Видеокамери

Canon XA75

Професионална 4K-видеокамера со CMOS-сензор од 1,0 инчи. Одликувајќи се со Dual Pixel CMOS AF, оптички зум до 15x, стабилизација со 5 оски, 3G-SDI, HDMI-излез и UVC, оваа камера е создадена за разновидни работни процеси.

Спецификации

  • 4K UHD / 25P

    MP4 до 150 Mbps и XF-AVC до 160 Mbps

  • 15x оптички зум

    Широк агол од 25,5 - 382 mm со 4K-зум (еквивалент на 35 mm)

  • HD-обработка со прекумерно семплирање

    Го користи 4K UHD-сензорот за да создаде Full HD-слики со врвен квалитет

  • Оптичка IS

    Напредна оптичка и динамичка стабилизација на слика по 5 оски

  • Инфрацрвени зраци

    Снимајте висококвалитетни видеозаписи во услови со слаба или без амбиентална светлина со помош на режимот IR

  • Екран на допир

    Лесна контрола на фокусната точка и камерата преку екранот на допир од 3,5 инчи

  • Звук со 4 канали

    Linear PCM, 2 x XLR-приклучоци и вграден микрофон

  • Два отвори

    Двата отвори за истовремено или пренасочено снимање преку SD-картичка

  • USB-C

    Излез за проследување видео во живо преку Mac или компјутер1 или GPS-приемникот GP-E2 од Canon

Ви ја претставуваме камерата XA75

4K-видеокамера со CMOS-сензор од 1,0 инчи, оптички зум до 15x и стабилизација со 5 оски, Dual Pixel CMOS AF, 3G-SDI и USB-C-излез за проследување во живо од UVC1.
Canon Camera

Компактна и професионална 4K UHD-видеокамера

Снимајте со неверојатен 4K UHD-квалитет и со извонреден Full HD-квалитет благодарение на 4K CMOS-сензорот од 1,0 инчи и процесорот за слика DIGIC DV6. HD-обработката со прекумерно семплирање создава Full HD-слики од сензорот.

4K-објектив со оптички зум со 15x

Објективот од Canon има опсег од 25,5 - 382 mm (еквивалент на 35 mm). Дигиталниот зум го зголемува опсегот до 300x со стабилизација на слика со 5 оски.

Canon Camera
Canon Camera

Брзо и прецизно фокусирање со функција за откривање лица

Приспособливата брзина на фокусирање и напредниот Dual Pixel CMOS AF овозможуваат брзо и прецизно фокусирање. Користете го 3,5-инчниот LCD-екран за да го одредите фокусот со допирање на потребната AF-точка. Функциите за AF со откривање на лице и за следење лица се достапни кога е поставен рачниот фокус преку прстенот за фокусирање/зумирање.

XF-AVC и MP4 за флексибилно снимање

Изберете XF-AVC-формат или MP4-формат за снимање. Снимајте во форматот XF-AVC со 4K UHD-резолуција, 160 Mbps и 25P, како и со Full HD-резолуција, 45 Mbps и 50P/50i/25P. За да добиете помали датотеки, снимајте во форматот MP4 со 4K-резолуција, 150 Mbps и 25P, како и со Full HD-резолуција со 35 Mbps или 17 Mbps и 50P/25P.

Canon Camera
Canon Camera

Многу функции за снимање

Во излезните опции спаѓаат и 3G-SDI, истовремено правење резервни копии и пренасочено снимање преку две SD-картички и инфрацрвен режим. Опциите за специјално снимање овозможуваат снимање забавени движења до 0,5x со Full HD-резолуција или забрзани движења до 1200x со 4K/Full HD-резолуција. Можно е усогласување на боите со други камери од Canon преку менито за приспособена слика.

Проследување во живо и многу повеќе

Проследувајте HD-содржини преку UVC1 користејќи компјутер или додавајте печат со датум и време користејќи ја функцијата за снимање со OSD. Двата XLR-приклучоци на отстранливата рачка и 4-каналниот Linear PCM нудат професионални опции за звук.

Canon Camera
XA75

Што содржи кутијата

Регистрирајте ја вашата заинтересираност за XA75 од Canon

Бидете првите кои ќе добиваат новости за XA75 од Canon, понуди од Canon, совети и водичи, најнови вести и покани за локални настани.

Слична дополнителна опрема

  • bp-828

    Батерија BP-828

    Интелигентна литиум-јонска батерија со голем капацитет (2670 mAh) што се препорачува за долго снимање.
  • bp-820

    Батерија BP-820

    Интелигентна литиум-јонска батерија со голем капацитет (1780 mAh).
  • cg-800

    Полнач за батерии CG-800

    CG-800 е дополнителна опрема наменета за полнење на вашите батерии, без притоа да ја користите вашата видео камера.
  • tl-h58

    Телеконвертор TL-H58

    Овој телеконвертор ги зголемува оптичките можности на камерата за 1,5x за да овозможи поголемо доближување до далечните објекти.
  • WA-H58

    Широкоаголен додаток WA-H58

    Овој широкоаголен додаток ги зголемува оптичките можности на камерата за 0,75x за да овозможи подобро снимање на многу широки сцени или снимање во тесни простории.
  • rc-v100

    Далечински управувач RC-V100

    Жичен далечински управувач за вашата камера што може да ги контролира сите функции на камерата.
  • GP-E2

    GPS-приемник GP-E2

    GP-E2 нуди означување и евиденција со GPS што ќе ви помогне да откриете каде точно сте ги снимиле вашите слики.

Слични производи

  • Видеокамери

    XA70

    Професионална 4K-видеокамера со CMOS-сензор од 1,0 инчи. Нуди Dual Pixel CMOS AF, оптички зум до 15x и стабилизација на слика со 5 оски, HDMI-излез и проследување преку UVC.
  • Видеокамери

    XA65

    Професионална 4K-видеокамера со CMOS-сензор од тип 1/2,3. Нуди напреден автоматски фокус, оптички зум до 20x и стабилизација на слика со 5 оски, 3G-SDI, HDMI-излез и проследување преку UVC.
  • Видеокамери

    XA60

    Професионална 4K-видеокамера со CMOS-сензор од тип 1/2,3. Нуди напреден автоматски фокус, оптички зум до 20x и стабилизација на слика со 5 оски, HDMI-излез и проследување преку UVC.
  • XA50/XA50

    Компактна 4K-видеокамера со CMOS-сензор од тип 1,0, Dual Pixel CMOS AF, објектив со оптички зум до 15x и 3G-SDI (само XA55)

Слични статии

  1. Нема поддршка за излезен аудиосигнал преку USB