Компактни дигитални

Canon PowerShot SX520 HS

Еден фотоапарат за сите специјални моменти

Придобивки

  • Еден разновиден и компактен фотоапарат за во домот или за патувања

  • Висококвалитетни резултати кои со задоволство ќе сакате да ги споделите

  • Доловете сè што ќе посакате на едноставен начин - во текот на денот или ноќта

  • Експериментирајте и забавувајте се со креативната контрола

  • Прекрасни Full HD видео снимки на дофат на вашите прсти

Детални карактеристики

  • Разновидни опции за зумирање

    Доловете сè, почнувајќи од извонредно детални снимки одблиску до одлични групни снимки и неверојатни пејзажи, со помош на овој компактен фотоапарат. Тој нуди огромен оптички зум до 42x сместен во мало и лесно куќиште кое можете да го носите насекаде.

  • Следете го вашиот објект без напор

    Следењето на далечни објекти со голем зум е навистина едноставно. Само притиснете го копчето и функцијата за помош за обликување на кадарот ќе изврши брзо оддалечување од сцената - за да можете повторно да го лоцирате вашиот објект - зумирајќи назад кога копчето ќе биде отпуштено. Подобрениот автоматски режим врши автоматско оддалечување кога објектот ќе излезе од кадарот и Ви помага да го одржувате вашиот објект во однапред поставена големина.

  • Удобно и стабилно фотографирање

    Земајќи ја предвид удобноста, дизајнот ви овозможува постабилни слики при максимален зум и удобно фотографирање во подолги временски периоди, благодарение на подобрениот ергономски држач.

  • Јасни слики во секакви услови на осветлување

    Вашите слики ќе изгледаат така како што ги паметите, без разлика дали биле снимени преку ден или во темнина. HS системот на Canon се истакнува при слаба осветленост, така што лесно ќе можете да ја доловите вистинската атмосфера на специјалните моменти без да користите блиц или статив. Со 16,0 мегапиксели ќе уживате во исклучителен квалитет, детални слики и слики со големина на постер.

  • Остри резултати во секој момент

    Нема потреба да се грижите за тресењето на фотоапаратот кое може да ги уништи резултатите, благодарение на интелигентната оптичка стабилизација на слика. Овој фотоапарат се адаптира автоматски и обезбедува остри и детални видео снимки и фотографии, дури и кога снимате со максимален зум или рачно при слаба осветленост.

  • Неверојатни слики на едноставен начин

    Снимањето на одлични фотографии или видео снимки е навистина лесно со интелигентниот автоматски режим, кој ги избира совршените подесувања наместо вас – независно од сцената. Хибридниот автоматски режим создава забавен HD (720p) видео преглед од сликите што сте ги снимиле во текот на денот.

  • Доловувајте го моментот секогаш

    Животот брзо минува. Не пропуштајте ниту еден специјален момент и доловувајте неверојатно брзи случувања со помош на овој фотоапарат со брз одзив, кој нуди континуирано фотографирање со голема брзина.

  • Разбудете ја вашата креативност

    Изненадете ги семејството и пријателите со вашата креативност. Режимот за креативни снимки интелигентно доловува шест слики од истиот објект со различни уметнички ефекти. Или, пак, испробајте некој од многуте други креативни режими, почнувајќи од ефект на рибино око па сè до минијатурни модели во сцените на фотографиите и видео снимките.

  • Подобрете ги вашите вештини

    Искористете ги креативните можности на целосната рачна контрола. Експериментирајте со светлината која навлегува во фотоапаратот за да ги подобрите вашите фотографски вештини и користете ја вашата креативност на повисоко ниво.

  • Реалистични видео снимки на дофат на вашите прсти

    Снимањето одлични видео снимки е многу лесно. Со допирање на едно копче, можете да снимате врвни Full HD видео снимки со брзина од 30fps и стерео звук. Снимајте во движење и уживајте во врвни и остри резултати.

Спецификации

  • 42x извонреден зум со извонреден широк агол

  • Зумирајте до 84x со одличен квалитет

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • CMOS сензор со 16,0 мегапиксели

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Лесно пронаоѓање на вашиот објект при максимален зум

  • 6 различни слики од една снимка

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • 1080p видео снимки

  • 7,5 cm (3,0") LCD екран

  • Дополнителна контрола

  • Едноставно фотографирање со краток видео преглед

  • Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени

  • Групно снимање со 10 слики во секунда

  • Контрола на решетка и брзина на бленда

  • Веднаш почнете да снимате видео снимки

  • Заштеда на енергија за повеќе снимки

PowerShot_SX520_HS

Што содржи кутијата

  • PowerShot SX520 HS

  • Ремен за на врат NS-DC11

  • Капаче за објектив

  • Батерија NB-6LH

  • Полнач за батерии CB-2LYE

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење