Easy-PhotoPrint Editor
Ослободете ја креативноста и претворете ги фотографиите и дизајните во календари, картички и драгоцени спомени со помош на оваа алатка за дизајн и печатење.
Дознајте повеќе > Уживајте во лесно поврзување паметни уреди со печатачот преку апликацијата Canon PRINT. Печатете, копирајте и скенирајте од вашите паметни уреди без напор, проверувајте го статусот на печатачот и поврзувајте се со Cloud* за пофлексибилна контрола.
*Сите функции не се достапни кај сите производи.
Апликацијата Canon PRINT е бесплатна за преземање и претставува совршен придружник за печатење. Поврзете го вашиот паметен телефон или таблет-уред со печатачот преку Wi-Fi, вградена пристапна точка или Wi-Fi Direct и подгответе се за печатење. Апликацијата не го изоставува ниту одржувањето - проверувајте го статусот на печатачот и нивоата на мастилата и извршувајте ги задачите за одржување далечински преку паметниот уред.
Поедноставете го скенирањето со апликацијата. Скенирајте ги вашите документи и фотографии, зачувувајте ги во различни формати и испраќајте ги директно во вашиот паметен телефон или таблет-уред. Исто така, скенираните материјали може да ги испраќате директно кон е-пошта или да го користите PIXMA Cloud Link за да ги вчитате во Cloud*.
*Опциите за скенирање кон Cloud и скенирање кон е-пошта се достапни само за корисниците на оригинални мастила од Canon
Направете многу повеќе со вашиот печатач и поврзете го со Cloud кога сте во движење. Искористете ги предностите што ги нуди PIXMA Cloud Link и испраќајте скенирани материјали кон - или печатете од - популарни услуги на Cloud*, вклучувајќи ги Dropbox, Google Drive и OneDrive. Исто така, може да ги печатите омилените фотографии директно од социјалните мрежи како Facebook и Instagram.
*Опциите за скенирање кон Cloud и скенирање кон е-пошта се достапни само за корисниците на оригинални мастила од Canon
Користете ја функцијата „Smartphone Capture and Copy“ во апликацијата Canon PRINT за брзо и лесно правење копии со помош на камерата на паметниот телефон. Можете да печатите, да зачувувате или да праќате по е-пошта директно преку телефонот.
Апликацијата Canon PRINT може да се користи со повеќето печатачи со Wi-Fi, вклучувајќи ги и најновите модели на PIXMA, MAXIFY, SELPHY, imageRUNNER ADVANCE DX, imageRUNNER, i-SENSYS X и i-SENSYS. Оваа апликација е достапна за уреди со iOS и Android, а компатибилна е со оперативните системи iOS 11.0 - 12.0 или Android OS 4.4 - 9.0.
Поддржани јазици - англиски, француски, германски, шпански, италијански, холандски, португалски, полски, руски, дански, фински, норвешки, шведски, чешки, турски
Претворете го вашиот паметен уред во напредна алатка за печатење со овие апликации од Canon
Ослободете ја креативноста и претворете ги фотографиите и дизајните во календари, картички и драгоцени спомени со помош на оваа алатка за дизајн и печатење.
Дознајте повеќе >
Дознајте како да печатите фотографии од вашиот паметен уред, да создавате модели од хартија, приспособени налепници за нокти, календари, честитки и многу повеќе.
Дознајте повеќе >