Canon CR-N500

Опремена со оптички зум до 15x и можности за снимање во 4K UHD со вградена опција за паметно автоматско следење, CR-N500 овозможува прецизна контрола и беспрекорно проследување преку IP, дури и во услови со слаба осветленост.

Спецификации

  • 4K UHD

    CMOS-сензор од тип 1.0 за неверојатен квалитет

  • 15x оптички зум

    Од широки агли до телефото

  • Процесор DIGIC DV6

    Моќна обработка на слика за фантастични резултати

  • Поддршка за поважните протоколи за проследување и контрола преку IP

    RTMP/RTMPS, NDI|HX*, RTP/RTSP, SRT, FreeD и протоколот XC на Canon

    * NDI е заштитен знак или регистриран заштитен знак на NewTek Inc. во САД и други држави

  • Dual Pixel AF

    За рамномерно, брзо и прецизно фокусирање

  • Оптички стабилизатор на слика

    Исклучителна стабилност за пријатно ракување со PTZ

  • Автоматско следење

    Со најновиот фирмвер, бесплатно може да ја користите апликацијата за автоматско следење RA-AT001(Lite) за автоматски да ги следите субјектите. Верзијата што се плаќа (RA-AT001) нуди дополнителни опции.

  • Функционалност за автоматско повторување

    Програмирајте повторени движења со поместување, закосување и зумирање на камерата преку дополнителна апликација што се плаќа

Подобрете ги вашите содржини со ново ажурирање на фирмверот кое ќе стане достапно во август 2025 година

Преземете го најновиот фирмвер и искористете ги придобивките од новите функции на апликацијата за автоматско следење на RA-AT001*. Автоматското обликување на кадарот нуди функции како обликување кадар со повеќе луѓе, која открива и опфаќа повеќе луѓе во кадарот, и функции за обликување кадар според насока на лице и обликување кадар според седење/стоење кои создаваат природна композиција за еден човек во кадарот. Покрај тоа, сега е достапно автоматско повторно поврзување преку RTMP/SRT и подобрена контрола за камерата преку апликацијата за iOS.

*Бесплатна апликација за автоматско следење RA-AT001(Lite) достапна преку фирмверот со верзија 1.5.0 или понова. За целосна функционалност на автоматското следење, потребна е лиценца која се плаќа.

Автоматско следење

Апликација за автоматско следење RA-AT001. Отклучете го потенцијалот за автоматско следење на еден или повеќе говорници со функцијата за препознавање лица додека се движат на сцената. Оптимизирајте ја ефикасноста на продукцијата за предавања, деловни настани, храмови, настапи во живо и емитување.

Ажурирања за фирмвер за PTZ-камери

Најновиот фирмвер за Canon PTZ-камери нуди дополнителни функции и подобрувања за PTZ-камерите, контролорите и други уреди.
Canon CR-N500 PTZ Camera

Главни функции на CR-N500

Опремена со оптички зум до 15x и можности за снимање во 4K UHD, CR-N500 овозможува прецизна контрола и беспрекорно проследување преку IP дури и во услови на слаба осветленост.

Моќна 4K-слика

Стабилизиран оптички зум до 15x

Проследување и контрола преку IP

Dual Pixel CMOS AF

CMOS-сензор од тип 1.0 и DIGIC DV6

Голем број приклучоци

Големина на сензор

CMOS-сензор од тип 1 инч
CMOS-сензор од тип 1/2,3 инчи
CMOS-сензор од тип 1 инч
CMOS-сензор од тип 1/2,3 инчи

Оптички зум

15x оптички зум
20x оптички зум
Оптички зум до 15x (напреден зум до 30x)(1)*
20x оптички зум

Систем за фокусирање

Автоматски фокус со Dual Pixel CMOS
Хибриден автоматски фокус
Автоматски фокус со Dual Pixel CMOS
Хибриден автоматски фокус

Излезна слика со максимална резолуција

4K UHD 30p
4K UHD 30p
4K UHD 60p
4K UHD 30p

На отворено/во затворено

Во затворени простории
Во затворени простории
Надворешна (IP55 за отпорност на вода и прав)
Надворешна (IP65 за отпорност на вода и прав)

Сите податоци се основаат врз стандардните методи за тестирање од Canon, освен ако не е поинаку назначено. Подлежи на промена без претходно известување.

  1. * 30x напреден зум во FHD

Моќна 4K-слика

CMOS-сензорот од тип 1.0 и процесорот DIGIC DV6 соработуваат за да обезбедат исклучителен 4K UHD/30p-квалитет на сликата, како и подобрени Full HD/60p-слики благодарение на HD-обработката со прекумерно семплирање.

Стабилизиран оптички зум до 15x за да се доближите

Напредната 4K-оптика на Canon доловува повеќе детали и ја зголемува флексибилноста, додека оптичкиот зум до 15x (25,5-382,5mm еквивалент на 35mm), нуди широкоаголно и телефото видно поле. Напредната стабилизација на сликата на Canon со четири оски овозможува висококвалитетни снимки.

Моќна 4K-слика

Проследување и контрола преку IP за да ги трансформирате вашите снимки

Вклучен е сеопфатен опсег на протоколи за проследување и контрола преку IP со резолуција до 4K UHD со 30p (како што се NDI|HX*, RTMP, RTP/RTSP, RTMPS, SRT, FreeD и протоколот XC на Canon), што го прават моделот CR-N500 идеално решение за нови и за постоечки системи.

* NDI е заштитен знак или регистриран заштитен знак на NewTek, Inc. во Соединетите Американски Држави и во други земји

Одлични снимки при слаба осветленост

Моделот CR-N500 произведува висококвалитетна слика со мал шум, дури и при минимална осветленост од 1,5 лукс. Големиот CMOS-сензор од тип 1.0 и процесорот DIGIC DV6 се грижат квалитетот на сликата да го задржи својот интегритет, дури и при услови со недоволна осветленост.

Проследување и контрола преку IP за да ги трансформирате вашите снимки
Dual Pixel CMOS AF ја одржува острината

Dual Pixel CMOS AF ја одржува острината

Моделот CR-N500 го содржи реномираниот систем за автоматски фокус со Dual Pixel CMOS на Canon што нуди исклучително брз и прецизен фокус преку повеќе режими.

Водич за фокусирање со технологија Dual Pixel

Нуди визуелна презентација дали објектот се наоѓа во фокусот кога со фокусот се управува рачно.

AF со приоритет на лице / AF само за лице

Автоматски ги открива лицата и го следи фокусот на избраниот објект.

AF со допир

Со апликацијата за далечинско управување на камерата, корисниците можат да изберат специфичен објект на којшто ќе го насочат фокусот.

Прецизно автоматско следење во 4K*

Отклучете го потенцијалот за автоматско следење на главните говорници со функцијата за препознавање лица додека се движат на сцената. Автоматското обликување на кадарот, со функција за обликување кадар со повеќе луѓе, лесно создава природна композиција со повеќе говорници, а функцијата за обликување кадар според насока на лице е идеална за еден говорник и создава природен простор од предната страна, според насоката во која е завртено лицето на говорникот. Способно за повеќе приспособувања, поставки како што се големина на композиција, чувствителност на следење, зони за исклучување, приоритетна површина за приказ и повеќе означуваат дека идеалните поставки за следење може лесно да се постигнат.

*Бесплатна апликација за автоматско следење RA-AT001(Lite) достапна преку фирмверот со верзија 1.5.0 или понова. За целосна функционалност на автоматското следење, потребна е лиценца која се плаќа

Софтвер за автоматско следење
Слики на автоматско повторување

Интелигентно автоматско повторување*

Програмирајте повторени движења со поместување, закосување и зумирање на камерата за доследно и прецизно следење на повторените сцени во живо, благодарение на напредниот механизам за придвижување од Canon. Доживејте ја флексибилноста на програмирањето движења со можноста за иницијализација на повторување нанапред и наназад, што значи дека не е потребен снимател. Може да се регистрираат пет автоматски патеки за движења кои се лесни за создавање или приспособување благодарение на кориснички интерфејс кој е лесен за поставување.

*Потребна е лиценца што се плаќа

Голем број приклучоци за лесно користење

Моделот CR-N500 содржи голем број приклучоци за да овозможи најголема можна флексибилност, вклучувајќи 3G-SDI-видеоизлез, HDMI-приклучок со полна големина (со поддршка за 4K UHD 30p при 4:2:2 10 бита), професионални XLR-аудиовлезови, како и PoE+ LAN-приклучок за лесна интеграција со системот.

Удобна и прецизна контрола

Моделот CR-N500 е опремен со механизам за внатрешни движења со висока прецизност, што овозможува фини прилагодувања на поместувањата и закосувањата, како и на брзината, со што се обезбедува совршената снимка. Компатибилност со контролорите RC-IP1000, RC-SK5, RC-IP100 и контролорите на апликацијата Remote Camera Control, а CR-N500 е компатибилен и со одредени контролори од трети страни.

Удобна и прецизна контрола со контролерот

HDR-слика со разновидни прилагодувања за квалитетот на сликата

Постигнете неверојатни HDR-снимки со Canon Log 3 и поддршката за широкиот динамички опсег. Двете технологии обезбедуваат HDR-снимки со најдобар квалитет што може да се постигне за апликации каде што е потребна постпродукција или брзо време на изработка. Вградените поставки за прилагодување на сликата исто така нудат флексибилни и беспрекорни решенија за да ги усогласат боите со останатите камери.

HDR-слика со разновидни прилагодувања за квалитетот на сликата

Беспрекорно проследување 4K-видеозаписи со висок квалитет

Бесплатниот* софтвер Webcam Driver ќе ви овозможи беспрекорно проследување на видеозаписи со резолуција до 4K со 30p, со максимум 5 избрани PTZ-камери од Canon**, преку практична етернет врска. Бидејќи е компатибилен со повеќето платформи и апликации за видеоконференции за коишто е потребен UVC, софтверот за оперативен систем на Windows е виртуелен USB-драјвер којшто овозможува лесна интеграција на проследувањето видеозаписи и е совршен за одржување видеоконференции и онлајн предавања.

* Може да е потребна лиценца од трето лице
** Применливо за CR-N700, CR-N500, CR-N300, CR-N100 и CR-X300

eos_c70_eos_c300_markIII_eos_c500_markII_xf605_canon_multi_camera_control_app

Апликација Canon Multi-Camera Control

Контролирајте максимум 4 професионални видеокамери истовремено со помош на компатибилен уред кој користи iOS (iPhone или iPad) преку Wi-Fi, искористувајќи ги придобивките што ги нуди XC-протоколот од Canon кој е вграден во голем број камери Cinema EOS, PTZ и XF.

Добијте опција за следење во живо и управувајте со различни поставки на камерите како експозиција, фокус, зум, копчето за снимање, мониторот за бранови форми и многу други.

Компатибилност со EOS C70, C80, C300 Mark III, C400, C500 Mark II, XF605, CR-N100, CR-N300, CR-N500, CR-N700 и CR-X300. Преземете ја бесплатната апликација Multi-Camera Control подолу:

Компатибилност со PTZ-камери со далечинско управување

Canon PTZ-камерите со далечинско управување се компатибилни со голем број софтверски решенија од трети страни. Откријте кои камери функционираат беспрекорно со софтвер од трети страни.

CR-N700
Што содржи кутијата

Што содржи кутијата

  • Камера CR-N500

  • Плоча за таван (со додатоци за прикачување)

  • Безбедносна жица

  • Безбедносна жица за прикачување на камера

  • AC-адаптер

  • Далечински управувач (WL-N01)

  • Батерии

Слични производи

  • CR-N300

    PTZ-камери

    CR-N300

    Благодарение на 4K UHD-резолуцијата, оптичкиот зум до 20x, хибридниот автоматски фокус со вградена опција за интелигентно автоматско следење и бројните протоколи за проследување и контрола преку IP, можете да ѝ понудите поинаква содржина на вашата публика.
  • CR-N100 (Black)

    PTZ-камери

    CR-N100 (Black)

    Мала 4K PTZ-камера со напреден автоматски фокус, оптички зум до 20x и повеќе IP-протоколи со вградена опција за интелигентно автоматско следење.
  • CR-X500

    PTZ-камери

    CR-X500

    Со цврстото куќиште со отпорност на временските услови,4K UHD-резолуцијата, оптичкиот зум до 15x, 12G-SDI и Dual Pixel CMOS AF, моделот CR-X500 претставува идеална PTZ-камера за снимање на далечина и за надгледување.