Водечкиот A4 црно-бел ласерски печатач од Canon нуди брзо печатење на 40 стр./мин. Одликувајќи се со можност за поврзување во мрежа, вградена MEAP технологија и издржлив дизајн, тој беспрекорно се интегрира во динамични канцеларии и работни групи.
Подетално разгледување на Canon i-SENSYS LBP6780x
MEAP, нашата платформа основана врз Java за создавање на апликации, е вградена за да може LBP6780x да се интегрира во решенија како uniFLOW, кое го поедноставува управувањето на печатењето и истовремено ги намалува трошоците.
Нудејќи голема брзина од 40 стр./мин., водечкиот црно-бел ласерски уред од Canon е идеален за динамични канцеларии и работни групи на кои им е потребен продуктивен и издржлив печатач со високи перформанси.
Печатење со професионален квалитет во секој момент. Со резолуција за печатење од 1200 x 1200 dpi и меморија од 768MB како стандардни опции, овој печатач поддржува сложено и мрежно печатење. Вградената Gigabit Ethernet врска овозможува беспрекорна мрежна интеграција, при што го олеснува споделувањето на ресурсите за печатење и справувањето со обемните задачи. LBP6780x нуди поддршка за печатење и со индустрискиот стандард PCL5e/6 и Adobe® PostScript.
LBP6780x нуди кратко време за печатење на првата страница од само 8,6 секунди и брзо враќање во функција од режим на мирување, така што нема долго да ги чекате вашите документи.
Опремен со стандардна касета за 500 листови и фах за 100 листови, LBP6780x може да се конфигурира за да обезбеди вкупна залиха на хартија од 1600 листови.
5-линискиот LCD екран и функциите кои заштедуваат време за печатење на фајлови од USB уред за складирање го прават овој печатач едноставен за ракување. "Сè-во-едно" картриџот на Canon – кој содржи тонер и сите важни делови – може да се замени за неколку секунди, а изборниот картриџ со тонер за голема потрошувачка печати над два пати повеќе од вообичаената количина на страници, овозможувајќи континуирано печатење.
За да добиете документи со професионален изглед, LBP6780x автоматски печати на двете страни од документот – заштедувајќи хартија и намалувајќи ги редовните трошоци.
Заштитете ги вашите информации со истите напредни функции кои се достапни кај нашите повеќефункционални печатачи imageRUNNER ADVANCE. Овде е вклучена и компатибилноста со IPSec и LAN IEEE 802.1x. Изборното безбедно печатење од поштенското сандаче се погрижува ниту еден доверлив материјал да не дојде во погрешни раце.
LBP6780x го намалува штетното влијание врз животната средина со типична потрошувачка на енергија (TEC) која е водечка во својата класа, со што ги поддржува вашите еколошки и одржливи цели, а ги намалува и работните трошоци.
* TEC ја означува типичната потрошувачка на електрична енергија на уредот во период од една недела. Методологијата за тестирање е дефинирана од страна на Energy Star®: http://www.eu-energystar.org.
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS LBP6780x, неговите функции и можности.
USB поврзување
Практичен LCD екран
Користење и споделување преку мрежа
Изборно безбедно печатење
Автоматско двострано печатење
+2 изборни касети за хартија
PCL печатење
PostScript печатење
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.