Професионални референтни 4K-монитори од Canon со широка палета на бои и голем динамички опсег за емитување и филмска продукција.
Уникатното искуство во обработката на слика на Canon и напредните технологии за обработка на сликата овозможуваат константно прецизна репродукција на боите и 4K слики со висока резолуција.
Професионален 4K HDR-екран од 31 инчи со 2.000 cd/m2 кој овозможува поголема флексибилност на работните процеси за снимање во HDR.
Екранот нуди силна осветленост, длабоки црни тонови, прецизна репродукција на боите и бројни функции со поддршка за голем динамички опсег (HDR), кои се совршени за 4K UHD емитување и филмска продукција.
Поддршката за големиот динамички опсег EOTF (PQ и Hybrid Log-Gamma) и широката палета на бои како ITU-R BT.2020 и DCI-P3 се идеални за широк опсег на процеси за 4K обработка.
Иновативниот процесор за обработка на сликата од Canon со голема длабочина на битови и систем за контрола на задното осветлување со технологија за IPS панели нуди прецизна репродукција на боите со усогласена осветленост низ целиот екран и широки агли на гледање.
Вградениот контролен панел со тркалце и копчињата со доделување на функции нудат едноставно ракување, додека големиот избор на опции за поврзување овозможува беспрекорна интеграција со постоечките поставувања за продукција.
Зачекорете во светот на снимање со 4K Cinema EOS што нуди врвна флексибилност и практично користење.
Кино објективите изработени од Canon кои ги исполнуваат високите стандарди на кинематографите.
Без разлика дали снимате моќни независни документарци, популарни серии или наградувани филмови, Canon ќе ви понуди производ од палетата Pro Video којшто ќе ја подигне вашата креативност до нови нивоа.