РЕШЕНИЈА ЗА ДАЛЕЧИНСКО ЕМИТУВАЊЕ

PTZ-камери и мрежни камери со далечинска контрола од Canon

Палета на 4K-камери со можност за далечинско поместување, вртење и зумирање (PTZ), извонреден квалитет на слика и прецизна контрола, што се дизајнирани за различни примени и потреби за снимање.
PTZ-камера CR-N500 од Canon

Снимање и проследување

Доближете се со ненадмината острина

Ви ја претставуваме најновата генерација на PTZ-камери и далечински контролори од Canon. Решението на Canon нуди пакет за далечинско снимање во 4K за секакви ситуации, со функции за рамномерно поместување и вртење, како и извонреден квалитет на слика и за внатрешна и за надворешна употреба, а нашиот хардверски контролор и бесплатниот софтверски контролор ви нудат можности за контрола и прилагодувања од далечина. Canon исто така ги поддржува најсовремените апликации како што е автоматско следење*, што може да додаде дополнителен автоматизиран елемент кон вашите продукции.

*Достапно на избрани модели. Потребна е лиценца што се плаќа.

Дознајте повеќе за оптичките технологии на Canon преку снимање висококвалитетни видеозаписи во различни ситуации.

Целосната палета на PTZ-камери од Canon

  • PTZ-камери

    CR-N700

    Извонредна и професионална PTZ-камера со 4K и 60P, 12G-SDI-приклучок и автоматски фокус што е водечки во класата со опција за интелигентно автоматско следење.
    Погледнете детали CR-N700
  • PTZ-камери

    CR-X300

    Компактна PTZ-камера со ознака IP65 која нуди 4K-резолуција, оптички зум до 20x и контрола и проследување преку IP за различна примена.
  • PTZ-камери

    CR-X500

    Со цврстото куќиште со отпорност на временските услови,4K UHD-резолуцијата, оптичкиот зум до 15x, 12G-SDI и Dual Pixel CMOS AF, моделот CR-X500 претставува идеална PTZ-камера за снимање на далечина и за надгледување.
    Погледнете детали CR-X500
  • PTZ-камери

    CR-N500

    Опремена со оптички зум до 15x, можности за снимање во 4K UHD и автоматски фокус со Dual Pixel со опција за интелигентно автоматско следење, CR-N500 овозможува прецизна контрола и беспрекорно проследување преку IP со исклучителни резултати.
    Погледнете детали CR-N500
  • PTZ-камери

    CR-N300

    Благодарение на 4K UHD-резолуцијата, оптичкиот зум до 20x, хибридниот автоматски фокус со опција за интелигентно автоматско следење и бројните протоколи за проследување и контрола преку IP, можете да ѝ понудите поинаква содржина на вашата публика.
    Погледнете детали CR-N300
  • PTZ-камери

    CR-N100

    Мала 4K PTZ-камера со напреден автоматски фокус, оптички зум до 20x и повеќе IP-протоколи со опција за интелигентно автоматско следење.
    Погледнете детали CR-N100
  • Решение за сите видови сценарија

    Дознајте како PTZ-решенија од Canon можат да се користат во различни ситуации благодарение на нашата одлична технологија за обработка на слика.

  • Телевизиски куќи и студија

  • Настани во живо и музички настапи

  • Деловни настани и презентации

  • Високо образование

  • Храмови

  • Емитувања на отворено и спортски емитувања

  • Неопходна дополнителна опрема

    Контролирајте ја вашата PTZ-камера од Canon на самата локација или далечински со помош на нашиот хардверски контролор и бесплатниот софтверски контролор за беспрекорно далечинско управување.

    • PTZ-контролор

      SKAARHOJ RC-SK5

      Моќен и повеќенаменски контролор со професионална контролна палка и преклопник за зумирање, како и Canon XC-протокол за контрола на PTZ-камери и видеокамери преку IP.
    • PTZ-контролор

      RC-IP1000

      Професионален контролор за PTZ со екран на допир од 7 инчи што нуди прецизна контрола и IP-видеомониторинг за најмногу 200 сигнали
      Погледнете детали RC-IP1000
    • PTZ-контролор

      RC-IP100

      Висококвалитетен контролор со повеќефункционална палка и интуитивен екран на допир за лесна контрола на максимум 100 поврзани камери.
    • Софтверски PTZ-контролор

      Апликација Remote Camera Control Application од Canon

      Преземете го бесплатно софтверот од Canon преку којшто ќе можете да ги контролирате и прилагодувате поставките на вкупно 20 PTZ-камери од вашиот компјутер или таблет.
    CR-S700R

    Популарен производ

    Роботски систем за фотоапарати CR-S700R од Canon

    Професионално решение за далечинска контрола на поместувањето, вртењето и зумирањето што е наменето за фотографирање и е компатибилно со фотоапаратите со заменливи објективи.

    Решение

    Погледнете ја палетата на мрежни PTZ-камери од Canon

    Палетата на мрежни камери од Canon ви нуди соодветно решение за местата каде што надзорот е навистина потребен. Компактни, а сепак со врвни перформанси, тие нудат исклучителен квалитет на слика дури и при слаба осветленост, на места со големи безбедносни ризици.

    Лесно поставување и широко видно поле

    Палетата на PTZ-камери за надзор од Canon се идеални за користење во управување со сообраќајот, градски надзор и трговски центри.

    vb-m50b
    Canon Camera

    Разгледајте ја палетата Pro Video од Canon и откријте нови можности за снимање видеосодржина

    Без разлика дали снимате моќни независни документарци, популарни серии или наградувани филмови, Canon ќе ви понуди производ од палетата Pro Video којшто ќе ја подигне вашата креативност до нови нивоа.

    Пријавете се веднаш

    Добијте инспирација, пријавете се веднаш

    Не пропуштајте ги никогаш најновите понуди од Canon, совети и водичи, вести и покани за локални настани.