КАМЕРА ЗА 8K-ВИДЕОЗАПИСИ

Филмски 8K-видеозаписи во формат на целосна слика

Снимете неверојатни детали со мал шум благодарение на сензорот за целосна слика којшто снима 8K-видеозаписи до 30 fps (или 60 fps со надворешно напојување со енергија), 4K-содржина со прекумерно семплирање/Full HD-содржина и 4K-содржина со забавени движења до 120 fps.
EOS R5 C

Врвен 8K-квалитет, совршено креативно изразување

EOS R5 C може да снима неверојатни видеоснимки во форматот 8K DCI RAW со 12 бита и истовремено да ја користи целата ширина на сензорот за целосна слика за да долови вистинско филмско искуство. EOS R5 C создава извонредни 8K-снимки до 30 fps и овозможува четири пати повеќе детали од 4K. Благодарение на надворешното напојување со енергија, EOS R5 C нуди резолуција од 8K со брзина до 60 fps, со што отвора нови креативни можности при обработката. Целиот цензор за целосна слика со 8K може да се користи за семплирање на материјалите снимени со 4K или Full HD-резолуција со цел постигнување неверојатна јасност со мал шум.

EOS R5 C

4K со брзина до 120 fps, автоматски фокус и звук

Покрај моќните можности за 8K, EOS R5 C може да снима содржина со резолуција од 4K со брзина до 120 fps за создавање прекрасни снимки со забавени движења со извонредни детали. При снимањето во овој режим, EOS R5 C ја користи функцијата автоматски фокус со Dual Pixel CMOS за да овозможи острина на секој кадар. При снимање со голема брзина може да се овозможи и снимање звук.

EOS R5 C

Двојни основни вредности за ISO

EOS R5 C е првата камера Cinema EOS којашто ја нуди функцијата за двојни основни вредности на ISO. Двојните основни вредности за ISO ја зголемуваат чувствителноста и го намалуваат шумот кога снимате во услови на слаба осветленост. При снимање во режимот Canon Log 3 достапни се вредности за ISO од 800/3200, а при снимање во BT.709 широк динамички опсег, PQ и HLG, достапни се вредности за ISO oд 400/1600. Избирањето на најсоодветната основна вредност за ISO за одредени услови на осветлување овозможува оптимален динамички опсег и мал шум, а корисниците може да го изберат и режимот за автоматско бирање, со што камерата интуитивно автоматски ќе ја смени основната вредност за ISO.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ

Регистрирајте ја вашата заинтересираност за EOS R5 C од Canon

Први дознајте ги новостите за EOS R5 C од Canon и информирајте се за понудите, советите и водичите, најновите вести и поканите за локални настани.