ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТ
Дознајте како да создавате прекрасни тродимензионални содржини користејќи компатибилен EOS-фотоапарат за целосна слика и објектив RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE, со поефикасен и поедноставен работен процес благодарение на системот EOS VR.
Нов начин на гледање. Добредојдовте во СИСТЕМОТ EOS VR на Canon
Компатибилните фотоапарати за целосна слика со RF-приклучок, како што е EOS R5 / R5 C и неговиот извонреден сензор со висока резолуција, овозможуваат поедноставно поставување и снимање стереоскопски слики од типот 180° VR. Прикачете го објективот RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE на компатибилен фотоапарат со соодветен фирмвер, изберете ги саканите поставки на фотоапаратот и уживајте во потполно нов свет на создавање виртуелни содржини.
Користете ја најновата верзија на EOS Utility од Canon (за поврзување преку кабел) или на Camera Connect (за мобилно безжично поврзување) за да далечински го поставите и контролирате фотоапаратот, како и за да видите две слики со ефект на рибино око поставени една до друга или преглед во живо на правоаголна слика.
Сложениот процес на порамнување, синхронизација и спојување повеќе системи на датотеки/фотоапарати сега е бесконечно полесен благодарение на софтверот EOS VR Utility1 од Canon (што го поддржува форматот Canon RAW со поддржани фотоапарати, како и форматот 8K RAW LT/60P од EOS R5 C) што нуди многу поефикасен процес за конверзија на стереоскопските видеоматеријали и фотографии заради уредување и репродукција. Можете дури и да ги увезувате и автоматски да ги конвертирате снимените видеозаписи за виртуелна реалност (MP4) од Canon директно во Adobe Premiere Pro1, со помош на дополнителната компонента EOS VR од Canon.
Со софтверот EOS VR Utility од Canon можете да вршите основно отсекување на вашите видеодатотеки за виртуелна реалност од Canon, пред конвертирањето. Меѓутоа, за поголема контрола врз градацијата и уредувањето, за попрофесионални продукции, користете го софтверот Adobe Premier Pro со увезување на конвертираните датотеки од EOS VR Utility или користете ја дополнителната компонента EOS VR за Adobe Premier Pro за увезување и конвертирање на вашите датотеки за виртуелна реалност од EOS во еден процес.
Системот EOS VR на Canon нуди побрз и поефикасен начин од почетокот до крајот на обработката на слика, со цел создавање на неверојатни и професионални стереоскопски содржини за виртуелна реалност од 180°.
ТЕХНОЛОГИЈА
Им овозможува на компатибилните фотоапарати со висока резолуција и RF-приклучок, како што е EOS R5/R5 C2, да снимаат две слики со нивниот сензор за целосна слика со цел побрзо, поедноставно и посигурно поставување на фотоапаратот, без потреба од порамнување и синхронизација на фотоапаратот или објективот. Исто така, користењето систем од еден сензор на еден фотоапарат значи дека и двете слики покажуваат иста реакција на бои и карактеристики на експозиција, а според зададените поставки, сите поставки на фотоапаратот ќе бидат потполно исти, што значи дека ќе биде потребно помалку време за усогласување на левата и десната слика во постпродукцијата.
ТЕХНОЛОГИЈА
Снимањето на сликите за левото и десното око со еден сензор овозможува снимање на веќе порамнетите и синхронизирани слики во една датотека. Ова го поедноставува управувањето со датотеката за правоаголна конверзија на еднакво растојание (без потреба од дополнителни процеси за спојување повеќе слики/датотеки) и извезувањето во различни професионални кодеци што се подготвени за репродукција или дополнително уредување во системот за NLE.
ТЕХНОЛОГИЈА
Употребата на фотоапарат EOS како што е EOS R5/R5 C, со неговиот 8K-сензор, им овозможува на операторите да снимаат со попознат и пофлексибилен фотоапарат, како и да снимаат со Canon Log/Log3, создавајќи слики со висока резолуција и широк динамички опсег за видеоматеријали со поголемо чувство на задлабочување и реализам во крајниот резултат.
СОФТВЕР
Моќна и ефикасна апликација, а сепак едноставна за користење, што е потребна за конвертирање кружни слики со ефект на „рибино око“ за виртуелна реалност од Canon снимени со компатибилни фотоапарати во стандардни слики со правоаголна конверзија на еднакво растојание, наменети за гледање во виртуелна реалност и за постпродукција.
СОФТВЕР
Користете ја оваа дополнителна компонента наместо софтверот EOS VR Utility за автоматско конвертирање на датотеките со кружни слики со ефект на „рибино око“ за виртуелна реалност од Canon и нивно увезување во добро познатата апликација на Adobe.
СОФТВЕР
Контролирајте го вашиот фотоапарат далечински со компјутер преку USB, со можност за прегледување во живо.
СОФТВЕР
Поврзете го вашиот фотоапарат со вашиот уред од Apple или уред со Android за да фотографирате од далечина и полесно да ги преземате вашите фотографии за практично споделување.
Фотоапарати без огледало
Систем Cinema EOS
Фотоапарати без огледало
RF-објектив за виртуелна реалност
За компатибилност со виртуелната реалност може да биде потребен најновиот фирмвер.
ВЕ МОЛИМЕ ИМАЈТЕ ГО ПРЕДВИД СЛЕДНОТО: ОВОЈ СИСТЕМСКИ СОФТВЕР ЗА ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТ МОЖЕ ДА СЕ РАЗЛИКУВА ОД КОМЕРЦИЈАЛНИОТ ПРОИЗВОД.