Компактни дигитални

Canon PowerShot G1 X Mark II

Добијте разновидни опции и перформанси во стил на DSLR со компактен фотоапарат со Wi-Fi.

Придобивки

  • Голем CMOS сензор од тип 1.5 со димензии од 18,7 x 14,0 мм од Canon со фотографирање од повеќе аспекти

  • Снимајте слики со 12,8 мегапиксели (3:2)* и Full HD видео снимки со квалитет сличен на DSLR

  • Бидете креативни со длабочината на полето, користејќи го брзиот објектив со f/2-3,9, агол од 24 мм, зум до 5x и решетка со 9 сечила

  • Брза обработка на слика и ракување со брз одзив со DIGIC 6

  • Снимајте одлични слики, дури и при слаба осветленост, со HS системот и максимална вредност на ISO од 12.800

  • Интелигентната IS го спречува тресењето на фотоапаратот

  • Прецизен AiAF со 31 точка. Прецизно рачно фокусирање и издвојување со рачен фокус

  • Два прилагодливи контролни прстени и интуитивен екран на допир за прилагодено ракување

  • Wi-Fi и синхронизација на слики за едноставно споделување и архивирање на слики. Поврзете паметен телефон или таблет уред за далечинско фотографирање

  • Изборен EVF за традиционално ракување

  • 14-битните RAW фајлови и софтверот DPP беспрекорно се интегрираат во секој работен процес

Детални карактеристики

  • Квалитет на слика како кај DSLR, од компактен фотоапарат

    Големиот сензор од тип 1.5 кај PowerShot G1 X Mark II има слична површина како и APS-C, со димензии од 18,7 x 14,0 мм. Тој се одликува со резолуција од 12,8 мегапиксели (3:2) и CMOS технологија од Canon која нуди квалитет на слика сличен на DSLR. Користете го Multi-aspect сензорот за снимање на слики со 12,8 MP во сооднос на слика од 3:2 или, пак, слики со 13,1 MP во сооднос на слика од 4:3, со истата фокусна должина.*

  • Одлични перформанси при слаба осветленост

    Сензорот од тип 1.5 и DIGIC 6 процесорот кај PowerShot G1 X Mark II нудат врвни перформанси до вредност на ISO од 12.800. HS системот, во комбинација со осветлен објектив со f/2-3,9, максимално ја искористува достапната амбиентална светлина, за да добиете врвни бои и острина независно од условите. Интелигентната стабилизација на слика го избира оптималниот режим за оптичка стабилизација на сликата од 8 можни опции со цел да го намали тресењето и заматувањето кај фотоапаратот.

  • Прецизен објектив со зум до 5x

    PowerShot G1 X Mark II се одликува со објектив со извонредно широк агол од 24мм и 5x оптички зум. Тој ги користи технологијата за прецизност и напредната експертиза за објективи на Canon за добивање на остри слики со висока резолуција. Големиот сензор од тип 1.5, во комбинација со осветлената решетка од f/2-3,9 со 9 сечила, овозможува одлично изолирање на објектот со рамномерно заматување на заднината.

  • Доловување на моментот

    Процесорот DIGIC 6 нуди брзо ракување со брз одзив, така што секогаш ќе бидете подготвени да го доловите одлучувачкиот момент. AiAF со 31 густо распоредена точка го заклучува фокусот врз објектите на брз и прецизен начин, а со користење на двата контролни прстени на фотоапаратот, поставени околу цилиндерот на објективот, можете да вршите детални подесувања на рачниот фокус. Издвојувањето со рачен фокус дополнително ја зголемува прецизноста со обележување на фокусираните површини.

  • Безжично далечинско фотографирање и синхронизација на слики

    Воспоставете Wi-Fi врска помеѓу PowerShot G1 X Mark II и некој компатибилен паметен уред со користење на наменското копче за поврзување на мобилен уред и NFC на фотоапаратот. По поврзувањето, апликацијата CameraWindow на Canon ќе ви овозможи безжично да го контролирате PowerShot G1 X Mark II на оддалеченост до 5м. Копчето за поврзување на мобилен уред може да врши и синхронизација на слики, овозможувајќи ви да направите резервни копии од вашите слики и видео снимки на регистриран домашен компјутер, Flickr™ и Google Drive™, преку image.canon.**

  • Дизајниран само за вас

    Прилагодете го PowerShot G1 X Mark II според вашиот начин на работа. Често користените функции можат да се додадат во прилагодено мени, за да можете полесно да ги пронајдете кога ви се потребни. Двата прилагодливи контролни прстени кои го опкружуваат цилиндерот на објективот на фото апаратот можат да се програмираат за промена на различни подесувања.

  • Опфатете ги сите агли

    Висококвалитетен LCD екран на допир, со резолуција од 1.040k точки, кој врши репродукција на sRGB бои и нуди одлична прецизност на бои, острина и контраст на слика. Екранот со можност за закосување и интуитивните контроли го прават PowerShot G1 X Mark II брз и едноставен за користење, дури и кога фотографирате од тешки агли. Опремете го фотоапаратот со изборен електронски визир со брз одзив за потрадиционално ракување.

  • Нови креативни можности

    Експериментирајте со напредните режими за фотографирање и откријте нови креативни можности. Рачниот HDR режим и режимот за дефокусирање на заднината снимаат повеќе последователни слики и ги спојуваат заедно за да добиете резултати со професионален изглед. Режимите за ѕвезди нудат едноставен начин за доловување на извонредни астрофотографии.

  • Беспрекорни работни процеси

    14-битните RAW фајлови и DPP софтверот од Canon го максимизираат квалитетот за време на пост-обработката и беспрекорно се интегрираат во вашите постоечки работни процеси за уредување или печатење.

  • Ергономско ракување

    Моделот на PowerShot G1 X Mark II кој нуди подобро држење (достапен во Европа, Среден Исток и Африка) се одликува со голем ергономски држач за одлично ракување. *Multi-aspect сензорот снима слики со 12,8 MP со сооднос на слика од 3:2 со зададени подесувања. Со истата фокусна должина можат да се снимаат слики со 13,1 MP и сооднос на слика од 4:3.**Поддршката за Wi-Fi е различна во зависност од уредот и регионот. За повеќе информации посетете ја веб-страницата www.canon-europe.com/wirelesscompactsЗа функциите за директно споделување на интернет, синхронизација на слики и за испраќање преку сервер е потребна image.canon сметка. Во некои земји и региони може да нема поддршка за image.canon. Ве молиме посетете ја страницата www.canon-europe.com/cig за повеќе информации.Facebook и логото F се регистрирани заштитни знаци на Facebook Inc.Google Drive™е регистриран заштитен знак на Google Inc.Twitter е регистриран заштитен знак на Twitter Inc.Ознаката FLICKR е регистриран заштитен знак на Yahoo! Inc.

Спецификации

  • Сензор со слична големина како DSLR APS-C сензорите

  • Широк отвор на блендата низ целиот опсег на зумот

  • CMOS со 12,8 мегапиксели и сооднос на слика од 3:2

  • Два прилагодливи прстени на објективот

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • 5x оптички зум, извонреден широк агол

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Безжично споделување и правење резервна копија на слики

  • NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони

  • Контролирајте го фотоапаратот со паметен телефон

  • Закосете го фотоапаратот за да снимате нагоре или надолу

  • Рамномерни градации со 14-битен RAW формат

  • Контрола на решетка и брзина на бленда

  • Голема максимална ISO чувствителност

  • 1080p видео снимки

  • Креирајте заматување на позадината со SLR стил

  • Фотографирајте го ѕвезденото небо на едноставен начин

  • Снимајте HDR без статив

  • ND филтер

Што содржи кутијата

  • PowerShot G1 X Mark II

  • Батерија NB-12L

  • Полнач за батерии CB-2LGE

  • Ремен за на врат NS-DC11

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење