НАПИС

Како да добиете неверојатни детали на отпечатените материјали со imagePROGRAF PRO-1000

How to bring stunning detail to your prints with the imagePROGRAF PRO-1000

Без разлика дали ги подготвувате вашите слики за изложби или продажба, потребен ви е професионален печатач кој може да создаде одлични детали и бои - така што imagePROGRAF PRO-1000 е совршен партнер за внесување реалистичност во вашите најдобри слики.

Кога станува збор за реалистична репродукција на вашите најдобри фотографии, од најголемо значење се динамиката, боите и квалитетот. Печатачот imagePROGRAF PRO-1000 ја наследува црвената линија од серијата EOS - симбол за исклучителен квалитет - и благодарение на нејзиниот напреден систем со 12 мастила, беспрекорен работен процес и дополнителен наменски софтвер за уредување фотографии, можете да печатите фотографии кои ја изразуваат вашата креативна замисла. Дозволете ни да ви покажеме.

imagePROGRAF PRO-1000
imagePROGRAF PRO-1000

„Кристално јасен“ работен процес на Canon

Печатачот imagePROGRAF PRO-1000 им овозможува на корисниците на EOS-фотоапарати од Canon да печатат слики преку вградениот наменски софтвер за печатење и фотографии: Digital Photo Professional и дополнителните компоненти Print Studio Pro и Professional Print & Layout. Овој уникатен и сеопфатен работен процес на Canon ви овозможува да ги уредувате и печатите сликите од вашите EOS-уреди од Canon, задржувајќи ги оригиналните детали и острината.

imagePROGRAF PRO-1000 working environment open

Подобра примена во работниот процес

Продуктивноста и ефикасноста можат да се подобрат со наменските дополнителни компоненти за печатење од Canon. Дизајниран за популарните софтвери за уредување фотографии, Print Studio Pro и Professional Print and Layout од Canon го олеснуваат процесот на печатење и ви овозможуваат да постигнете попрецизно усогласување на екранот и отпечатените материјали.

Со Print Studio Pro, функциите за печатење се прикажуваат на еден екран за практично користење, вклучувајќи алатки за отсекување и ротирање, поставки за печатење и преглед во живо. Напредниот кориснички интерфејс на Professional Print & Layout овозможува и поедноставен работен процес, со постапка за печатење од типот чекор по чекор за континуирано печатење.

imagePROGRAF PRO-1000 wifi pictbridge lifestyle

Флексибилни поставки и управување со боите

Дополнителните компоненти од Canon овозможуваат полесно прилагодување на поставките за печатачот, хартијата, распоредот и боите за да добиете отпечатени материјали со најдобар квалитет. Функцијата „Репродукција на контрастот“, достапна на двете дополнителни компоненти, овозможува и постигнување на поголема јасност.

Изборот на ICC-профил овозможува едноставно управување со боите. Подобрениот дизајн на профилот на печатачот и практичната компензација на црната точка овозможуваат подобра репродукција на боите, усогласувајќи ја најтемната точка во ICC-профилот на сликата со таа на печатачот. Исто така, намерата за рендерирање и софтверската проверка на печатењето ќе овозможат сликите да ја изразат вашата креативна замисла.

imagePROGRAF PRO-1000 mobile printing lifestyle

Извонредни црно-бели отпечатени материјали

Внесете стил на филм ноар во вашите слики со печатење привлечни еднобојни материјали. Висококвалитетните црно-бели слики со неутрални тонови можат да се постигнат благодарение на четирите наменски еднобојни мастила на системот LUCIA PRO - фото црно, мат црно, сиво и фото сиво мастило - за црно-бели слики кои се одликуваат со исклучителна длабочина и јасност.

imagePROGRAF PRO-1000 side paper black & white

Зголемена ефикасност за поголем обем

Честото менување на мастилата го нарушува работниот процес, но благодарение на резервоарите за мастило со голем капацитет од 80 ml можете да останете во вашиот креативен простор. Картриџот кој лесно се заменува ја зголемува и ефикасноста за корисниците кои печатат големи обеми - сите 12 мастила се ставаат лесно од предната страна на печатачот и се сместуваат зад капак што се преклопува за уште поедноставен пристап.

imagePROGRAF PRO-1000 ink set

Напишано од Claire Price