Видеокамери

Canon LEGRIA HF G25

Дизајнирана да одговара на вашата креативна страст и опремена со широкоаголен објектив, рачни контроли и исклучителен звук.

Придобивки

  • HD видео објектив од Canon

  • Напреден HD CMOS PRO сензор од Canon

  • Целосна рачна контрола

  • Оптичка интелигентна стабилизација на слика

  • Избирање на аудио сцена

  • LCD екран на допир од 8,8cm

  • Моментален AF; откривање на лице

  • Заштитно сенило на објектив

  • Внатрешна меморија од 32GB

  • 2x отвори за SDXC

Детални карактеристики

  • Широкоаголен објектив од 30,4mm

    Технологијата на HD видео објективи со високи перформанси од Canon нуди врвен објектив од 30,4mm со F1,8, рамномерен 10x оптички зум и ирис со 8 сечила за дефокусирачки ефекти со природен изглед.

  • Напреден HD CMOS Pro сензор

    Напредниот HD CMOS PRO сензор ви нуди извонредни перформанси при слаба осветленост и широк динамички опсег. Сензорот, првично дизајниран и произведен од компанијата Canon за нејзините професионални видео камери, дополнително го зголемува пропуштањето на светлина за 20%. зголемување на чувствителноста при слаба осветленост.

  • Целосна рачна контрола

    Рачниот прстен на објективот овозможува интуитивна контрола на фокусот. Целосната рачна контрола на експозицијата, решетката, брзината на блендата и засилувањето е можна преку LCD екранот на допир. Копчињата и рачното вртливо копче со прилагодување обезбедуваат целосна контрола на вашата креативност.

  • Оптичка интелигентна стабилизација на слика

    Интелигентната стабилизација на слика е совршено решение за спречување на тресењето на фотоапаратот. Таа автоматски ја открива сцената и ги избира најсоодветните подесувања за оптичката стабилизација на слика помеѓу 4-те режими за елиминирање на движењето и спречување на заматувањето. Таа обезбедува остри, детални видео снимки во секоја ситуација, давајќи ви слобода да се концентрирате на снимањето.

  • Избирање на аудио сцена

    Благодарение на функцијата за избирање на аудио сцена и вградениот микрофон со зумирање и голема чувствителност, лесно ќе можете да ги направите вашите видео снимки да звучат подеднакво добро како што изгледаат. Само изберете еден од 5-те режими на сцена и подесувањата за звукот автоматски ќе се оптимизираат за да одговараат на сцената која ја снимате. Исто така, достапни се изборен 5.1 опкружувачки звук и безжични микрофони од Canon.

  • Екран на допир со висока резолуција од 8,8cm

    LCD екранот на допир со висока резолуција од 920k точки и 8,8cm е оптимизиран за снимање во HD и обезбедува 100% покриеност на сцената. Визирот во боја кој се вовлекува ги зголемува опциите за обликување на кадарот при снимањето.

  • Моментален AF; откривање на лице

    Моменталниот AF обезбедува брзо и прецизно фокусирање за HD квалитет со неверојатна острина. Функцијата за откривање на лице врши автоматска оптимизација на параметрите на камерата за снимки од луѓе со совршен фокус и експозиција.

  • Заштитно сенило на објектив со препрека

    Големото сенило на објективот, кое ги одбива несаканите одблесоци од надворешните извори на светлина, стандардно се испорачува. Тоа содржи препрека за обективот која брзо се отвора и автоматски го заштитува, без потреба да користите посебно капаче за објективот. На тој начин секогаш ќе бидете подготвени за снимање.

  • 32GB меморија плус 2x отвори за SDXC

    Снимањето на Full HD AVCHD видео се врши со брзина до 24mbps на вградената флеш меморија од 32GB – за преку 12 часа снимање. Двата отвори за SDXC картички и пренасоченото снимање обезбедуваат доволно капацитет за најамбициозните филмски проекти.

Спецификации

  • Full HD

  • Видео објектив за HD

  • Врвно фотографирање при слаба осветленост

  • Широкоаголен објектив

  • Стабилни снимки во секоја прилика

  • Совршен звук кој одговара на сцената

  • Стабилно фотографирање во движење

  • Професионален звук

  • 32GB вградена меморија + отвор за SDXC

  • Два отворa за SDXC картички

  • Широк LCD екран од 8,8cm

  • Екран на допир

  • Ирис со 8 сечила

  • Моментален автоматски фокус