Canon CR-N300

Висококвалитетна 4K PTZ-камера со напреден автоматски фокус, оптички зум до 20x и повеќе IP-протоколи со вградена опција за интелигентно автоматско следење.

Спецификации

  • 4K UHD

    Сензор CMOS од тип 1/2,3 за извонреден квалитет

  • 20x оптички зум

    Од широки агли до телефото

  • Процесор DIGIC DV6

    Гарантирани одлични резултати во секакви ситуации

  • Поддршка за широк опсег на протоколи за контрола и проследување

    RTMP/RTMPS, NDI|HX*, RTP/RTSP, SRT, FreeD и протоколот XC на Canon

    * NDI е заштитен знак или регистриран заштитен знак на NewTek Inc. во САД и други држави

  • Хибриден AF

    За брзо и прецизно фокусирање дури и при слаба осветленост

  • Оптички стабилизатор на слика

    Исклучителна стабилност за пријатно ракување со PTZ

  • Автоматско следење

    Со најновиот фирмвер, бесплатно може да ја користите апликацијата за автоматско следење RA-AT001(Lite) за автоматски да ги следите субјектите. Верзијата што се плаќа (RA-AT001) нуди дополнителни опции.

Подобрете ги вашите содржини со ново ажурирање на фирмверот кое ќе стане достапно во август 2025 година

Преземете го најновиот фирмвер и искористете ги придобивките од новите функции на апликацијата за автоматско следење на RA-AT001*. Автоматското обликување на кадарот нуди функции како обликување кадар со повеќе луѓе, која открива и опфаќа повеќе луѓе во кадарот, и функции за обликување кадар според насока на лице и обликување кадар според седење/стоење кои создаваат природна композиција за еден човек во кадарот. Покрај тоа, сега е достапно автоматско повторно поврзување преку RTMP/SRT и подобрена контрола за камерата преку апликацијата за iOS.

*Бесплатна апликација за автоматско следење RA-AT001(Lite) достапна преку фирмверот со верзија 1.5.0 или понова. За целосна функционалност на автоматското следење, потребна е лиценца која се плаќа.

Автоматско следење

Апликација за автоматско следење RA-AT001. Отклучете го потенцијалот за автоматско следење на еден или повеќе говорници со функцијата за препознавање лица додека се движат на сцената. Оптимизирајте ја ефикасноста на продукцијата за предавања, деловни настани, храмови, настапи во живо и емитување.

Ажурирања за фирмвер за PTZ-камери

Најновиот фирмвер за Canon PTZ-камери нуди дополнителни функции и подобрувања за PTZ-камерите, контролорите и други уреди.

Погледнете ги PTZ-камерите на дело

Погледнете го видеозаписот за да дознаете какви резултати може да очекувате од CR-N300 и CR-N500.

Главни функции на CR-N300

Со 4K UHD-резолуцијата, оптичкиот зум до 20x, хибридниот автоматски фокус, како и бројните протоколи за проследување и контрола преку IP, ќе можете да се доближите до вашата публика на нови начини.

Неверојатно остри снимки во 4k

20x оптички зум

Проследување и контрола преку IP

Хибриден AF

Флексибилно поврзување и работен процес

Беспрекорно и прецизно поместување и закосување

Големина на сензор

CMOS-сензор од тип 1 инч
CMOS-сензор од тип 1/2,3 инчи
CMOS-сензор од 1/2,3 инчи
CMOS-сензор од тип 1/2,3 инчи

Оптички зум

15x оптички зум
20x оптички зум
20x оптички зум
20x оптички зум

Систем за фокусирање

Dual Pixel CMOS AF/AF со откривање лица
Хибриден AF/AF со откривање лица
Хибриден AF/AF со откривање лица
Хибриден AF/AF со откривање лица

Излезна слика со максимална резолуција

4K UHD 30p
4K UHD 30p
4K UHD 30p
4K UHD 30p

Излез за видео I/F

3G-SDI/HDMI/IP
3G-SDI/HDMI/USB-C/IP
HDMI/USB-C/IP
3G-SDI/HDMI/IP

На отворено/во затворено

Во затворени простории
Во затворени простории
Во затворени простории
Надворешна (IP65 за отпорност на вода и прав)

Сите податоци се основаат врз стандардните методи за тестирање од Canon, освен ако не е поинаку назначено. Подлежи на промена без претходно известување.

Прецизно автоматско следење во 4K*

Отклучете го потенцијалот за автоматско следење на главните говорници со функцијата за препознавање лица додека се движат на сцената. Автоматското обликување на кадарот, со функција за обликување кадар со повеќе луѓе, лесно создава природна композиција со повеќе говорници, а функцијата за обликување кадар според насока на лице е идеална за еден говорник и создава природен простор од предната страна, според насоката во која е завртено лицето на говорникот. Способно за повеќе приспособувања, поставки како што се големина на композиција, чувствителност на следење, зони за исклучување, приоритетна површина за приказ и повеќе означуваат дека идеалните поставки за следење може лесно да се постигнат.

*Бесплатна апликација за автоматско следење RA-AT001(Lite) достапна преку фирмверот со верзија 1.5.0 или понова. За целосна функционалност на автоматското следење, потребна е лиценца која се плаќа

Неверојатно остри снимки во 4k

Спојот на CMOS-сензорот од тип 1/2,3 и процесорот DIGIC DV6 овозможува исклучителна видеоснимка во 4K UHD-резолуција (до 30p) или извонредна Full HD-видеоснимка благодарение на HD-обработката со прекумерно семплирање. Оваа технологија овозможува квалитет на сликата со врвни детали којшто е соодветен за секаква намена.

Оптички зум до 20x којшто овозможува неверојатна флексибилност

Прикажете ги саканите детали благодарение на напредната 4K-оптика на Canon којашто содржи флексибилен оптички зум до 20х со широк фокусен опсег од 29,3 до 601 mm (еквивалент на 35 mm), со што се овозможува огромна флексибилност. Опремена е со функција за стабилизација на сликата за да обезбеди минимално нарушување на сликата при движење.

Проследување и контрола преку IP коишто ќе ги трансформираат вашите видеоснимки

CR-N300 нуди голем избор на протоколи за контрола и проследување преку IP до 4K UHD 30p со што ќе имате поголема контрола на вашите потреби за снимање. Бидејќи содржи клучни протоколи како NDI|HX*, RTMP, RTP/RTSP, RTMPS, SRT, FreeD и протоколот XC на Canon, камерата е компатибилна со повеќето нови или постоечки системи, поради што претставува исклучително флексибилна опција.

*NDI е заштитен знак или регистриран заштитен знак на NewTek, Inc. во САД и други држави

Хибриден AF за прецизен фокус

CR-N300 ги комбинира AF со контраст со голема прецизност и AF со брзо откривање на фаза, со што овозможува брзо и точно фокусирање на предметот дури и во услови на слаба осветленост.

Опремена е со врвен надворешен сензор којшто ја мери оддалеченоста на предметот и ја споредува точката на фокусирање со точката којашто ја одредува системот за AF со контраст. Хибридниот систем за автоматско фокусирање е особено ефективен во услови на слаба осветленост и овозможува брзо, точно и сигурно автоматско фокусирање со поголема прецизност отколку кога се користи само AF со контраст.

Флексибилно поврзување за вашиот работен процес

CR-N300 содржи голем број на опции за поврзување коишто овозможуваат огромна флексибилност на работните процеси. Опремена е со HDMI-приклучок којшто овозможува квалитет на видеоприказите од 4K UHD, 4:2:2 10 бита. Камерата содржи 3G-SDI-приклучок, USB-приклучок, аудио влез од 3,5 mm и LAN-врска преку PoE+.

Беспрекорна и прецизна контрола

CR-N300 е опремена со моторизиран механизам со голема прецизност којшто овозможува прилагодување на движењата за поместување и закосување при разни брзини со помош на уреди за контрола како RC-IP10, апликацијата Remote Camera Control од Canon или преку таблет со Wi-Fi врска за да ја снимите совршената снимка.

Однапред поставени параметри за слика со цел брза и лесна употреба

CR-N300 содржи повеќе претходно поставени параметри за сликата коишто го олеснуваат прилагодувањето на поставките за снимање видеоматеријал во конкретни средини. Корисникот може да зачува и до 100 однапред поставени позиции на CR-N300 со што се поедноставува и олеснува продукцијата.

Мала и компактна за лесна инсталација

CR-N300 е мала и дискретна со димензии 154 x 178 x 164 mm (Ш x В x Д), а тежи само 2,2 kg, поради што е совршена за инсталирање во средина со ограничен простор.

Беспрекорно проследување 4K-видеозаписи со висок квалитет

Бесплатниот* софтвер Webcam Driver ќе ви овозможи беспрекорно проследување на видеозаписи со резолуција до 4K со 30p, со максимум 5 избрани PTZ-камери од Canon**, преку практична етернет врска. Бидејќи е компатибилен со повеќето платформи и апликации за видеоконференции за коишто е потребен UVC, софтверот за оперативен систем на Windows е виртуелен USB-драјвер којшто овозможува лесна интеграција на проследувањето видеозаписи и е совршен за одржување видеоконференции и онлајн предавања.

* Може да е потребна лиценца од трето лице
** Применливо за CR-N700, CR-N500, CR-N300, CR-N100 и CR-X300

Компатибилност со PTZ-камери со далечинско управување

Canon PTZ-камерите со далечинско управување се компатибилни со голем број софтверски решенија од трети страни. Откријте кои камери функционираат беспрекорно со софтвер од трети страни.

Апликација Canon Multi-Camera Control

Контролирајте максимум 4 професионални видеокамери истовремено со помош на компатибилен уред кој користи iOS (iPhone или iPad) преку Wi-Fi, искористувајќи ги придобивките што ги нуди XC-протоколот од Canon кој е вграден во голем број камери Cinema EOS, PTZ и XF.

Добијте опција за следење во живо и управувајте со различни поставки на камерите како експозиција, фокус, зум, копчето за снимање, мониторот за бранови форми и многу други.