Canon Media Storage M80

Media Storage M80

M80 е пренослив мемориски диск од 80GB, за EOS фотографот со големи барања. Опремен со 3,7" ЛЦД со висока резолуција, тој пружа прегледување на слики со врвен квалитет и безбедно чување во издржливо куќиште.

Придобивки

  • 80GB HDD
  • 3,7" ЛЦД со висок квалитет
  • Издржливо куќиште од магнезиумска легура
  • Отвори за CF и SD картичка со правење резервна копија со едно копче
  • Автоматска проверка на податоци за време на преносот
  • Функција на презентација на слики
  • Компатибилен со популарните мултимедијални формати
  • Видливи EXIF податоци
  • Футрола и подножје

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon Media Storage M80

HDD со голем капацитет од 80GB


Со просторен внатрешен цврст диск од 80GB, M80 обезбедува простор за чување за илјадници слики со висок квалитет, во еден уред лесен-за-носење.

3,7" ЛЦД со висок квалитет, со широк агол на гледање


3,7" ЛЦД обезбедува супериорна репродукција на боја, VGA резолуција и ултра-широк 1600 агол на гледање, за детално прикажување на вашите слики.

Куќиште од магнезиумска легура


M80 е изработен од цврста, лесна алуминиумска легура, креирајќи уред кој е доволно издржлив за да ве придружува насекаде. Футрола за носење обезбедува дополнителна заштита, додека вклучувањето на подножје ви овозможува да го максимизирате потенцијалот на M80 за мултимедијално гледање.

Отвори за CF и SD картичка со лесно работење со резервна копија


Без оглед дало ќе одлучите да фотографирате на SD или на CompactFlash, вградените отвори ви овозможуваат практичен пренос на податоците. Едноставно вметнете ја мемориската картичка и, со допир на само едно копче, информациите се пренесуваат на HDD од M80, со брзини од преку 4 MB/с - додека верификацијата на податоци проверува дали вашите слики се дуплирани без да бидат корумпирани.

За безбедност имате на располагање заштита на сликите со лозинка


Вашите приватни слики нека останат приватни Заштитата со лозинка овозможува само вашата избрана публика да може да ги види сликите.

Функција на презентација на слики со заднинска музика


Без напор прегледајте голем број на датотеки, со помош на функцијата за презентација на слики, вградена во M80. Опцијата за додавање на заднинска музика ви овозможува да креирате моќни презентации на вашите слики, било каде:

поддршка за многу формати


M80 е многу повеќе од уред за гледање на слики, тој нуди поддршка за речиси сите популарни формати на аудио-визуелни датотеки, вклучувајќи JPEG, TIFF, MPEG 1, 2 и 4, MP3 и WAV. M80 ви овозможува и да чувате сликите во сопствениот формат на Canon, D-SLR RAW, што го прави идеално решение за фотографи кои треба да ги зачувуваат и прегледуваат сликите на терен.

Видливи се детални EXIF податоци


Добијте опширни EXIF детали - вклучувајќи датум и време на сликање, како и нагодувањата на камерата - за секоја слика, и тоа со само едно притискање на копче.

Поврзување на аудио/видео и на PictBridge


Приклучниците за аудио/видео овозможуваат лесно презентирање на вашата работа, едно едноставно поврзување и подготвени сте да ги пренесете сликите или звуците до поширока публика. Или, преку поврзување со само еден кабел, одберете да печатите директно на печатач компатибилен со PictBridge. Без компјутери, без компликации - само моментални копии на вашите слики, секогаш кога ви требаат.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon Media Storage M80, неговите функции и можности.