Рециклирање
Програма за рециклирање картриџи на Canon
За
Програмата за рециклирање картриџи на Canon ви овозможува бесплатен, лесен и еколошки одговорен начин за рециклирање на празните картриџи од Canon.
Canon е посветен на политиката за нула отпад на депониите. Секој елемент на секој вратен картриџ повторно се искористува и се рециклира, без разлика дали како компонента во нов картриџ, како основен материјал за други индустрии или како замена за фосилните горива. Ниеден дел од картриџот не се испраќа на депонија.
Ви нудиме бесплатна програма за рециклираме за оригиналните инк-џет и тонер картриџи од Canon.
ТОНЕР
Дознајте повеќе за нашата бесплатна и едноставна програма за рециклирање оригинални картриџи со тонер од Canon.
ДОЗНАЈТЕ
ПРИКАЗНАТА ДОСЕГА
ФАКТИ И БРОЈКИ
Од 1990 до 2020 година, компанијата Canon собра и рециклираше повеќе од 435.000 тони картриџи со тонер глобално.
ФАКТИ И БРОЈКИ
Од 1996 до 2020 година, компанијата Canon собра и рециклираше повеќе од 2.510 тони искористени инк-џет картриџи во 35 земји и региони во светот.
ФАКТИ И БРОЈКИ
Со обновување, повторна употреба и рециклирање делови од користени картриџи, компанијата Canon успеа да ја намали својата зависност од нови сурови материјали за повеќе од 306.000 тони од 1990 до 2020 година.
Се гордееме што ни е дадено признание со следниве награди:
2021
Најпрестижните награди за одржливост во Обединетото Кралство оддаваат признание за одличен придонес во еколошкото деловно работење
2021
Рецензиите на EcoVadis ги оценуваат компаниите во повеќе области што се клучни за остварување на одржливите цели, вклучувајќи ја животната средина, работничките и човековите права, етичките принципи и одржливото снабдување.
2021
Business Green Leaders CE е награда за компаниите што применуваат еколошки деловни принципи и чисти технологии во стандардното работење
2019
Edie’s Sustainability Leaders Awards се најголемите и најпрестижните награди за одржливост во Обединетото Кралство и оддаваат признанија за одличен придонес во еколошкото деловно работење
Историјата на рециклирањето картриџи
1982-1992
Во 1982 година, компанијата Canon ги претстави првите персонални машини за копирање со систем со сè-во-едно картриџи. Осум години подоцна, во 1990 година, Програмата за рециклирање картриџи со тонер на Canon започнува со работа во САД, Јапонија и Германија. Во 1992 година, компанијата Canon започнува со рециклирање пластика во затворен процес и ја освојува главната награда на Global Environmental Awards.
1997-2002
Во 1997 година компанијата Canon започнува со рециклирање картриџи во Canon Bretagne во Франција, а 2 години подоцна, во 1999, програмата за рециклирање се отвора во уште три европски земји. Во 2002 година компанијата Canon ја проширува програмата во 10 земји во Европа.
2003-2009
Во 2003 година, компанијата Canon успева да ја постигне целта „нула отпад на депониите“ за рециклирањето картриџи со тонер. Во 2008 година програмата за рециклирање се проширува на 12 земји, а почнува со работа и нов процес за враќање картриџи што функционира на интернет. Во истата година, обемот на собрани картриџи достигнува 200.000 тони. Во следната, 2009 година, Финска и Шведска стартуваат масовно рециклирање на картриџи.
2011-2013
Во 2011 година, бројот на европски земји во кои Canon нуди програма за рециклирање картриџи со тонер се зголемува на 18. Во следната, 2012 година, глобалниот обем на собрани картриџи со тонер достигнува 300.000 тони. Во 2013 година, компанијата Canon Bretagne воведува сосема нов процес на рециклирање материјали.