Повеќефункционалниот црно-бел ласерски печатач MF512x за A4 формати е специјално направен за деловни работни групи на кои им се потребни опции за брзо печатење со професионален квалитет вградени во компактен уред со многубројни функции за флексибилно работење.
Погледнете подетални информации за Canon i-SENSYS MF512x
Повеќефункционалниот црно-бел ласерски печатач MF512x за A4 формати претставува незаменлив избор за малите деловни работни групи на кои им е потребно значително зголемување на продуктивноста. Тој се одликува со моќни функции и опции како и големите повеќефункционални канцелариски печатачи, но има компактни димензии и може лесно да се постави во мали простории. Динамичните тимови ќе се воодушеват од неговото брзо и висококвалитетно печатење и копирање со импресивни брзини до 40 стр./мин. Екранот на допир во боја овозможува едноставно користење за корисници од сите нивоа на познавање, а капацитетот за хартија од 600 страници и функцијата за брзо печатење на првата страница веднаш по вклучувањето придонесуваат за поефикасна работа на вашите тимови. Доверливите документи се заштитени со функцијата за безбедно печатење која ги заштитува документите со PIN код кога печатите од компјутер или од мобилен уред.
Благодарение на обемната поддршка за Apple AirPrint (iOS) и Mopria (Android) што ја нуди MF512x, вашата работна група ќе може да печати од сите овозможени уреди. Исто така, со нив ќе можете да пристапите до многубројни напредни функции преку апликацијата Canon PRINT Business и можат да го поврзат уредот со сметка на Google Cloud Print за неколку секунди.
Динамичните тимови ќе добијат флексибилност благодарение на MF Scan Utility (за компјутери/лаптопи) и апликацијата Canon PRINT Business (за мобилни уреди) на MF512x кои овозможуваат беспрекорна интеграција со услугите Cloud. Тимовите ќе можат да ги користат омилените услуги за складирање Cloud – како што се Google Drive и DropBox – за снимање, дигитализирање и споделување документи во секое време и од секое место.
Благодарение на многубројните флексибилни мрежни опции, MF512x претставува совршен дополнителен уред во вашата деловна мрежа. Освен можноста за поврзување преку WiFi и етернет, достапна е и целосна поддршка за PCL5e/6 и Adobe PostScript јазици за печатачи кои овозможуваат едноставна интеграција во групата на вашите постоечки уреди. Опциите за далечински услуги и поддршката за системот за печатење uniFLOW на Canon овозможуваат лесно управување и ќе им бидат добредојдени на тимовите за управувани услуги за печатење.
Ако ви треба повеќефункционален печатач со доследен квалитет и сигурност, MF512x нема да ве разочара, бидејќи сè-во-едно дизајнот на картриџите од Canon овозможува замена на сите важни компоненти одеднаш при секоја замена на тонерот. Потрошувачката на енергија и трошоците за потрошни материјали се минимални благодарение на малата потрошувачка на енергија во режимите на мирување и подготвеност, автоматското двострано печатење и неговата паметна функција за автоматско исклучување.
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF512x, неговите функции и можности.
Автоматско двострано печатење
Автоматски двонасочен механизам за вовлекување документи
Панел на допир во боја
PCL печатење
PostScript печатење
Скенирање кон USB уред
Копче за директен избор на скенирање
Скенирање кон e-mail и фолдер
Безбедно печатење
Безжично користење и споделување
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.