AF НА ОЧИ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ

Брзо, прецизно и сигурно фокусирање

Искусете ја напредната технологијата Dual Pixel CMOS AF од Canon. Следете го прецизно фокусот со помош на AF на очи и EOS iTR AF X, дури и кога субјектот не гледа во камерата. Иновативниот водич за фокусирање со технологија Dual Pixel помага во постигнувањето кристално јасна снимка при рачното фокусирање.
EOS R5 C

Напредно автоматско фокусирање и препознавање субјекти

Технологијата Dual Pixel CMOS AF од Canon е препознатлива во индустријата како систем на којшто се потпираат професионалните сниматели и фотографи. EOS R5 C наследува напредна верзија од овој систем којшто е опремен со AF на очи и EOS iTR AF X. Технологијата користи напреден алгоритам за длабоко учење којшто овозможува прецизно препознавање на лица дури и кога е видливо само едно око и ги следи субјектите и кога не гледаат во камерата.

Професионално автоматско прилагодување на фокусот

EOS R5 C ги нуди истите ексклузивни поставки за автоматско фокусирање како и камерите Cinema EOS, како на пример препознавање само на лице и приоритет на лице, со цел да ги следи промените во околината како што е предвидено. Можете да вршите и прецизни прилагодувања на брзината и реакцијата на автоматско фокусирање за постигнување на филмски ефекти со бавно фокусирање или моментален AF за снимање динамични случувања.

EOS R5 C

Водич за фокусирање со технологија Dual Pixel

Системот Dual Pixel CMOS AF од Canon може да се користи и кога снимателот користи рачно фокусирање. Водичот за фокусирање е прецизна и иновативна алатка којашто визуелно го информира снимателот дали фокусот е пред/зад субјектот. Кога алатката за визуелна помош од водичот за фокусирање на LCD-екранот или визирот свети со зелена боја, се постигнал исклучително остар рачен фокус.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ

Регистрирајте ја вашата заинтересираност за EOS R5 C од Canon

Први дознајте ги новостите за EOS R5 C од Canon и информирајте се за понудите, советите и водичите, најновите вести и поканите за локални настани.