Деловните претпријатија можат да добијат многу предности со овој компактен повеќефункционален ласерски уред во боја за A4 формати. Иновативните функции како NFC за печатење со допир ќе ви помогнат да создадете ефикасно деловно работење.
Подетално разгледување на Canon i-SENSYS MF729Cx
Ако сакате моќ како кај големите канцелариски повеќефункционални уреди, но сместени во компактен, стилски и сигурен уред, тогаш i-SENSYS MF729Cx ќе ви понуди сè што ви е потребно. Овој сè-во-едно ласерски уред во боја за A4 формати нуди печатење, скенирање, испраќање факс и копирање, како и голем број можности кои ќе ви помогнат да работите побрзо и поедноставно. Краткото време за загревање, двостраното печатење и скенирање со брзина од 20 стр./мин., како и механизмот за двострано снабдување со документи за 50 листови, ќе ви помогнат да ги извршувате најтешките задачи за печатење и скенирање со минимални напори.
Сите вработени во канцеларијата ќе можат лесно да добијат одлични резултати од MF729Cx благодарение на екранот на допир во боја од 8,9 cm поставен на предната страна кој го олеснува пристапот до сеопфатните функции на уредот. Одржувањето доследен квалитет со MF729Cx е едноставно: сè-во-едно дизајнот на картриџите во боја од Canon овозможува замена на сите важни компоненти одеднаш, така што ќе подредувате и управувате со помалку елементи.
Со MF729Cx го добивате истото едноставно доживување, без разлика дали сте во канцеларијата или надвор од неа и без разлика дали работите на вашиот компјутер, таблет-уред или паметен телефон. Целосната поддршка за iOS, Android, Google Cloud Print, Touch & Print (NFC) и Wi-Fi ви нудат потполна слобода за работа, на начинот и на местото кое вие ќе го изберете. Бесплатната апликација Canon PRINT Business (iOS/Android) овозможува едноставен пристап до сите овие опции кога сте во движење, како и моментално впарување и печатење од уреди компатибилни со NFC. За уште поголема сигурност, функцијата за безбедно печатење ви овозможува да печатите доверливи документи со PIN код - дури и кога печатите од вашите мобилни уреди.
Брзото и моќно скенирање што го нуди MF729Cx нуди многу предности за вашето деловно работење. Зошто не ги скенирате и споделувате документите дигитално? Или, пак, да ги зачувате во практична дигитална архива? Освен беспрекорната интеграција за скенирање преку компјутер и мобилни уреди, можете да скенирате директно кон адреси за е-пошта, мрежни фолдери или USB мемориски уреди директно од MF729Cx за максимална флексибилност. Дали сакате да споделувате скенирани документи преку Cloud? MF Scan utility и апликацијата Canon PRINT Business овозможуваат едноставно поврзување со Cloud услугите за складирање и печатење, за да можете да споделувате и печатите важни документи насекаде.
Интеграцијата во ИТ мрежи е едноставна благодарение на поддршката за PCL5c/6, Adobe PostScript и далечинското управување преку веб-пребарувач кај MF729Cx. Опкружувањата со управувани услуги за печатење ќе ги искористат придобивките од компатибилноста со системот за управување со печатењето uniFLOW на Canon. Благодарение на функциите кои заштедуваат енергија и ги намалуваат вкупните трошоци, MF729Cx ќе им се допадне и на лицата одговорни за трошоците.
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF729Cx, неговите функции и можности.
Автоматско двострано печатење
Копирање во боја
Автоматски двонасочен механизам за вовлекување документи
Користење и споделување преку мрежа
Супер G3 ФАКС
USB поврзување
Панел на допир во боја
+1 изборна касета за хартија
PCL печатење
PostScript печатење
Скенирање преку мрежа
Скенирање
Скенирање кон USB уред
Копче за директен избор на копирање со заштеда на хартија
Копче за директен избор на скенирање
Скенирање кон e-mail и фолдер
Безбедно печатење
Безжично користење и споделување
Безжично користење и споделување
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
Допрете и печатете