Одлична можност за да се запознаете со врвни експерти во индустријата, да присуствувате на важни настани во рамки на индустријата, да добиете професионално мислење за вашето портфолио и да научите корисни вештини.
Важни информации за критериумите за учество, како да аплицирате, што може да добиете од програмата и многу повеќе.
АПЛИКАЦИЈА
За да учествувате, мора да имате најмалку 18 години на 29 април 2022 година и да бидете студент или стажист или, пак, да имате завршено курс во академската година 2021-22.
УЧЕСТВО
Достапни се 10 места за учесници номинирани од индустријата, независно од нивниот степен на образование.
КОМУНИКАЦИЈА
Иако програмата е отворена во регионите EMEA, учесниците мора да имаат соодветно познавање на англискиот јазик за да учествуваат.
ИЗБИРАЊЕ ДЕЛА
Вашето портфолио може да содржи максимум 20 слики од една приказна, плус опис на вашиот проект, текст за сликите и лична биографија.
ЖАНР
Вашето портфолио треба да биде во рамките на жанрот за расказни фотографии и да пренесуваат општествени или други современи проблеми.
КРАЕН РОК
Крајниот рок за пријавување е 29 април 2022 година. 100 учесници ќе бидат прифатени во CSDP и за тоа ќе бидат известени до 16 мај 2022 година. За учество ви е потребен документ за лична идентификација.
ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ
Студентите ќе добијат три сесии од јуни до јули со професионален ментор кој ќе им понуди поддршка за подобрување на нивното портфолио.
СПОДЕЛУВАЈТЕ ИДЕИ
30 студенти ќе бидат поканети на 5-дневна работилница на Canon што ќе се одржи во прекрасна каталонска рустикална куќа во Коста Брава во Шпанија, а ќе заврши со посета на фестивалот за фотографија Visa pour l’image во Перпињан во Франција за време на последната вечер.
ПОВРАТНИ ИНФОРМАЦИИ
Студентите ќе учествуваат во практични сесии со амбасадори од Canon, групни дискусии за портфолија и ќе слушаат говори на врвни фотографи и уредници
3-ДНЕВНО ПАТУВАЊЕ
5 студенти ќе освојат ексклузивно место на второто издание на Hamburg Portfolio Review што ќе се одржи од 16 до 18 септември.
ОЦЕНУВАЊЕ
Студентите ќе ги изложат своите дела во оценувањето на портфолијата, ќе учествуваат во изложба и ќе остварат средби со меѓународни уредници на слики.
ПОДДРШКА НА ДОЛГ ПЛАН
5-те финалисти ќе добијат 6-месечно менторство, опрема од Canon во вредност до 9000€ и грант од 2000€, што ќе ги однесе чекор поблиску до станување професионалци.
Студентска програма предвидена да ве претвори во професионалци. Приклучете ѝ се на заедницата за да се информирате за идните настани во текот на годината.
Тука ќе ги најдете најинтересните приказни поврзани со Canon од настанот одржан во Перпињан, од инспиративни изложби и искрени разговори, до презентации за производи и многу повеќе.
Информирајте се за различната опрема и алатки коишто можат да ви помогнат да станете професионалци.