Deer close up wildlife in focus

Технологии за фокусирање

Кога гледаме фотографија или видеозапис, една од првите работи што ги забележуваме е дали е во фокус или не.

Од 1987 год., кога Canon стана првата компанија која интегрираше мотор за фокусирање во објективот, произведени се повеќе мотори кои се дизајнирани да добиваат и да следат фокус за објектите кои се движат брзо. Притоа, задржувајќи ја контролата за прецизноста на фокусирањето, рамномерноста и бесчујноста.

Во моментов има три главни типови на технологии на мотори за фокусирање што се користат во објективите на Canon. Тоа се STM, USM и поконвенционалниот DC мотор. Ајде да ги разгледаме разликите помеѓу овие мотори, за да ги разберете и да ги одберете објективите кои одговараат на вашите потреби.

STM

STM објективите снимаат одлични фотографии и уште подобри видеоснимки. Тие се именувани по еден технолошки елемент наречен чекорен мотор, што му овозможува на објективот да фокусира рамномерно и тивко – две одлични карактеристики потребни за снимање видеозаписи.

Додека некои мотори кои се користат во објективите прават многу гласни и вознемирувачки механички звуци при фокусирањето, STM објективите фокусираат тивко и ви овозможуваат да снимите повеќе од она што го слушате во опкружувањето. STM технологијата на Canon нуди широка палета на исклучително тивки објективи кои се доволно брзи да снимаат фотографии во повеќето сценарија.

STM со запченици

Палетата на нашите помали, покомпактни STM објективи вклучувајќи го EF 50mm f/1.8 STM содржат STM со запченици – компактен STM мотор кој користи спирални запченици за придвижување на фокусот.

STM со главна завртка

Физички поголемите STM објективи содржат STM со главна завртка – што во споредба со типот со запченици нуди уште повисоко ниво на тишина и брзина.

USM

USM (ултразвучен мотор) е најчесто користениот тип на AF мотор кој се користи во EF објективите на Canon до денес. Заедничко за сите USM мотори е фактот што ги конвертираат ултразвучните вибрации во ротирачка сила за придвижување на објективот. Ова е моментално најбрзиот мотор за фокусирање во палетата на Canon, а сепак ви овозможува рачно да го прилагодувате фокусот без целосно да го исклучувате автоматскиот фокус.

Прстенест USM

Прстенестиот USM може да се најде во повеќето професионални објективи на Canon – тој овозможува контрола, голема брзина и прецизност. USM моторот е доволно моќен да ги придвижува тешките елементи во големите телефото објективи брзо и лесно, додека истовремено да нема потреба од опрема за намалување на брзината. USM моторите исто така покажуваат висока моќ на задржување, така што веднаш штом се исклучи моторот, елементите од објективот за фокусирање се задржуваат на место, без потреба од дополнително дејство. Прстенестиот USM мотор не е толку тивок како STM моторите, но сепак е исклучително тивок за перформансите што ги нуди.

Прстенестиот механизам на USM се состои од ротор и од статор – еластично куќиште со пизоелектричен керамички напонски елемент прикачен на него. Со примена на A/C струја со резонантна фреквенција, околу 30.000Hz на статорот, се формираат вибрации кои предизвикуваат постојано ротирање на роторот. 30.000Hz е во рамките на ултразвучниот опсег, и оттука USM моторите го добиваат своето име.

Ring type USM and Mirco USM comparison diagram

EF 100-400mm f/4.5-5.6L IS II USM

Еден од најпрепознатливите објективи за спорт и движења во палетата на EF објективи од Canon. USM е силата која го придвижува брзиот автоматски фокус и перформансите при следењето кои се потребни за фотографирањето дивина и спортски настани.

EF 100-400mm f/4.5-5.6L IS II USM lens
Motorbike rider action

Микро USM

Додека прстенестиот USM е дизајниран да го собира во кружниот цилиндар во објективот, еден друг тип на USM - микро USM моторот е создаден да го собира во широк опсег на објективи, без да се ограничува на цилиндарот на објективот. Со микро USM моторот, роторот, статорот и деловите за придвижување се комбинираат во една единица со приближно половина тежина од USM моторот.

Nano USM

Nano USM е најновата иновација на Canon во технологијата за фокусирање. Претставена на почетокот на 2016 год., таа ја комбинира брзината на прстенестиот USM со бесчујноста и рамномерноста на STM. Функциите на ваквиот вид мотор се идеални за снимање на брзи дејства и видеозаписи кадешто тивкиот и рамномерен фокус се идеални карактеристики за фокусирање.

Единицата Nano USM е составена од еластично метално куќиште, керамички напонски елемент и мотор за придвижување. Апликацијата и прилагодувањето на напонот на керамичкиот елемент ги контролираат насоката и брзината на моторот за придвижување. Како резултат се добива систем за фокусирање што овозможува рамномерно фокусирање и фина контрола на брзината.

EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS USM

Ова е првиот објектив од Canon опремен со Nano USM и тој е особено корисен во ситуации кога рамномерното фокусирање е задолжително за да се добијат промени во фокусирањето со природен изглед. Nano USM нуди извонредна контрола, овозможува рамномерно следење и фокусирање на објектот што се движи кон или во спротивен правец од фотоапаратот.

EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS USM lens
Basketball players action

Мотор за директно придвижување

Ако објективот за којшто размислувате не содржи „USM“ или „STM“ во името, тогаш тој најверојатно користи постандарден DC или мотор со директен погон и нуди автоматско фокусирање, но не располага со истите придобивки од големата брзина, рамномерноста и бесшумноста на технологиите STM или USM.