АПЛИКАЦИИ ЗА ФОТОАПАРАТИ И ПЕЧАТАЧИ ОД CANON
Поврзете го фотоапаратот со вашиот паметен телефон преку Wi-Fi или Bluetooth - и искористете го целиот негов потенцијал.
POWERSHOT G7 X MARK III ОД
АПЛИКАЦИЈА CAMERA CONNECT
Поврзете го вашиот фотоапарат од Canon со паметен телефон или таблет-уред и направете многу повеќе.
ДАЛЕЧИНСКА КОНТРОЛА НА ФОТОАПАРАТОТ
Обликувајте го кадарот на сликата и менувајте ги поставките и вредностите за експозиција на фотоапаратот преку вашиот телефон.
ПРЕЗЕМЕТЕ
Поврзете го фотоапаратот со вашиот паметен уред и изберете ги сликите или видеоснимките што сакате да ги префрлите од фотоапаратот. Потоа споделете ги на социјалните медиуми или испратете им ги на клиентите по е-пошта, без напор и без да користите кабли.
ФИРМВЕР
Овозможете совршено функционирање на фотоапаратот и објективите со најновите верзии на фирмверот кои често нудат нови функции. Ажурирајте го фирмверот преку вашиот паметен телефон додека патувате или далечински без да користите компјутер.
ДАЛЕЧИНСКО УПРАВУВАЊЕ ПРЕКУ BLUETOOTH
Излезете од кадарот на сликата и активирајте го фотоапаратот далечински со практичната функција за далечинско управување преку Bluetooth.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛОКАЦИЈА
Ако вашиот фотоапарат нема вграден GPS, тогаш може да ги искористите податоците за позиционирање на вашиот телефон и да вметнете информации за локацијата во вашите слики заради паметно каталогизирање и ставање наслови.
ПРЕГЛЕДУВАЊЕ И ОЗНАЧУВАЊЕ
Поврзете го вашиот телефон со фотоапаратот што го носите во вашата торба и прегледувајте ги сликите преку телефонот. Означете ги најдобрите слики преку телефонот или избришете ги сликите што не се добри за да си го олесните преземањето и уредувањето кога ќе се вратите дома.
ДАЛЕЧИНСКА КОНТРОЛА НА ФОТОАПАРАТОТ
Ако фотографирате плашливи диви животни, пејзажи со долга експозиција, интересен автопортрет или, пак, снимате видеоблогови, функцијата за далечинска контрола ви овозможува нови креативни опции за вашите фотографии и видеоснимки. Гледајте слика во живо од фотоапаратот преку вашиот уред од далечина, со можност за прилагодување многу поставки на фотоапаратот. Во фотостудијата, пак, можете да ги контролирате блицовите далечински со помош на предавателот ST-E10 Speedlite. А ако сакате уште подолги експозиции со режимот за сијалица, ракувајте со блендата преку апликацијата за да спречите појава на вибрации кај фотоапаратот.
ПРЕЗЕМЕТЕ
Поврзете го вашиот паметен уред и изберете ги сликите што сакате да се префрлат или префрлете ги сите слики во него автоматски. Може да изберете да отворите слики во други апликации од Canon, како Digital Photo Professional Express за уредување или Canon Print за печатење. И префрлувањето видеоснимки од фотоапаратот е лесно, без напор и без кабли заради поедноставен работен процес, при што големината на видеозаписите се прилагодува заради полесно споделување кога сте во движење. Штом го впарите фотоапаратот со вашиот паметен телефон ќе можете да ги прегледувате сликите од фотоапаратот преку екранот на телефонот, ракувајќи само со паметниот телефон - дури и ако фотоапаратот е исклучен. Сликите може да ги префрлите во вашиот телефон со оригинална или променета големина, за да можете веднаш да ги споделувате на социјалните мрежи.
ГЕО-ОЗНАКИ
Ако го поврзете вашиот паметен телефон со апликацијата Canon Camera Connect ќе ја отклучите функцијата за GPS на вашиот телефон, па во случај вашиот фотоапарат да нема таква функција, вие ќе можете да го мапирате и евидентирате вашето патување, независно од локацијата. Исто така, можете лесно да го поставите часовникот на фотоапаратот кога патувате во различни временски зони!
АЖУРИРАЊА ЗА ФИРМВЕРОТ
Проверете дали го имате најновиот фирмвер за вашиот фотоапарат и вашите објективи со добивање известувања за нови ажурирања директно во апликацијата. Преземете го и инсталирајте го новиот фирмвер за фотоапаратот преку вашиот телефон, без потреба да користите компјутер или да отстранувате картички. На тој начин, вашиот фотоапарат ќе биде ажуриран со најновиот фирмвер каде и да одите, а притоа ќе располагате со најновите функции.1
Апликацијата Camera Connect може достапно да се преземе во вашиот уред. Само отворете App Store или Google Play и побарајте „Canon Camera Connect“. Погледнете ја веб-страницата на апликацијата за да ги дознаете сите информации за компатибилноста.
ANDROID
ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ
Сакате спорт, но не знаете како да го фотографирате? Пет професионални фотографи ги откриваат техниките што ги користат за фотографирање.
МАКРО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Дознајте како да снимате прекрасни, разнобојни и апстрактни макро фотографии од сапуница во овој едноставен водич со објаснувања во чекори.
ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ
Пет причини поради кои PowerShot SX740 HS е совршен за фотографирање диви животни.
СТАТИЈА
Ажурирањето на фирмверот придодава нови функции на најдобрите фотоапарати од Canon. Richard Walch, Martin Bissig и Eddie Keogh ќе ги тестираат нивните перформанси.