Печатачи за во домот

Canon PIXMA MG5650

Разновиден, забавен и поврзан

Придобивки

  • Уживајте во разновидноста. Лесно поврзување, печатење, копирање и скенирање на начин кој ви одговара со сè-во-едно уредот со Wi-Fi и висок квалитет

  • Уживајте во креативна слобода за печатење од Cloud и скенирање со PIXMA Cloud Link*

  • Подгответе се за печатење и скенирање без напор преку паметни уреди со апликацијата PIXMA Printing Solutions

  • Доловете ги драгоцените моменти со брзото печатење на висококвалитетни материјали

  • Променете го само мастилото кое се потрошило, благодарение на 5-те одделни резервоари за мастило

Детални карактеристики

  • Висококвалитетен "сè-во-едно" уред

    Поврзете се, создавајте, печатете, скенирајте и копирајте во домот. Целото семејство може да ужива во придобивките што ги нуди овој достапен сè-во-едно уред со 5 мастила, напредно поврзување преку Wi-Fi и директен пристап до Cloud услуги. Тој е дизајниран за безжично користење и споделување во домот и далечинско користење преку мобилни уреди, а се одликува и со безжичен LAN PictBridge - така што ќе можете лесно да ги печатите вашите омилени фотографии директно од компатибилни безжични фотоапарати.

  • Заштедете пари на мастило и хартија

    Уживајте во минимален отпад и максимални заштеди. Благодарение на одделните резервоари за мастило, треба да ја менувате само бојата која ќе се потроши. Освен тоа, можете да печатите повеќе страници за вашите пари доколку ги користите изборните XL мастила и штедите хартија со автоматското 2-страно печатење.

  • Поврзување со Cloud услуги

    Поврзете се директно со Cloud услугите. Уживајте во печатење од и скенирање кон интернет - директно од екранот на печатачот. Со подобрениот PIXMA Cloud Link можете да печатите фотографии за неколку секунди од Facebook, Twitter и онлајн албуми. Печатете/скенирајте документи од Cloud услуги како Google Drive, OneDrive и Dropbox. Можете дури и да прикачувате и испраќате скенирани фајлови/слики директно преку e-mail – без користење на компјутер.*

  • Можност за поврзување со паметен телефон и таблет уред

    Печатачот може да се поврзе и користи со паметни телефони. Едноставно преземете ја апликацијата PIXMA Printing Solutions од Canon за вашиот паметен телефони или таблет уред. Со користење на апликацијата можете директно да пристапувате до Cloud услуги. Исто така, можете да го проверувате статусот на печатачот, прирачникот за користење или нивоата на мастила во реално време преку Wi-Fi или интернет. За да ги добиете сите опции за поврзување со мобилни уреди, достапна е и поддршка за Apple AirPrint и Google Cloud Print.

  • Брзо печатење со висок квалитет

    Импресионирајте го семејството и пријателите со испечатените материјали со висок квалитет. Прикажувајте ги со гордост сликите исполнети со високи нивоа на детали и печатете документи со професионален изглед и остар текст, благодарение на 5-те единечни мастила, технологијата FINE на Canon и резолуцијата на печатење до 4.800 dpi. Печатењето е исто така многу брзо - со ISO ESAT брзини од 12,7 слики/мин. во црно-бело и 8,7 слики/мин. во боја. Можете да печатите фотографии од 10 x 15 cm без рабови за приближно 44 секунди.

  • Брзо, лесно ракување

    Контролирајте, прикажете и поврзете се на едноставен начин. Големиот екран од 6,2 cm нуди кристално чист приказ, без разлика дали избирате функции, прегледувате слики или користите Cloud услуги. Згора на тоа, нема да чекате долго за да започнете да печатите преку компјутер или мобилен уред на истата мрежа, благодарение на автоматското вклучување.

  • Креативно користење

    Забавувајте се додека ја истражувате вашата креативност со Easy Photo Print+. (Достапно преку апликацијата PIXMA Printing Solutions.) Дизајнирајте и печатете честитки, колажи со фотографии и многу повеќе на едноставен начин со помош на оваа интернет услуга - користејќи слики од вашиот таблет уред, компјутер или Cloud услуга.

Спецификации

  • Променете го само мастилото кое се потрошило

  • Неверојатно мали капки мастило за прецизно печатење

  • Изборни мастила за голема потрошувачка

  • Безжично користење и споделување

  • Печатење и скенирање кон Cloud услуги

  • Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред

  • Апликација PIXMA Printing Solutions

  • Автоматско двострано печатење

Што содржи кутијата

  • "Сè-во-едно" печатач – PIXMA MG5650

  • Резервоари за мастило за поставување

  • Кабел за напојување

  • CD диск за поставување (CD само за Windows – драјверите за Mac се достапни на интернет)

  • Упатства и други документи