Потрошувачка на мастило

Без разлика дали купувате резервен картриџ за мастило или потполно нов печатач, бројот на страници кои можете да ги испечатите од еден картриџ за мастило – познат како потрошувачка на мастило – претставува важен фактор.

Тестирања за потрошувачка на мастило

За да можете подобро да ја споредите потрошувачката на мастило кај различни печатачи од Canon, како и од други производители на печатачи, користете меѓународно стандардизирани методи на тестирање. Овие ISO стандарди овозможуваат тестирање на различни печатачи на ист начин. Тестирањето се врши преку континуирано печатење со три посебни печатачи, а трае сè додека не се потрошат по три пакувања од главните мастила на секој печатач. Добиената потрошувачка на страници се основа врз просечните резултати од тестирањето.

Печатење на A4 документи

Потрошувачката на мастило за печатење на A4 документи се мери според меѓународниот стандард ISO/IEC 24711. Тука спаѓа и континуирано печатење на стандарден документ во боја со пет страници на обична канцелариска хартија. Ова претставува стандардно деловно печатење.

Печатење на фотографии од 10x15cm

Потрошувачката на мастило за печатење на фотографии без рабови од 10x15cm се мери според стандардот ISO/IEC 29102. Тој ја одредува потрошувачката на мастило преку континуирано печатење на група од шест фотографии (секоја од нив содржи табела за тест) со ISO стандард на инк-џет фото-хартија.

Печатење на A3+ фотографии

Потрошувачката на мастило за печатење на A3+ фотографии се одредува со континуирано печатење на фотографии избрани од Canon со димензии од 279,4x355,6mm (11x14 инчи) на A3+ фото-хартија. Оваа слика е испечатена преку Adobe Photoshop со драјвер за печатач за Microsoft Windows со зададени подесувања.

XL мастила

Сооднос на XL и стандардна потрошувачка

Секој XL и XXL картриџ за мастило е означен со лого на неговото пакување кое означува колку повеќе материјали ќе можете да испечатите во споредба со стандарден картриџ за мастило од Canon. Тоа помага во пресметување на заштедата со користење на мастила за голема потрошувачка.

Комбинирана потрошувачка

Просечна потрошувачка на CMY мастила

Комбинираната потрошувачка на мастила претставува просек на индивидуалните потрошувачки на резервоарите со цијан, магента и жолто мастило. Таа ја олеснува споредбата на користењето на мастила помеѓу печатачи кои користат картриџи со 3 бои и печатачи со индивидуални резервоари со C, M и Y мастила.

Каде да ја пронајдам потрошувачката на мастилата?

Истиот картриџ за мастило може да обезбеди различна потрошувачка во зависност од печатачот во кој се користи. Потрошувачката за печатење за секој печатач од Canon можете да ја пронајдете во картичката за спецификации на веб-страницата на Canon.

Дополнителна употреба на мастило

Сите инк-џет печатачи користат мало количество на мастило за чистење на главата на печатачот при нормална употреба. На веб страницата на Canon, за секој печатач од Canon е дадена проценка за оваа дополнителна употреба на мастило, заедно со бројка за потрошувачката на мастило.

Добиените резултати за потрошувачка се измерени според одредени услови врз основа на континуирано печатење. Потрошувачката може да биде различна во зависност од содржината на документите, видот на хартијата, подесувањата на режимот за печатење, софтверот, опкружувањето во кое се печати, како што е амбиенталната температура и влажност, како и фреквенцијата на печатење.

Сите спецификации се подложени на промена без претходна најава. Постарите модели на печатачи можеби биле тестирани според поинакви стандарди, па затоа ве молиме проверете ги спецификациите за секој печатач посебно со цел да дознаете повеќе податоци.