Берлин е познат во светот по неговиот ноќен живот, од легендарниот Berghain па сè до непланирани забави. Но, разиграните градски ноќи се под закана поради сè поголемиот притисок за зголемување на просторот и киријата. Неколку клубови беа затворени во изминатите месеци, а истата судбина ги очекува и многу други клубови. Оваа приказна е посветена на мал дел од ноќниот живот во Берлин и се фокусира на луѓето кои го прават уникатен, почнувајќи од оние што се забавуваат па сè до оние што работат за време на забавите.
Од танцување до транвеститите и техно, ноќниот живот во Берлин нуди по нешто за сите.
Секоја ноќ жителите на Берлин и посетителите се собираат на препознатливи места како RAW, сервис за возови прекриен со графити во источниот дел на градот што некогаш бил под комунистичка власт, но сега во него има ноќни клубови, барови и базен кој е добро снабден со пиво.
Таму, во халите и шупите покрај шините, луѓето танцуваат на реге, панк рок, хардкор, метал, рап, хипхоп и техно музика во ноќни клубови со имиња како Cassiopeia и Suicide Circus.
„Ноќниот живот во Берлин е како голема авантура. Секој ден истражувате по нешто ново“, изјави Richard Shawn, британец кој живее во Берлин.
За Nico Brodersen, вратар во Bassy Club, луѓето се најважни.
„Прекумерно, диво, слободно и бесконечно - може да им ги заборавиш имињата но не и нивните лица“, изјави таа за посетителите на берлинските ноќни клубови.
Загрижени сме колку долго може ова да трае во град каде што кириите стануваат поголеми, а побарувачката за простор паралелно се зголемува со растот на популацијата. Неколку клубови се затворија неодамна, а истата судбина ги очекува и многу други.
Во Prenzlauer Berg, некогаш дел од поранешниот комунистички исток кој прерасна во рај за сите што сакаат да се забавуваат по падот на берлинскиот ѕид, поплаките за врева предизвикаа затворање на одредени локали.
Жителите говорат за „Clubsterben“ или „клубот на смртта“.
Една од неодамнешните жртви настрада во источниот дел на Friedrichshain во клубот наречен Pogo Tussy, кој се урива за да се направи простор за нови станови.
„Жално е да се откажеш по 13 години, но нема друго решение“, изјави Simone Braun, поранешниот сопственик на ноќниот клуб.
Но засега, во многу делови од градот забавата продолжува.
Љубителите на техно музика задолжително мора да го посетат легендарниот клуб Berghain - ако успеат да влезат. Редот за чекање што се протега стотина метри пред поранешната електрана е честа појава. Локалните продавачи заработуваат многу од продавање пиво на тие што чекаат.
За оние што нема да успеат да влезат постојат многу алтернативи. Што велите за Salon Zur wilden Renate - ноќен клуб на повеќе катови во стара зграда за станови? Или, пак, About Blank - ноќен клуб каде што забавата се протега до градината надвор? Или Sisyphos, во поранешна фабрика за храна за кучиња?
Во недоволно осветлениот и перверзен клуб наречен Insomnia, некои луѓе ја заменуваат секојдневната облека со латекс или кожа во соблекувалните покрај влезот, а други пак се соблекуваат и влегуваат во гужвата. Некои имаат секс пред сите додека слушаат гласна музика.
„Овде луѓето се апсолутно слободни и можат да си ги остварат скриените сонови. Преминуваме граници. Најважното правило е: Не значи НЕ!“ изјави Dominique, кој раководи со клубот Insomnia со нејзиниот сопруг.
Во другите клубови, пак, травеститите покажуваат што знаат под трепкачките диско светла.
Но, оние што сакаат да ја поминат ноќта во обични барови и ресторани, преполната улица Simon-Dach-Strasse во Friedrichshain им нуди многу барови и ресторани со маси и столови поставени на тротоарите.
Достапен е избор на мексиканска, медитеранска и азиска храна, а бидејќи ова е Германија може да пробате и „Currywurst“, исецкан свински колбас полиен со сос или кечап и кари.
Напишано од Michelle Martin, уредено од Angus MacSwan/Jeremy Gaunt