Објективи за DSLR

Canon EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS STM

Повеќенаменски објектив за зумирање со STM и стабилизација на слика, кој е одличен за фотографирање за време на патувањата и снимање видеоснимки.

Придобивки

  • Разновиден опсег на зумирање од 18-135mm – совршен за патувања.

  • Рамномерно, тивко фокусирање со STM при снимање на видео снимки со компатибилни фотоапарати.

  • Динамички стабилизатор на слика за рамномерно снимање на видео снимки.

  • Брз автоматски фокус со преминувањето преку параметрите на постојаниот рачен фокус.

  • Минимално растојание на фокусирање од 0,39m.

Детални карактеристики

  • Разновиден и моќен зум

    Компактен и разновиден објектив кој е соодветен за голем број различни објекти и идеален за фотографирање при патувањата. Опсегот на зумирање од 18-135mm нуди ист агол на видливост како и објективите од 29-216mm кај фотоапаратите за целосни слики.

  • Снимајте видео снимки со AF, со помош на технологијата STM

    Режимот Servo AF за видео ја користи технологијата STM (чекорен мотор) за рамномерно и тивко фокусирање при снимање на видео снимки со компатибилни фотоапарати.

  • Стабилизатор на слика за снимање видео снимки и фотографии

    Технологијата за динамичка стабилизација на слика ги намалува вибрациите и тресењето на фотоапаратот при снимање на видео снимки. Технологијата за стабилизација на слика овозможува рачно фотографирање при слаба осветленост без користење на блиц или статив. Брзините на блендата, кои се побавни од норамалните до четири пати, може да се користат без заматување предизвикано од тресењето на фотоапаратот.

  • Автоматски фокус со голема брзина

    Брзиот автоматски фокус ги заклучува објектите со голема брзина и прецизност. Преминувањето преку параметрите на постојаниот рачен фокус е достапно без менување на режимот на фокусирање.

  • Приближете се до вашиот објект

    Фокусирајте до 0,39m при сите поставувања на зумот, за да добиете приказ на вашиот објект одблиску.

Галерија со примероци

Погледни галерија

Слична дополнителна опрема

  • Дополнителна опрема за објективи

    Продолжителна цевка EF 12 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 12 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.

  • Дополнителна опрема за објективи

    Продолжителна цевка EF 25 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 25 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.

  • Дополнителна опрема за објективи

    Сенило за објектив EW-72

    Спречете ја залутаната светлина да навлезе во објективот, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Lens Cap E-67II

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Капаче за објектив за заштита од прав E

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Филтер за кружно поларизирање PL-C B од 67 mm

    Филтер за поларизација за објективи со дијаметар на навојот на филтерот од 67 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Заштитен филтер за објектив од 67 mm

    Ги заштитува предните елементи на објективите од нечистотии и оштетувања. Одговара на објективи со навој на филтри од 67 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Мека торбичка за објектив LP1116

    Protective soft case for selected EF lenses.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Macrolite Adapter 67

    Ви овозможува да ги користите блицовите Macro Twin Lite и Macro Ring Lite од Canon со објективи чиј дијаметар на навојот на филтерот изнесува 67 mm.