Camera Connect од Canon
Поврзете го вашиот фотоапарат од Canon со вашиот Apple или Android уред за далечинско снимање и лесно споделување на фотографиите.
Непречено префрлување на слики и видеоснимки во вашите уреди и на веб-услугите, како и бесплатен мемориски простор на Cloud - сето ова го добивате автоматски со вашиот фотоапарат од Canon*.
Вашиот фотоапарат* од Canon ќе ви овозможи автоматско поврзување со Cloud каде што сите ваши фотографии и видеоснимки - вклучувајќи и датотеки CR3 Raw и 4K - ќе бидат безбедно зачувани во период од 30 дена** и автоматски ќе се префрлуваат во вашите уреди и веб-услуги. Ќе добиете и долготраен мемориски простор за вашата збирка на содржини, но во големина наменета за социјални медиуми, како и 10 GB за вашите најважни оригинали.
Погледнете како image.canon може да го трансформира начинот на кој зачувувате, обработувате и споделувате фотографии. Не се потребни кабли, големи податочни единици или читачи на картички. Само вие и вашиот фотоапарат.
image.canon нуди многу повеќе од мемориски простор. Ги става вашите слики, што се испраќаат автоматски или рачно од фотоапарат* од Canon со Wi-Fi, во централна станица за понатамошна испорака без пречки.
Фотоапаратите* со Wi-Fi од Canon издадени од 2020 година или подоцна ќе ви овозможат автоматско префрлување содржини во заднина директно во image.canon, доколку се поврзани на интернет.
Складирајте ги сите ваши медиуми, вклучувајќи CR3 Raw-слики и 4K-видеоснимки, во период од 30 дена** - доволно време за да ги преземете во вашите уреди и да ги префрлите на омилените услуги. Во вашата збирка ќе се создаваат и складираат слики со големина наменета за социјални медиуми. Добијте долготраен мемориски простор од 10 GB за вашите најважни медиуми.
Без разлика дали сакате поврзан мемориски простор на Cloud за семејните слики или за професионален работен процес, image.canon нуди брзо префрлување кон вашите омилени веб-услуги и вашиот компјутер.
image.canon нуди едноставна и интуитивна практичност. Подредувајте ги лесно сликите по ваша желба и уживајте во директно споделување преку социјалните медиуми или е-пошта без напор.
Благодарение на партнерството со Google Photos, Adobe Creative Cloud и возбудливите планови за редовни надградби за поголема поддршка на вашата креативност, image.canon ви ги нуди алатките што ќе ви бидат потребни за да бидете во чекор со светот на 5G и вештачка интелигенција.
Поврзете го вашиот фотоапарат од Canon со вашиот Apple или Android уред за далечинско снимање и лесно споделување на фотографиите.
Нудејќи брз пристап до прилагодени содржини што се практични за користење, нашата апликација Photo Companion ќе ви помогне да извлечете максимум од вашата камера за да внесете реалистичност во вашите приказни.
Зачекорете во светот на поврзување преку Wi-Fi и подобрете го начинот на кој печатите, копирате и скенирате.
* Сите фотоапарати од Canon не поддржуваат автоматско префрлување во заднина. Други компатибилни фотоапарати со Wi-Fi од Canon нудат лесно и директно рачно префрлување кон image.canon. За да ја погледнете целосната листа на компатибилни фотоапарати, ве молиме одете на http://image.canon. Компатибилните фотоапарати мора да бидат поврзани на интернет преку Wi-Fi.
** По 30 дена, оригиналните слики ќе се избришат доколку не ги префрлите во долготрајниот мемориски простор.