CANON CR-N700
Ново

PTZ-камери

CR-N700 ОД CANON
ПРОФЕСИОНАЛНА PTZ-КАМЕРА

Извонредна и професионална PTZ-камера со 4K и 60P, 12G-SDI-приклучок и врвен автоматски фокус со интелигентно откривање глави и следење очи.

Спецификации

  • Notification Imagee

    Квалитет на слика со 4K-резолуција со 60P

    Снима со извонреден квалитет на слика за емитување, со резолуција до 4K UHD со 60P, 4:2:2 и 10 бита

  • Notification Imagee

    CMOS-сензор од 1,0 инчи

    Создава неверојатна длабочина на поле со голема чувствителност и мал шум, дури и при слаба осветленост

  • Notification Imagee

    Процесор DIGIC DV7

    Моќна обработка на слика за извонредни резултати

  • Notification Imagee

    Оптички зум до 15x и напреден зум до 30x

    Оптички зум до 15x за стабилизација на слика со 4K-резолуција или напреден зум до 30x за стабилизација на слика со Full HD-резолуција

  • Notification Imagee

    Отсекување регион од интерес

    Интелигентното отсекување на сликата од излезниот видеосигнал овозможува една камера да создава два видеозаписи со FHD-резолуција

  • Notification Imagee

    HDR-содржини

    Извонредни 4K HDR-содржини за форматите PQ или HLG, како и Canon Log 3 и широк динамички опсег

  • Notification Imagee

    Dual Pixel CMOS AF со EOS iTR AF X

    Рамномерен, брз и прецизен автоматски фокус со „длабоко учење“, откривање глава, откривање и следење очи

  • Notification Imagee

    Вградени протоколи

    Располага со NDI|HX*, SRT, FreeD, RTMP/RTMPS, RTP/RTSP, Canon XC и стандарден протокол за комуникација

    * NDI е заштитен знак или регистриран заштитен знак на NewTek, Inc. во Соединетите Американски Држави и во други земји

  • Notification Imagee

    Флексибилно поврзување

    Многубројни приклучоци како 12-G-SDI, 3G-SDI, HDMI, Gen lock и два XLR-влезови за звук

Професионална 4K PTZ-камера за најразлични апликации

Canon Camera

4K-детали за совршена слика

CMOS-сензорот од тип 1,0 и процесорот DIGIC DV7 создаваат 4K UHD 60P-содржини со 4:2:2 и 10 бита, приклучоците 12G-SDI и HDMI нудат стандарден квалитет на слика за емитувања, а можно е и снимање во 4K-резолуција со 60P преку IP.

Оптичка прецизност што е водечка во класата

Објективот со високи перформанси на CR-N700 нуди оптички зум од 15x (25,5 mm - 382,5 mm, еквивалент на 35 mm) и напреден зум од 30x при снимање во Full HD-резолуција. Во услови на нестабилност, докажаната стабилизација на слика од Canon ви овозможува да снимате оптимални видеозаписи.

CANON CR-N700
Canon Camera

Наградена технологија за автоматски фокус

Брзо, интелигентно и екстремно прецизно фокусирање преку повеќе режими благодарение на ексклузивната технологија Dual Pixel CMOS AF на Canon со напреден EOS iTR AF X.

Canon Camera

EOS iTR AF X

Технологијата за автоматско фокусирање со длабоко учење го заклучува фокусот врз главата на субјектот, дури и кога гледа странично.

Canon Camera

AF со откривање на очи

Ја открива и ја следи зеницата на субјектот за да овозможи прецизно фокусирање.

Canon Camera

AF со приоритет на лице/AF само за лице

AF со приоритет на лице го приоритизира лицето на субјектот, а AF само за лице реагира кога ќе открие лице.

Canon Camera

AF со допир

Изберете фокусна точка на екранот по ваша желба со помош на апликацијата Remote Camera Control.

Canon Camera

Водич за фокусирање со технологија Dual Pixel

Визуелен приказ од субјект во фокус.

Повеќе протоколи за беспрекорна интеграција

CR-N700 нуди SRT и NDI|HX1 што им овозможуваат емитување висококвалитетни видеозаписи на телевизиските куќи. Достапни се и RTMP/RTMPS и RTP/RTSP, како и Canon XC и протоколите за стандардна комуникација, а FreeD овозможува интеграција во виртуелни продукции.

Canon Camera
Canon Camera

Одлични HDR-содржини и снимање при слаба осветленост

Снимајте неверојатни HDR-содржини директно во форматите PQ или HLG. Во поставките за приспособена слика спаѓаат Canon Log 3 и широк динамички опсег што можат да ја усогласат вашата слика со други камери од Canon.

Функција за отсекување на сликата - една камера, два сигнали за видео

Изберете и прикажете точка од интерес на посебен монитор. Избраната зона може да се прикаже преку главен или секундарен сигнал, а може да прикажете и две отсечени зони во FHD.

Canon Camera
Canon Camera

Ноќен режим

Снимајте видеозаписи во речиси потполна темнина со режимот IR кој го зголемува опсегот на видливост на камерата.

Многубројни опции за поврзување

Поврзувањето е флексибилно благодарение на приклучоците 12G-SDI, HDMI или преку IP (PoE++) со поддршка за 4K со 60P, а достапни се и два професионални XLR-влезови за звук. Исто така, CR-N700 располага со 3G-SDI и GEN-LOCK.

CANON CR-N700
Canon Camera

Удобна и прецизна контрола

CR-N700 е опремена со механизам за придвижување со голема прецизност што овозможува поместување и вртење со брзина од дури 0,1°/s. Поради тоа што е компатибилна со контролорот RC-IP100 и контролорите на апликацијата Remote Camera Control, таа може да се конфигурира и со одредени уреди од трети страни.

Дали сакате да ве контактира претставник на Canon?

Ве молиме пополнете го краткиот формулар и некој од нашите експерти ќе ве контактира.

Споредба

Погледнете споредба на CR-N700 со CR-N500 и CR-N300.

Големина на сензор

CMOS од тип 1,0

CMOS од тип 1,0

CMOS-сензор од тип 1/2,3

Максимална резолуција

4K UHD со 60P, 4:2:2 и 10 бита 1

4K UHD со 30P, 4:2:2 и 10 бита 2

4K UHD со 30P, 4:2:2 и 10 бита 2

Процесор

Digic DV7

Digic DV6

Digic DV6

Оптички зум

Оптички зум до 15x

Оптички зум до 15x

Оптички зум до 20x

Систем за фокусирање

Dual Pixel CMOS AF / iTR AF X/ AF на очи

Dual Pixel CMOS AF / AF со откривање лица

Хибриден AF /AF со откривање лица

Поддршка за протоколи

NDI|HX, SRT, FreeD, XC-протокол, RTSP/RTP, RTMP/RTMPS, стандардна комуникација

NDI|HX, SRT 3, FreeD 3, XC-протокол, RTSP/RTP, RTMP/RTMPS, стандардна комуникација

NDI|HX, SRT 3 , FreeD 3 , XC-протокол, RTSP/RTP, RTMP/RTMPS, стандардна комуникација

Излез за видео I/F

12G-SDI/3G-SDI/HDMI/IP

3G-SDI/HDMI/IP

3G-SDI/HDMI/IP/USB

Влез за микрофон I/F

XLR/мини приклучок од 3,5 mm

XLR/мини приклучок од 3,5 mm

Мини приклучок од 3,5 mm

  1. 12G-SDI и HDMI-излез
  2. HDMI-излез
  3. Достапно преку ажурирање на фирмверот

Регистрирајте ја вашата продолжена гаранција

Купете некоја од нашите избрани PTZ-камери или контролери за далечинско користење и уживајте во уште поголема безгрижност со дополнителна гаранција од 1 година
CANON CR-N700

Што содржи кутијата

Сè што ви е потребно за професионално снимање 4K-видеозаписи на терен

  • Камера CR-N700

  • Држач за монтирање, со завртка

  • Безбедносна жица, со завртка

  • Безбедносна жица за прицврстување на камерата со држачот, со завртка

  • Далечински управувач (WL-N01)

Слична дополнителна опрема

Слични производи

Може да ве интересира и