Овој паметен повеќефункционален ласерски уред за A4 формати за на работна маса овозможува многу лесно печатење, скенирање и споделување документи независно од локацијата, без разлика дали работите од вашиот компјутер, паметен телефон или таблет-уред.
Подетално разгледување на Canon i-SENSYS MF623Cn
Малите деловни претпријатија и поединечните корисници ќе можат да сработат повеќе на едноставен начин со повеќефункционалниот ласерски уред i-SENSYS MF623Cn за A4 формати. Без разлика дали сакате да ги импресионирате клиентите со продажни и рекламни документи во боја или, пак, да скенирате, споделувате и архивирате големи документи, MF623Cn значително ќе ви помогне во вашето деловно работење. Компактната големина, паметниот изглед и продуктивното печатење во боја со брзина од 14 стр./мин. се карактеристики кои го прават совршен прв повеќефункционален уред со деловен квалитет за мали и домашни канцеларии.
Ќе се воодушевите колку е едноставно да пристапите до паметните функции на MF623Cn. Повеќето од нив се контролираат преку интуитивниот екран на допир во боја од 8,9 cm поставен на предната страна кој лесно се прилагодува кон начинот на кој работите. Поради тоа, за ослободување на целосниот потенцијал на вашиот MF623Cn секогаш се потребни само неколку чекори. Одржувањето на вашиот уред е подеднакво едноставно. Доследната сигурност и обновениот квалитет се гарантирани при секое менување на тонерот благодарение на сè-во-едно дизајнот на картриџите од Canon кој овозможува замена на сите важни компоненти одеднаш.
Ако сте дел од денешната модерна работна сила, тогаш уредите и локациите ги менувате според работните потреби. MF623Cn е создаден за вас и го нуди истото беспрекорно доживување на вашиот компјутер/лаптоп, таблет-уред и паметен телефон. Сертификатите за AirPrint и Mopria нудат целосна поддршка за уредите со iOS и Android, а има поддршка и за Google Cloud Print. Бесплатната апликација Canon PRINT Business (iOS и Android) ви ги нуди сите овие функции на дофат на вашите прсти.
Без разлика дали скенирате хартиени документи за да ги испратите преку е-пошта, да ги споделите преку Cloud или да ги складирате во дигитална архива, MF623Cn ќе ја олесни постапката. Контролирајте го скенирањето преку вашиот компјутер со MF Scan utility или преку вашиот мобилен уред со бесплатната апликација Canon PRINT Business. Потоа, откако ќе ги скенирате документите, вчитајте ги директно во онлајн Cloud услуги како Dropbox. Замислете си ја слободата на скенирање, зачувување и пристапување до документи независно каде се наоѓате. Тоа се карактеристиките поради кои MF623Cn е одличен избор за бизнисмените во движење кои сакаат да бидат продуктивни додека патуваат.
Иако MF623Cn е соодветен за мали и домашни канцеларии, тој нуди сеопфатна група на опции за мрежно печатење и скенирање. Малата потрошувачка на MF623Cn во режимите на мирување и подготвеност и неговата функција за автоматско исклучување заради заштеда на енергија се карактеристики кои го прават одржлив избор со мали трошоци.
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF623Cn, неговите функции и можности.
Автоматски механизам за снабдување со документи
Копирање во боја
Користење и споделување преку мрежа
USB поврзување
Панел на допир во боја
Валјак за правни големини
Скенирање преку мрежа
Скенирање
Скенирање кон USB уред
Копче за директен избор на копирање со заштеда на хартија
Копче за директен избор на скенирање
Скенирање кон e-mail и фолдер
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.