Печатачи за во домот

Canon PIXMA MG3250

Стилски, компактен "сè-во-едно" уред со Wi-Fi, печатење од мобилен телефон и автоматско двострано печатење.

Придобивки

  • Wi-Fi "сè-во-едно" уред: печатење, копирање и скенирање

  • Печатење од мобилен телефон и поддршка за Apple AirPrint

  • Едноставно и ефикасно печатење од интернет

  • Печатете повеќе со изборните XL мастила

  • Заштедете хартија со автоматското двострано печатење

  • Брзо печатење на документи и фотографии

  • Софтвер My Image Garden

  • Автоматско вклучување и исклучување

Детални карактеристики

  • Компактен, безжичен "сè-во-едно" уред

    Благодарение на можноста за поврзување преку Wi-Fi, овој "сè-во-едно" уред овозможува едноставно печатење од компјутерот и мобилните уреди насекаде во домот. Стилскиот и компактен FastFront дизајн нуди поедноставно полнење на хартија и замена на мастила. Тој претставува идеален печатач, копир и скенер за оние на кои им е потребна секојдневна функционалност.

  • Можност за поврзување на Smartphone уред и таблет уред

    Апликацијата Easy-PhotoPrint на Canon нуди флексибилност за печатење и скенирање преку вашите мобилни уреди, без разлика каде се наоѓате во домот. Благодарение на поддршката за Apple AirPrint, ќе можете да печатите фотографии, e-mail пораки, веб-страници и други документи директно од вашиот iPhone, iPad и iPod touch.

  • Печатете повеќе со помали трошоци

    Благодарение на картриџите XL FINE со дополнителен капацитет ќе добиете поголеми временски периоди од едно до друго менување на мастило. Тие нудат значително поголем обем на печатење отколку нивните стандардни еквиваленти. Исто така, XL картриџите се поекономични и ви овозможуваат да заштедите до 50% по страница – идеално доколку често печатите.

  • Заштедете хартија

    Автоматскиот двостран режим овозможува автоматско двострано печатење, така што ќе заштедите хартија при печатење на документи со професионален изглед. Користете ја дополнителната компонента на софтверот Easy-WebPrint EX за интелигентно печатење од интернет и испечатете ги само потребните содржини. На овој начин ќе можете едноставно да отсекувате информации од веб-страниците и да ги комбинирате во една страница за да можете ефикасно да печатите.

  • Брзо, квалитетно печатење,

    Системот на картриџи FINE обезбедува високо ниво на детали при голема брзина. Печатете квалитетни документи и фотографии со голема A4 ISO ESAT брзина од 9,2 црно-бели слики/мин./5,0 слики во боја/мин., како и фотографии без рабови од 10x15cm за прибл. 44 секунди. Испечатете копија во боја во A4 формат за прибл. 20 секунди.

  • Софтвер My Image Garden

    Пакет алатки кој нуди едноставно печатење на фотографии, скенирање и пристап до интернет услуги како CREATIVE PARK PREMIUM. Благодарение на своите можности за организирање на фотографии, вклучувајќи и препознавање на лица, овој софтвер ќе изврши пребарување на фотографиите во вашиот компјутер, дури и оние кои одамна не сте ги погледнале, а потоа ќе ги состави во повеќе одлични дизајни за печатење. Исто така, тој овозможува едноставно скенирање кон услугите Cloud и создавање на PDF фајлови.

  • Печатете директно од Facebook

    Апликацијата Print Your Days ви овозможува да ги печатите вашите фотографии и фотографиите на вашите пријатели директно од Facebook. Применете различни ефекти или направете привлечни колажи кои содржат до пет фотографии на една страница, користејќи некој од многуте стилови на заднина кои се достапни.

  • Заштедете енергија

    Намалете ја потрошувачката на енергија со опцијата за автоматско исклучување, која го исклучува печатачот доколку не се користи одреден временски период. Опцијата за автоматското вклучување овозможува практично и автоматско вклучување, штом започнете да печатите.

Спецификации

  • Практична и едноставна замена

  • Неверојатно мали капки мастило за прецизно печатење

  • Печатење на фотографии со висока резолуција

  • Автоматско двострано печатење

  • Безжично користење и споделување

  • Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред

  • Компактен дизајн и едноставно ракување

  • Печатете слики од вашите видео снимки

  • Интелигентно печатење од интернет

  • Скенирање со висока резолуција

  • Печатење на фотографии од Facebook

  • Едноставен креативен софтвер