Апликација Remote Camera Control Application од Canon

Надополнете ја вашата PTZ-инфраструктура со бесплатниот софтвер од Canon преку којшто можете да контролирате до 20 PTZ-камери од Canon, како и да прегледувате во живо до девет камери во секое време на корисничкиот интерфејс.

Далечинско управување преку вашиот компјутер

Контролирајте до 20 PTZ-камери од Canon, од коишто за девет се прикажува преглед на корисничкиот интерфејс во секое време. Потребен ви е само лаптоп со оперативен систем Windows 10.

Автоматска регистрација на камери

Функцијата за автоматска регистрација на камери од Canon ги лоцира сите поврзани камери од Canon на истата IP-мрежа со што значително го поедноставува поставувањето.

Следете ги и прегледувајте ги поставките моментално

Приказот на екран ви овозможува да ги прилагодите поставките за ирис, засилување, баланс на белата боја и други поставки во реално време, како и да ги видите направените промени во реално време.

Целосна контрола на однапред поставените позиции

Контролирајте до 100 однапред поставени агли за секоја од камерите и преминувајте од една позиција во друга со леснотија. Снимете до десет различни движења (поместување, закосување, зумирање) коишто може да ги репродуцирате со допир на едно копче.

Прецизно прилагодување и контрола

Апликацијата ви овозможува да ги прилагодите поставките за слика од избраната камера како што се ирис, баланс на белата боја, засилување и многу други, како и да ги прилагодите брзините на поместување, закосување и зумирање.

Прилагодливи контроли преку тастатура

Користете ја тастатурата за да ги контролирате камерите и поставките, како и за да задавате функции за копчињата за да ја прилагодите контролата за поместување, закосување и зумирање. Можете да ги зададете и поставките за прилагодување на ирисот или засилувањето со што ќе добиете целосна контрола на PTZ-поставките.

Управување преку Wi-Fi со помош на таблет

Апликацијата е компатибилна и со таблети коишто користат Windows 10. Сè што треба да направите е да се поврзете со мрежата во којашто се поврзани вашите камери преку Wi-Fi за да воспоставите целосна контрола на вашите видеоснимки додека сте во движење.

Спецификации

  • Далечинско управување преку вашиот компјутер

    Контролирајте до 20 PTZ-камери, а прегледувајте девет

  • Следете ги и прегледувајте ги поставките моментално

    Приказот на екранот ви овозможува да го прегледувате видеоприказот од камерата, како и да ги прилагодувате поставките за сликата

  • Целосна контрола на однапред поставените позиции

    Контролирајте до 100 однапред поставени агли за секоја камера

  • Прилагодливи копчиња

    Контролирајте ги камерите и поставките и задавајте функции за копчињата преку тастатурата

  • Управување преку таблет

    Компатибилност со таблети коишто користат Windows 10

Преземете го бесплатниот софтвер

Изберете го вашиот производ подолу за да ја преземете апликацијата Remote Camera Control што е специјално дизајнирана за палетата PTZ-камери и што нуди целосна контрола врз максимум 20 камери, како и опција за прегледување на девет сигнали од камерите.

Разговарајте со тимот на Canon за да дознаете како да останете конкурентни, со деловни решенија кои се приспособени на вашите потреби.

Слични производи

    CR-N700

    Извонредна и професионална PTZ-камера со 4K и 60P, 12G-SDI-приклучок и автоматски фокус што е водечки во класата со вградена опција за интелигентно автоматско следење.

    CR-N500

    Опремена со оптички зум до 15x, можности за снимање во 4K UHD и автоматски фокус со Dual Pixel со опција за паметно автоматско следење, CR-N500 овозможува прецизна контрола и беспрекорно проследување преку IP со исклучителни резултати.

    CR-N400

    Професионална PTZ-камера со 4K60P со HDR-содржини, 20x оптички зум и 40x напреден зум, како и сеопфатно поврзување со вградено интелигентно автоматско следење.

    CR-N350

    Напредна PTZ-камера која снима во форматот 4K60P и нуди HDR-слики, оптички зум до 20x со 4K-резолуција и напреден зум до 40x со Full HD-резолуција, како и вградено интелигентно автоматско следење.

    CR-N300

    Благодарение на 4K UHD-резолуцијата, оптичкиот зум до 20x, хибридниот автоматски фокус со вградена опција за интелигентно автоматско следење и бројните протоколи за проследување и контрола преку IP, можете да ѝ понудите поинаква содржина на вашата публика.

    CR-N100 (Black)

    Мала 4K PTZ-камера со напреден автоматски фокус, оптички зум до 20x и повеќе IP-протоколи со вградена опција за интелигентно автоматско следење.

    CR-X300

    Компактна PTZ-камера со ознака IP65 која нуди 4K-резолуција, оптички зум до 20x и контрола и проследување преку IP за различна примена.
  • EOS C500 Mark II

    Нова генерација на систем Cinema EOS со сензор за целосна слика што нуди резолуција од 5,9K во компактно куќиште.
  • EOS C400

    Canon EOS C400 повторно ја дефинира разновидноста - дизајниран за врвни перформанси при снимање филмски содржини, емитување во живо и виртуелни продукции.
  • EOS C300 Mark III

    Повеќенаменска камера со сензор со формат Super 35 mm и систем Cinema EOS што поддржува внатрешно снимање во форматот 4K/120P RAW и голем динамички опсег.
  • EOS C80

    Подобрете ја вашата креативност со EOS C80, професионална и моќна видеокамера, за вашите видеопродукции и продукции во живо да ја добијат предноста што ја нуди сензор за целосна слика.
  • EOS C70

    EOS C70 е нова генерација на камера Cinema EOS со RF-приклучок и DGO 4K-сензор во формат Super 35 mm што е дизајниран да ги спои дигиталните фотоапарати со заменливи објективи и камерите Cinema.

    EOS C50

    Повеќенаменска хибридна камера Cinema EOS изградена за креативни професионалци - снимајте неверојатни филмски видеозаписи и слики со висока резолуција.
  • XF605

    Повеќенаменска 4K-видеокамера со квалитет за емитување што нуди напреден AF, опции за поврзување и проследување за големи продукции.
  • RC-IP1000

    Професионален контролор за PTZ со екран на допир од 7 инчи што нуди прецизна контрола и IP-видеомониторинг за најмногу 200 сигнали
  1. Сите податоци се базираат на стандардните методи за тестирање на Canon, освен ако не е поинаку назначено.
    Подлежност на промена без претходна најава.