Siegfried Modola

Одржување на средновековно италијанско село во живот

Зад камените ѕидови на ова средновековно село Santo Stefano di Sessanio, тесните патчиња водат под камени порти, мали плоштади и испакнати згради.

Улиците се претежно празни, освен со туристи кои се восхитуваат на архитектурата и околните ридови во јужната италијанска провинција L'Aquila.

Селото Santo Stefano di Sessanio кое со векови живеело од агрикултура и волна брои само 108 жители, десетпати помалку од популацијата пред Првата светска војна според градоначалникот на селото. Како и многу други околни села, повеќето жители заминале да работат во градовите или во странство, оставајќи го селото запуштено.

Siegfried Modola

По неколку декади, неговата недопрена архитектура му го привлече вниманието на шведско-италијанскиот бизнисмен Daniele Kihlgren, кој поминал низ селото додека патувал со мотор во 1999 година.

Siegfried Modola

Kihlgren купил неколку куќи и во 2005 година ги претворил во хотел со соби во центарот на селото. Овој проект привлекува многу туристи и го враќа животот во селото според локалните жители.

Siegfried Modola

„Кога пристигнав ... изгледаше напуштено“, вели Kihlgren. „Сè застанало во некоја мината ера“.

Siegfried Modola

И покрај тоа што има овчари и фармери, денес Santo Stefano di Sessanio живее преку туризмот, а жителите се обидуваат да им го привлечат вниманието на посетителите со околните национални паркови Gran Sasso и Monti della Laga.

Siegfried Modola

„Забележавме значително поголем број на туристи“, изјави градоначалникот Fabio Santavicca, без да открие конкретни броеви. „Луѓето ги отворија своите домови, изнајмуваат соби, отвораат ресторани. Атмосферата е позитивна“.

Селото сега има десетици места за престој на туристи, изјави Santavicca, а планираме да воведеме и локални активности за уживање.

Според најновите информации од одделот за регионален туризам, селото го посетиле 4.361 лица во 2013 година за разлика од 2005 година кога имало само 900 посетители.

Siegfried Modola

Santo Stefano di Sessanio е едно од повеќе села во регионот Abruzzo чие население се намали поради падот на индустријата за изработка на волна откако се воведоа синтетичките материјали, а сиромаштијата и природните катастрофи во областите со активни вулкани ги избркаа луѓето.

Во селото San Silvestro што се наоѓа во близина, празните згради се исполнети со вегетација. Малку посеверно, селото Vale Piole е напуштено.

Siegfried Modola

Според Santavicca, Santo Stefano di Sessanio имало приближно 1.100 жители пред Првата светска војна.

Иако за време на зимата некои жители се спуштаат од надморската висина од 1.250 метри во долините, селото привлече жители од градовите кои купуваат куќи што ги користат во зима.

Siegfried Modola

„Луѓето сакаат да доаѓаат во овој регион“, вели жителот Amelia, која поседува објект за ноќевање и појадок и држи часови за готвење наменети за туристите. „Работиме напорно за да му привлечеме внимание на целиот свет“.

Siegfried Modola