Canon Единица за скенирање 201 со рамно лежиште

Единица за скенирање 201 со рамно лежиште

Уживајте во беспрекорно двојно скенирање со единицата за скенирање 201 со рамно лежиште од Canon и нашата палета imageFORMULA кои нудат уште повеќе разни опции и прецизност при скенирање на книги, дневници и важни документи.

Придобивки

  • Скенер со рамно лежиште за A3 документи со високи перформанси
  • Скенирајте A3 медиуми за само 3,5 сек.
  • Беспрекорно поврзување со скенерите imageFORMULA*
  • Извонредни функции за обработка на слика
  • Беспрекорно двојно скенирање, скенирање во еден фајл
  • Совршени за скенирање на поврзани и важни документи

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon Единица за скенирање 201 со рамно лежиште

Високи перформанси за зголемување на вашата продуктивност


Единицата за скенирање 201 со рамно лежиште од Canon овозможува скенирање на A3 документи со голема брзина до 3,5 сек. при 200dpi. Започнете да скенирате за неколку моменти со технологијата на извор со LED светлина од Canon, која овозможува користење без потреба од загревање. Штом поврзете DR скенер, покрај брзото скенирање на A3 документи со рамно лежиште ќе имате можност и за сериско скенирање со голема брзина. Комбинација од огромна заштеда на време и зголемена продуктивност во еден уред.

Разновидно управување со медиуми


Единицата за скенирање 201 со рамно лежиште за A3 документи е идеална за скенирање на широка палета на медиуми, меѓу кои и книги, главни книги и важни документи – совршено за владини канцеларии, библиотеки, градежна индустрија и канцелариски оддели со општа намена.

Зголемете ја моќта на вашиот DR скенер со функција за беспрекорно скенирање


Можноста за беспрекорно поврзување на скенерите imageFORMULA од Canon со единицата за скенирање 201 со рамно лежиште овозможува поголема контрола на скенирањето кога истовремено ги оптимизирате ADF единицата и единицата со рамно лежиште. Скенирајте повеќе формати во еден документ и директно испратете ги на различни локации, како e-mail, фолдери и препознатливи апликации за управување со податоци, на едноставен начин. Интелигентната комуникација помеѓу скенерите ѝ овозможува на единицата со рамно лежиште за A3 документи да започне со скенирање доколку забележи дека нема хартија во механизмот за снабдување со документи на DR скенерот, откако ќе извршите поврзување.

Зголемете ја вашата контрола со напредна обработка на слика


Единицата за скенирање 201 со рамно лежиште се одликува со голем број напредни функции за обработка на слика, вклучувајќи и интелигентен режим за поништување на амбиентална светлина кој им овозможува на корисниците да скенираат со отворен капак и да добијат висококвалитетни слики. Ова е одличен начин за зголемување на продуктивноста кога имате потреба од брзо скенирање на голем број документи. Покрај тоа, единицата се одликува со истите функции за обработка на слика како и DR скенерите, и тоа автоматско откривање на големина на страница, корекција на искосување и MultiStream – кои ви помагаат да ја задржите постојаноста за висококвалитетно скенирање при секое користење.

Компактни, стилски и издржливи


Единицата за скенирање 201 со рамно лежиште се одликува со тенок, елегантен и компактен дизајн, а површината која ја зафаќа е само малку поголема од A3 лист хартија. Тоа му овозможува подеднакви услови за трајно поставување на работната маса или едноставно складирање кога не го користите.
*DR-C130, DR-M140, DR-M160, DR-6030C, DR-G1100, DR-G1130, DR-X10C (планирана компатибилност за во иднина)

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon Единица за скенирање 201 со рамно лежиште, неговите функции и можности.