Овој црно-бел ласерски печатач, кој нуди двострано печатење и висока продуктивност, непречено се интегрира во речиси секое опкружување благодарение на неговите разновидни можности за поврзување во мрежа, изборната поддршка за PostScript и PCL.
Подетално разгледување на Canon i-SENSYS LBP6670dn
Идеален за максимизирање на продуктивноста на динамичните работни групи, стилскиот i-SENSYS LBP6670dn е доволно компактен да се смести на работна маса. Корисниците ќе имаат практичен црно-бел ласерски печатач во непосредна близина кој нуди брзо печатење на документи со професионален квалитет – со неверојатна брзина од 33 страници во минута. Благодарение на брзото печатење на првата страница од само 6 секунди или помалку, нема да загубите време ниту при чекање на документите.
Внесете дополнителен ефект во вашите деловни документи со остар, црн текст и јасна, прекрасна графика. Со резолуција до 1200 x 1200 dpi, i-SENSYS LBP6670dn обезбедува завршна обработка со највисок квалитет за сите ваши документи. Овој печатач, со стандардна меморија од 512MB, е подготвен да ги исполни потребите за мрежно печатење, како и потребите за печатење на големи, сложени документи и графика со фини детали.
Овој печатач располага со интуитивен 5-линиски LCD екран кој овозможува едноставно подесување и навигација помеѓу подесувањата, правејќи го едноставен за користење дури и за неискусните корисници.
i-SENSYS LBP6670dn го забрзува и олеснува споделувањето на печатењето низ целата мрежа. Тој се одликува со вградена Gigabit Ethernet врска, за брзо справување со обемни работни задачи, без да влијае врз мрежните перформанси. Исто така, тој нуди поддршка за печатење со индустрискиот стандард PCL5e/6 и изборно печатење со Adobe® PostScript, овозможувајќи непречена интеграција во вашите постоечки работни процеси за печатење.
Намалете ги трошоците за хартија и намалете го хартиениот отпад со автоматското двострано печатење. Палетата на функции кои заштедуваат енергија, исто така, ќе ви помогне да ги намалите работните трошоци. i-SENSYS LBP6670dn се одликува со Energy Star сертификат, а троши само 1,0 вати во режим на мирување. Со ниска вредност за типична потрошувачка на електрична енергија (TEC) од 1,3 kWh, тој е еден од најефикасните печатачи во неговата класа.
За максимално време на активна работа со минимално одржување, печатачот се одликува со евтин "сè-во-едно" картриџ – кој содржи тонер, барабан и единици за чистење. Картриџот лесно може да се замени за неколку секунди, без никаков неред. Користете оригинален ласерски картриџ од Canon и гарантирано ќе добиете континуирано висококвалитетно печатење.
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS LBP6670dn, неговите функции и можности.
PCL печатење
Изборно PostScript печатење
USB поврзување
Користење и споделување преку мрежа
Автоматско двострано печатење
+1 изборна касета за хартија
Практичен LCD екран
Печатење со висок квалитет
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.