Hero Image
Blank-Rect Image

PowerShot SX70 HS

Снимајте специјални моменти во неверојатен стил со PowerShot SX70 HS, најдобриот од палетата на хибридни модели од Canon што се одликува со DSLR-изглед и најнова технологија.

Хибриден фотоапарат со DSLR изглед и разновидни функции

Врвен сè-во-едно фотоапарат со зум до 65x што нуди комбинација од изглед и стил на DSLR со разновидни, подобрени и најсовремени функции. Подобрете ги можностите за фотографирање со поддршката за слики во форматот RAW, 4K-видео, Bluetooth® и Wi-Fi, како и функцијата за далечинско прегледување во живо.

Погледнете ги целосните спецификации

Specification Intro

Одличен фотоапарат за...

DSLR изглед, фиксен објектив

Сè-во-едно уред што изгледа како DSLR уред, но со тежина и флексибилност како фотоапарат со фиксен објектив. Доловете сè, почнувајќи од детали во далечината па сè до макро снимки без да го менувате објективот.

Specification Intro
girl-sitting-on-bench-with-view-behind-her

Фокусирајте во далечина

Од широк агол до екстремно доближување - снимајте детали што се невидливи за човечкото око без да менувате објективи, независно дали сте оддалечени неколку метри или километри.

Погледни видеозапис

Формати 4k и RAW

Овозможете си лесна обработка по снимањето со фотографиите во RAW-формат или добијте остри JPEG-слики при самото снимање со фотоапаратот. Снимајте неверојатни видеозаписи со извонредно висока резолуција 4K и користете го влезот за висококвалитетни микрофони.

dad and son jumping into the ocean

Брз и прецизен автоматски фокус

Сигурниот автоматски фокус на PowerShot SX70 HS овозможува лесно одвојување на заднината и објектите во предниот дел. Опција за континуиран автоматски фокус за снимање на најкратките моменти со врвни детали.

Спомени што траат доживотно, зачувани со совршени детали

Компактен сè-во-едно уред што ви нуди оптимално обликување на кадарот на интелигентен начин, независно колку се кратки моментите што ги доловувате.

Различни опции за поврзување

Правете резервни копии од сликите веднаш со функцијата за автоматско префрлување слики*. Функцијата за далечинско прегледување во живо ви овозможува да фотографирате, да го гледате приказот од фотоапаратот и да прилагодувате поставки преку мобилен уред.

Specification Intro

Canon има за цел да постигне нула нето емисии на CO2 од своите деловни активности до 2050 година

Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.

Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.

Дознајте повеќе

Спецификации

Icon 01

Оптички зум до 65x

Icon 02

20,3 мегапиксели

Icon 03

DIGIC 8

Icon 04

4K видео

Icon 01

10 fps

Icon 02

LCD екран од 7,5 cm со променлив агол

Погледнете ги сите спецификации

Specification-Icons - Header Image
What's In The Box

Што содржи кутијата

Дигитален фотоапарат PowerShot SX70 HS

Капаче за објектив

Ремен за на врат NS-DC11

Батерија LP-E12

Полнач за батерии LC-E12E

AC кабел

Комплет со упатство за користење

Компатибилна дополнителна опрема

Поврзани производи

* Опремен со технологија за Bluetooth® со мала потрошувачка на енергија. Зборот во ознаката Bluetooth® и лого ознаките на Bluetooth® се регистрирани заштитни знаци во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на тие знаци од страна на Canon Inc. е дозволено со лиценца. Другите заштитни знаци и заштитни имиња им припаѓаат на нивните сопственици.