Печатачи за мали канцеларии

Опремете го вашиот работен простор со сигурни канцелариски печатачи создадени за домашни канцеларии, мали компании и тимови во развој. Од компактни инк-џет модели до брзи, прецизни ласерски печатачи – добијте професионални резултати со висока ефикасност и безжично практично користење.

Печатачи за секој работен простор

Од компактни решенија до деловни печатачи за голем обем на печатење – пронајдете го совршениот избор за потребите за печатење на вашата канцеларија.

Печатачи за домашни канцеларии

Компактните повеќефункционални печатачи совршено се вклопуваат во вашиот работен простор и нудат перформанси со разновидни опции. Печатете, скенирајте и копирајте безжично – ракувајте со сè, од фактури до креативни проекти, без отстапки во квалитетот или сигурноста.

Печатачи за мали компании

За малите компании и компаниите во развој, Canon нуди компактни ласерски печатачи што нудат остар текст и врвна сигурност, како и инк-џет печатачи што нудат печатење со мали трошоци по страница и долгорочна заштеда.

Разгледајте ја палетата на печатачи за мали канцеларии

Инк-џет и ласерските печатачи за мали канцеларии од Canon комбинираат професионален квалитет со ефикасно работење.

29 Производи

    29 Производи

    Применети филтри

    12 / 29 резултати

    Пронајдете го совршениот печатач

    Нашата алатка за избирање печатач може да ви помогне да го пронајдете совршениот печатач за употреба во мали канцеларии.

    Често поставувани прашања

    Барате совет за инк-џет печатачи? Најдете одговори на често поставуваните прашања за функциите, поставувањето, одржувањето и како да извлечете максимум од вашиот печатач од Canon, без разлика дали сте дома или во канцеларија.
    • Canon нуди широка палета на печатачи соодветни за мали канцеларии, а кој модел е најдобар зависи од потребите на корисникот. Повеќефункционалните модели се идеални за мали канцеларии каде што разновидните опции се неопходни, бидејќи нудат функции за печатење, скенирање, копирање и факс во еден уред. Ако брзината на печатење е клучен фактор, ласерскиот печатач можеби е најлогичниот избор, додека канцелариите што сакаат да печатат големи количини со мали трошоци по страница треба да ги земат предвид моделите MAXIFY GX MegaTank.

    • Двата типа се соодветни за различни потреби. Ласерските печатачи се одлични за брзо црно-бело печатење со остар текст и се идеални за работење со голем обем на документи. Инк-џет печатачите нудат врвни бои и разновидни опции при печатење на различни типови медиуми. Модерните инк-џет модели MegaTank, како што е серијата MAXIFY GX, нудат одлична продуктивност и сигурност во комбинација со извонредно мали работни трошоци, со што го премостуваат традиционалниот јаз помеѓу инк-џет и ласерските печатачи. При изборот, земете ги предвид обемот на печатење, потребата за боја и разновидноста на медиумите што ги користите. Погледнете ја целосната споредба тука.

    • Поставете го печатачот на лесно достапно место со соодветна вентилација. Изберете стабилна површина подалеку од директна сончева светлина и извори на топлина. Близината до приклучоците за напојување и мрежа го поедноставува поставувањето, иако безжичните модели на Canon нудат поголема флексибилност. Исто така, не заборавајте да оставите доволно простор за полнење хартија и за пристап при одржување.

    • За компаниите со редовни потреби за печатење, печатачите со резервоари за мастило што се дополнуваат нудат значителни предности во споредба со печатачите со картриџи. Серијата MegaTank од Canon нуди огромен обем на печатење до 21.000 страници со еден комплет мастила, со што значително се намалува трошокот по страница. Пореткото дополнување заштедува време и ги сведува прекините на минимум, а помалите вкупни трошоци за користење ги прави печатачите MegaTank идеални за контрола на работните трошоци без отстапки во квалитетот.

    • Canon нуди одлични безжични опции во своите палети на инк-џет и ласерски печатачи. Печатачите MAXIFY MegaTank ја комбинираат практичноста на безжичното поврзување со неверојатно малите работни трошоци и високиот капацитет. Безжичните ласерски печатачи i-SENSYS нудат големи брзини со безбедно печатење преку мрежа. Сите безжични печатачи од Canon поддржуваат печатење од мобилни уреди преку апликацијата Canon PRINT и услугите на Cloud. Изберете го моделот што најмногу одговара на вашите потреби за обем на печатење и за боја.

    Како да извлечете максимум од вашиот печатач

    Прочитајте ги овие упатства и објаснувања за да дознаете како печатачите од Canon може значително да ја зголемат продуктивноста во вашата мала канцеларија.

    Најдобриот печатач MegaTank за мали бизниси

    Зошто печатач со можност за дополнување Canon MAXIFY GX е совршен за бизниси кои бараат голем обем на печатење и врвен квалитет со мали трошоци по страница.

    Како до безбедно печатење

    8 начини за користење на функциите за безбедност на печатачите од Canon за да гарантирате безбедно печатење.

    Пет начини за попаметно печатење со Canon

    Совети кои ќе ви помогнат да управувате со трошоците за печатење на вашата мала компанија, со тоа што ќе изберете соодветен печатач за вашите потреби, а потоа ќе ги користите апликациите од Canon за самостојно извршување на задачите, и многу повеќе.

    Најдобрите печатачи за домашни канцеларии

    Работењето од дома е беспрекорно со печатачите Canon PIXMA и MAXIFY.

    Canon PosterArtist

    Брзо, лесно и бесплатно создавајте професионални дизајни на постери.

    Извлечете максимум од вашиот безжичен печатач

    Безжичниот печатач е практичен за студенти, но и за семејства и канцелариски работници. Дознајте како да извлечете максимум од него со нашиот практичен водич.

    Често поставувани прашања за печатачи, мастила и хартија

    Експертот Suhaib Hussain од Canon одговара на често поставуваните прашања околу технологијата на печатачите, мастилата и хартијата.

    Поддршка за вашиот печатач од Canon

    Преземајте драјвери, фирмвер и упатства и пронајдете онлајн техничка поддршка, ресурси и решавање проблеми за вашиот печатач од Canon.

    Бидете во тек со сѐ што е поврзано со Canon

    Бидете меѓу првите кои дознаваат за нашите најнови изданија, а добивајте и професионални совети и ексклузивни информации