РЕШЕНИЈА PRO VIDEO
Ослободете ја амбицијата и прикажете го светот во филмско светло. Кога е во прашање креативноста, филмските уметници ја одбираат палетата Cinema EOS поради исклучителниот квалитет и контрола на сликата
Независно од видот на вашиот проект, нашата палета кинематографски камери и објективи нуди ненадмината разновидност на можностите и ви овозможува да бидете покреативни.
Кога креативноста е најважна, флексибилноста и перформансите на системот Cinema EOS ќе ви помогнат да ја остварите креативната визија.
Кога клиентите бараат совршенство и треба да се работи под притисок, решенијата Pro Video од Canon ќе ви помогнат да ги постигнете резултатите со коишто ќе ги воодушевите сите.
За креативни соработки со музичката индустрија потребен е талент и разновидните опции за снимање од Canon.
Бидете подготвени за настаните коишто постојано се менуваат и приказните што не можат да се предвидат. Раскажете ја приказната на ваш начин.
Системот Cinema EOS од Canon ви овозможува да ја остварите својата креативна визија, без разлика дали сте на почетокот од креативната кариера или сте докажан филмски уметник.
Природата е извор на некои од најспектакуларните светски глетки. Кога имате само една шанса да го доловите моментот, потпрете се на камерите и објективите од Canon.
Нашите референтни монитори се опремени со врвни алатки коишто ја обезбедуваат флексибилноста што ви е потребна за да постигнете неверојатни резултати.
ВИДЕОКАМЕРИ
Исклучителен квалитет на слика, неограничена креативна контрола.
ОБЈЕКТИВИ
Кинематографските објективи од Canon се создадени со ненадминати оптички перформанси, одличен дизајн и функции коишто ги задоволуваат барањата на филмската продукција.
КАМЕРИ
Откријте ги фотоапаратите со заменливи објективи од Canon и истражете ги новите креативни начини за да го снимите вашиот објект.
МОНИТОРИ СО РЕФЕРЕНТЕН ПРИКАЗ
Професионални 4K екрани од Canon со широка палета на бои и голем динамички опсег за емитување и филмска продукција.