Сите објективи

Врвната изработка и оптичкото совршенство од Canon овозможуваат фотографии и видеоснимки со врвен квалитет.
Canon Camera

Сите објективи

Справете се со секој предизвик за фотографирање

Разгледајте ја огромната палета на објективи од Canon и пронајдете објектив што најмногу ќе ви одговара.
  • Човек држи EOS R

    БРЗИ И ИНТУИТИВНИ

    Објективи за EOS R

    Добијте висок квалитет и брзина со објективите RF/RF-S што се оптимизирани за фотоапаратот EOS R. Уникатните карактеристики гарантираат највисоки нивоа на интуитивна контрола.

  • ОБЕМНА ПАЛЕТА

    Објективи за DSLR

    Огромна палета на лесни објективи EF-S и EF со фиксна фокусна должина, објективи со зум и специјални објективи што создаваат врвни слики и се наменети за DSLR-фотоапарати.

  • ПРЕНОСЛИВИ И ЛЕСНИ

    Објективи за EOS M

    Лесни и преносливи објективи за фотоапаратите EOS M. Од извонредно широки агли па сè до телефото и мали објективи во вид на палачинка - овие објективи ќе ви помогнат да ги реализирате вашите креативни идеи.

  • КРЕАТИВНОСТ ВО ГОЛЕМ ФОРМАТ

    Објективи за снимање

    Објективи за снимање создадени од Canon што ги исполнуваат највисоките стандарди на кинематографите.

  • ВРВНИ 4K-ОБЈЕКТИВИ

    Објективи за емитување

    Револуционерно совршенство дизајнирано за задоволување на сите потреби, почнувајќи од документарни филмови па сè до филмска продукција.

  • Повеќе објективи EF и RF од Canon со сива позадина.

    ВОДИЧ ЗА КОМПАТИБИЛНОСТ

    Компатибилност со објективи

    Дознајте повеќе за различните типови на објективи за фотоапарати од Canon и како да препознаете дали се компатибилни со вашиот фотоапарат.

Наши објективи и дополнителна опрема

Разгледајте ја обемната палета на заменливи објективи и дополнителна опрема за фотоапаратите EOS DSLR и фотоапаратите без огледало од Canon.

Разгледајте објективи од Canon според типот

Издвојте ги и доловете ги спортистите од далеку. Фотографирајте пејзажи и улични опкружувања во широкоаголен кадар. Откријте ги неверојатните детали во макро фотографиите од диви животни. Ви нудиме палета објективи за најразлични видови фотографирање што ќе ви овозможат да фотографирате на повисоко ниво и да внесете реалистичност во вашата приказна.

  • Широкоаголни објективи

    Добијте пошироко видно поле и доловете го секој момент со нашата палета на широкоаголни објективи.

  • Телефото објективи

    Телефото објективите ви овозможуваат да фотографирате спорт, диви животни или настани од далечина, без да ги попречувате случувањата. Разгледајте ги телефото објективите од Canon и ослободете ја вашата креативност.

  • RF85mm F2 MACRO IS STM

    Макро објективи

    Снимајте фантастични фотографии одблиску од инсекти, капки вода или неверојатно детални снимки од секојдневните предмети. Откријте сосема нов свет со нашата палета на макро објективи.

Добијте инспирација

Изберете некоја од следните категории на фотографирање за да научите повеќе за сите жанрови, да добиете препораки што ќе ви помогнат да ги снимите посакуваните слики и да дознаете кој е идеалниот објектив со кој ќе ги снимите тие слики.

  • СОВРШЕНИ ПРОФИЛИ

    Портрет

    Откријте ја разликата со објектив за портрети. Совршен за снимање изрази на лицата на пријателите и семејството, идеален за свадби, свечени настани и забави.

  • ПРЕКРАСНИ СЦЕНИ

    Пејзаж

    Ако сакате да ја доловите убавината на природата, како фотограф за пејзажи мора добро да размислите какви објективи ќе користите на различни локации.

  • СОВЕТИ ЗА ПАТУВАЊА

    Патување

    Дали планирате патување во некој град или на некоја планина? Пронајдете инспирација од познатите фотографи за патувања и следете ги нивните совети за да го претворите патувањето во незаборавна авантура.

  • Street photography

    ГРАДСКИ ПРИКАЗНИ

    Улица

    Сцените од забави во ноќни клубови, уличните портрети и сликите од градскиот живот можат да се снимат во движење. Зачекорете во уличното фотографирање со професионални водичи и инспиративни приказни и откријте поинаква страна на животот.

Може да ве интересира и...

  • Три фотоапарати и објективи EOS поставени на полици.

    Компатибилност со објективи

    Дознајте повеќе за различните типови на објективи за фотоапарати од Canon и како да препознаете дали се компатибилни со вашиот фотоапарат.

  • Раце кои држат фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon.

    Алатка за избирање објективи

    Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.

  • A person holding two Canon Speedlite EL-1s, one of them attached to the hot-shoe of a Canon EOS R5.

    Палета Speedlite

    Контролирајте го осветлувањето на вградените и надворешните блицови со нашата палета на Speedlite блицови.

  • Човек држи систем EOS R

    Систем EOS R

    Приклучокот за објективи на системот EOS R нуди поголеми креативни можности за да го доловите секој момент.

  • EOS 5D Mark IV

    EOS DSLR-фотоапарати

    Нашата палета на EOS DSLR-фотоапарати нуди извонреден квалитет на слика, независно од вашето професионално искуство.

  • EOS M Cameras

    Фотоапарати EOS M

    Моќ на DSLR-фотоапарат во куќиште на компактен APS-C-фотоапарат без огледало.

  • Several Canon lenses on the sandy ground.

    Архива на објективи

    Разгледајте ја нашата архива на објективи за да најдете информации и поддршка за објективи со макро, ефект на рибино око, закосување-поместување, широкоаголни објективи, телефото објективи и други видови на објективи за фотоапарати што не се произведуваат повеќе.