин. Исто така, MF416dw нуди безбедносна и практична функција за приватност: функцијата за безбедно печатење ги заштитува вашите документи со PIN код, дури и кога печатите од мобилен уред.
Паметните телефони и таблет-уредите го менуваат начинот на кој работиме, а со можноста за печатење со допир преку NFC, корисниците ќе можат да печатат од компатибилни мобилни уреди веднаш откако ќе ги допрат до ознаката NFC на печатачот. За да добиете поголем избор и поголема практичност, поддршката за Google Cloud Print, Apple AirPrint (iOS), Mopria (Android) и апликацијата Canon PRINT Business ќе ви овозможат да пристапувате и да печатите документи од мобилни уреди. Едноставно и флексибилно печатење на дофат на вашите прсти.
MF416dw нуди поддршка за Cloud услуги и овозможува подобро деловно работење. Со помош на MF Scan Utility (за компјутери/лаптопи) и апликацијата Canon PRINT Business (за мобилни уреди), секој може да се поврзе со MF416dw и популарните услуги за складирање Cloud како што се Evernote® и DropBox за да снима, дигитализира и споделува документи во движење или, пак, да скенира и испраќа е-пораки во еден чекор.
Благодарение на многубројните флексибилни мрежни опции, MF416dw претставува совршен дополнителен уред во вашата мрежа. Поврзувањето преку WiFi и етернет, заедно со поддршката за PCL5e/6 и Adobe PostScript јазици за печатачи, овозможуваат беспрекорна интеграција во управуваните мрежни опкружувања. Опцијата за управување со далечински услуги e-Maintenance на Canon овозможува користење на MF416dw во опкружувања со управувани услуги за печатење.
Доследната сигурност и обновениот квалитет се гарантирани при секое менување на тонерот благодарение на сè-во-едно дизајнот на картриџите од Canon кој овозможува замена на сите важни компоненти одеднаш. Неговата мала потрошувачка на енергија во режимите на мирување и подготвеност, автоматското двострано печатење и неговата паметна функција за автоматско исклучување заради заштеда на енергија се карактеристики кои го прават MF416dw одржлив избор со мали трошоци.
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF416dw, неговите функции и можности.
Автоматско двострано печатење
Автоматски двонасочен механизам за вовлекување документи
Супер G3 ФАКС
Панел на допир во боја
PCL печатење
PostScript печатење
Скенирање кон USB уред
Копче за директен избор на скенирање
Скенирање кон e-mail и фолдер
Безбедно печатење
Безжично користење и споделување
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
Допрете и печатете
За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.