imagePRESS 1110

Дизајниран за салите за печатење кај кои се очекуваат највисоки стандарди, imagePRESS 1110 нуди печатење со врвна острина и користење на широка палета медиуми заради поголемата едноставност при употребата.

Придобивки

  • Печатење со голема брзина кај сите медиуми до 300 gm/2
  • Врвна острина на сликите и текстот за водечки квалитет во класата
  • Регистрација со висока прецизност
  • Можност за користење разновидни медиуми
  • Исклучителна завршна обработка вклучувајќи совршено спојување

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imagePRESS 1110

Максимална продуктивност


Адаптиран на секаков тип задачи, почнувајќи од брз обрт, мали тиражи па сè до сложено печатење со варијабилни податоци, imagePRESS 1110 се одликува со импресивна брзина на печатење од 125 слики во минута. Со максимална големина на хартијата од 19,2” x 13” и потенцијален капацитет до 10.000 листови, imagePRESS 1110 претставува валидна алтернатива на моно-офсет печатењето, нудејќи ви непрекинато печатење од 1,5 часови.

Одличниот учинок не е ограничен само на специфични типови задачи. Оваа печатарска машина конзистентно одржува полна продуктивност кај широк избор на медиуми од 52 до 300gsm, справувајќи се брзо и без никакви проблеми со секакви медиуми почнувајќи од однапред отпечатени листови за вметнување, па сè до транспарентни медиуми и корици.

Извонреден квалитет на печатење


Новоразвиениот eB еднокомпонентен тонер на Canon нуди добивање на чиста и богата црна боја, додека развивачот со двојна обвивка го минимизира формирањето на дамки и креира рамномерни полни површини.

Активната регистрација на страниците (која обезбедува подредување од предниот до задниот план со толеранција од 0,5mm) и двојните црвени ласери овозможуваат резолуција од 1.200 dpi со 256 нијанси на сиво. Со ова се добиваат неверојатно рамномерни рабови, одлични градиенти и врвна острина на сликите и текстот.

Совршена завршна обработка


Кога станува збор за завршната обработка, imagePRESS 1110 навистина дава извонредни резултати. Достапен е широк избор на можности за линиска завршна обработка вклучувајќи совршено спојување, повеќекратно превиткување, средишно поврзување, правење дупки, отсекување на еден или три рабови и сложување со голем капацитет.

Ненадмината сигурност


Повлекувањето медиуми потпомогнато со користење на воздух ви гарантира ненадмината сигурност. Загревачите на воздух испуштаат топол воздух за да обезбедат правилно повлекување на медиумите прекриени со слој и со висок статички електрицитет. Дополнителните вентилатори овозможуваат беспрекорно повлекување и сепарација на медиумите. Напредниот ултрасоничен систем за откривање на двојното повлекување во внатрешноста на магацините за хартија со голем капацитет го детектира повеќекратното повлекување, отстранувајќи ги потенцијалните проблеми без прекинување на работата.

* За сценаријата со помал обем на печатење достапна е алтернативна конфигурација со помалку спецификации.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imagePRESS 1110, неговите функции и можности.