Повеќефункционален уред со високи перформанси кој нуди поврзување во мрежа и Wi-Fi и можност за печатење од мобилни уреди. Неговите практични и продуктивни функции ќе ви овозможат да се фокусирате на секојдневните задачи при вашето деловно работење.
Подетално разгледување на Canon i-SENSYS MF8580Cdw
Зголемете ја продуктивноста со овој повеќефункционален уред кој лесно се споделува, беспрекорно се усогласува со вашата мрежа и поддржува печатење од мобилни уреди. Јасниот 7-линиски екран во боја кој е едноставен за користење ги прикажува сите информации кои им се потребни на корисниците. "Сè-во-едно" уредот нуди комбинација од автоматско двострано печатење, копирање, скенирање и испраќање факс.
Не постои начин на кој нема да можете да се поврзете со i-SENSYS MF8580Cdw, без разлика дали тоа ќе го направите од работната маса, мобилниот уред, таблет уредот или преку Cloud. Вградената поддршка за Apple AirPrint™ автоматски го открива печатачот за да овозможи печатење на документи директно од iPhone или iPad. Бесплатната апликација Mobile Printing од Canon, исто така, овозможува безжично печатење со вашиот печатач преку вашиот уред со Apple iOS. Без разлика каде се наоѓаат корисниците, тие ќе можат да печатат со помош на "сè-во-едно" уредот преку интернет, користејќи Google Cloud Print.
i-SENSYS MF8580Cdw нуди можност за поврзување во мрежа и Wi-Fi и беспрекорно се интегрира во вашите деловни задачи преку неговата поддршка за печатење со индустрискиот стандард PCL5c/6.
i-SENSYS MF8580Cdw овозможува брзо и попродуктивно работење. Тој печати и копира документи во боја и црно-бели документи со брзина од 20 страници во минута, а се одликува и со автоматски двостран механизам за снабдување со документи за 50 листови. Технологиите за брзо печатење на првата страница и брзо време до излегување на првата копија од Canon го намалуваат времето кое се губи додека чекате да заврши печатењето.
Дизајнирани за едноставно ракување, копчињата кои нудат решенија со еден допир го олеснуваат пристапот до често користените функции, вклучувајќи и брзо скенирање директно кон вашиот компјутер, еко-копирање за комбинирање на неколку страници во една отпечатена страница за заштеда на хартија и пари, како и безбедно печатење за заштита на доверливите документи и намалување на отпадот преку намалување на бројот на непотребни печатења. "Сè-во-едно" картриџите го олеснуваат одржувањето и ја зголемуваат сигурноста.
Заштедете време и работете поефикасно преку дистрибуирање на вашите документи со помош на SEND функционалноста од Canon. Таа врши скенирање и испраќање на документи директно на e-mail, мрежен фолдер или на USB мемориски уред. За да добиете поголема флексибилност, скенираните документи можете да ги испратите преку e-mail пораки до паметните телефони и таблет уредите на корисниците, кои потоа можат да ги испечатат со i-SENSYS MF8580Cdw преку функцијата за печатење од мобилни уреди.
Технологијата за фиксирање по потреба на Canon ви заштедува време и пари, без намалување на перформансите. Усогласен со ENERGY STAR®, i-SENSYS MF8580Cdw има мала потрошувачка на енергија од само 1 W во режим на мирување која е водечка на пазарот.
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF8580Cdw, неговите функции и можности.
Практичен екран во боја
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
Скенирање преку мрежа
Автоматски двонасочен механизам за вовлекување документи
Копче за директен избор на скенирање
Копче за директен избор на копирање со заштеда на хартија
USB поврзување
Користење и споделување преку мрежа
Автоматско двострано печатење
Копирање во боја
Печатење со висок квалитет
Супер G3 ФАКС
+1 изборна касета за хартија
PCL печатење
Скенирање кон USB уред
Скенирање со професионален квалитет
Скенирање кон e-mail и фолдер
Безбедно печатење
За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.