MAXIFY GX3040

Печатачи MegaTank

Canon MAXIFY GX3040

Печатете големи количини на висококвалитетни деловни документи додека многу штедите на CPP1 и TCO2 со овој MAXIFY GX 3-во-1 печатач опремен со MegaTank што е лесен за користење и може да се дополнува.

Извонредна продуктивност, CPP и TCO3 што се најдобри во класата

Трошок по страница (CPP) го претставува износот на пари потребен за печатење на една страница. Ова се пресметува со делење на трошоците за мастилото со потрошувачката на страници.

Вкупниот трошок за користење (TCO) е пресметка на тоа колку би ве чинел печатач врз основа на првичните трошоци за купување на хардверот и трошоците за мастила во определен временски период.

MAXIFY GX3040

Висококвалитетен деловен печатач со MegaTank за големи количини со извонредно ниски работни трошоци.
MAXIFY

Споредете ги функциите

Изберете го најдобриот печатач за домашна канцеларија што одговара на вашите потреби.

Серија MAXIFY GX

MAXIFY GX3000 Series

MAXIFY GX3040

MAXIFY GX4000 Series

MAXIFY GX4040

Функции

Печатење, копирање, скенирање со Wi-Fi и Cloud
Печатење, копирање, скенирање, факс со ADF, Wi-Fi/етернет и Cloud

Технологија за печатење

Печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат
Печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат

Потрошувачка на страници (печатење A4-документ во боја)

Црно-бело: 6.000 страници4 (9.000 страници во економичен режим)5

Во боја: 14.000 страници4 (21.000 страници во економичен режим)5
Црно-бело: 6.000 страници4 (9.000 страници во економичен режим)5

Во боја: 14.000 страници4 (21.000 страници во економичен режим)5

Екран

Црно-бел LCD-екран од 1,35” / 3,4 cm
Екран на допир во боја од 2,7” / 6,7 cm

Големи брзини на печатење6

Црно-бело - 18 слики/мин.
Во боја - 13 слики/мин.
Црно-бело - 18 слики/мин.
Во боја - 13 слики/мин.

Печатење на првата страница (FPOT) ЦРНО/БЕЛО

Прибл. 8 сек.
Прибл. 8 сек.

ADF

НЕМА
ADF за 35 листови

Користење разновидни медиуми

Обична хартија, Red Label Superior, канцелариска хартија за печатење во боја Oce од Canon, фотохартија Pro Luster, фотохартија Plus Glossy II, мат фотохартија, сјајна фотохартија, хартија за висока резолуција, пликови, фотохартија Plus Semi-Gloss, самолеплива фотохартија, магнетна фотохартија, хартија за пренос на слики врз светли материјали со пеглање, реклами од 1200 mm
Обична хартија, Red Label Superior, канцелариска хартија за печатење во боја Oce од Canon, фотохартија Pro Luster, фотохартија Plus Glossy II, мат фотохартија, сјајна фотохартија, хартија за висока резолуција, пликови, фотохартија Plus Semi-Gloss, самолеплива фотохартија, магнетна фотохартија, хартија за пренос на слики врз светли материјали со пеглање, реклами од 1200 mm

Сите опции за поврзување

USB
Wi-Fi (2,4 GHz)
USB
Wi-Fi (2,4 GHz)
Етернет

Скенирање

Скенирајте кон е-пошта
Скенирајте кон е-пошта
Скенирање кон папка

Капацитет за обична хартија

Заден фах: 100 листови
Касета: 250 листови
Заден фах: 100 листови
Касета: 250 листови

Димензии

Прибл. 399 x 417 x 216 mm
Прибл. 399 x 417 x 251 mm

Картриџ за одржување

Да - корисникот може да го замени
Да - корисникот може да го замени

Огромни придобивки за вашата компанија

Овие печатачи MAXIFY GX со голема ефикасност се создадени за постигнување успех во опкружувања со големи потреби.

  • Домашна канцеларија

    Поради своите компактни димензии, едноставно поврзување и лесно достапен картриџ за одржување што може да се замени од корисникот, палетата MAXIFY GX е печатач за големи количини и голема ефикасност што е идеален за работници од дома и хибридни работници со големи потреби.

  • Малопродажба

    Намалете ги трошоците со тоа што ќе печатите повеќе медиуми во домот. Создавајте висококвалитетни и издржливи материјали за продажни места, реклами, промотивни ленти и картички со помош на задниот рамен фах што поддржува дебел картон.

  • Агенти за недвижности

    Брзо печатете брошури и флаери во боја во големи количини без намалување на врвниот квалитет. Поради мастилото базирано на пигмент, отпечатените материјали се светли, лесно читливи, отпорни на размачкување и не се заматени.

  • Образовни институции

    Печатете големи количини на образовни материјали, издржливи флаери во боја и административни документи, а притоа заштедете пари на мастило. Внимавајте на децата во една соба додека печатите во друга соба со помош на опциите за безжично поврзување.

Главни придобивки

  • Извонредно ниски работни трошоци

    Заштедете пари и време до крајот на работниот век на печатачот благодарение на економичните резервоари за мастило што се дополнуваат и значително ги намалуваат вкупните трошоци за користење и трошокот по страница. Зголемете го бројот на отпечатени страници со економичниот режим5 и отпечатете 1,5х повеќе страници со истата количина на мастило

  • Извонредни отпечатени материјали со деловен квалитет

    Уживајте во брзо испорачани отпечатени материјали во големи количини, со одлична читливост, што се отпорни на вода, триење и маркери и се практични за деловно работење

  • Печатете повеќе медиуми во домот

    Печатете флаери, ленти и постери во домот благодарение на компатибилноста со широк опсег на материјали, вклучувајќи и магнетни медиуми и медиуми за фотографии, како и нов заден рамен фах што поддржува подебели медиуми и картички

  • Печатете без паузирање

    Печатете големи количини на документи без иритирачки дополнувања хартија, благодарение на снабдувањето од задната страна со капацитет од 100 листови и предна касета за 250 листови, со прозорец што овозможува брзо и лесно проверување на залихата на хартија

  • Мал, но моќен

    Заштедете важен простор дома или во канцеларија благодарение на компактните димензии на печатачот, а помалата количина на пластично пакување овозможува полесно рециклирање

  • Едноставни за употреба и одржување

    Намалете го време на неактивност со картриџот за одржување што може да се замени од корисникот, лесно достапен од предната страна на печатачот. Капачињата за мастило се означени во различна боја и имаат пружина за да овозможуваат едноставно дополнување без неред

Компатибилни апликации и софтвер

Печатете документи, фотографии и многу повеќе од вашиот паметен уред со бесплатната апликација Canon PRINT или, пак, брзо дизајнирајте и печатете постери и флаери што изгледаат прекрасно со PosterArtist. Искористете го PIXMA Cloud Link за да испраќате скенирани материјали кон или да печатите од популарни услуги на Cloud, вклучувајќи ги Dropbox, Google Drive и OneDrive.

Easy-PhotoPrint Editor од Canon ги претвора вашите омилени фотографии (од вашиот уред или услугите за складирање на Cloud) во стилски и персонализирани подароци, како честитки и календари.

Софтверот Easy-Layout Editor се користи лесно и ви овозможува слободно подредување на распоредот на различни документи пред да ги отпечатите. Идеално за печатење слики, постери, веб-страници и многу повеќе.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Добијте инспирација, пријавете се веднаш

Не пропуштајте ги најновите понуди од Canon, најдобрите совети и водичи, како и вести и покани за локални настани.
MAXIFY GX3040

Што содржи кутијата

Сè што ви треба за да започнете со деловно печатење со голема ефикасност - само додајте хартија.

  • Инк-џет печатач MAXIFY GX3040 со резервоар MegaTank што може да се дополнува

  • 4 шишиња со мастило за голема потрошувачка (1 x црна боја и 1 x Ц/М/Ж)

  • Кабел за напојување

  • Упатства и други документи

  • CD-ROM за поставување (CD само за Windows)

Работете во хармонија

Користењето на мастилата и хартијата од Canon во хармонија со вашиот печатач од Canon ви нуди исклучителни резултати во секое време.

  • GI-46 BK

    GI-46 BK

    Црно мастило со пигмент и голем капацитет за висококвалитетни деловни документи.
  • GI-46 C

    GI-46 C

    Цијан мастило со пигмент и голем капацитет за висококвалитетни деловни документи.
  • GI-46 M

    GI-46 M

    Магента мастило со пигмент и голем капацитет за висококвалитетни деловни документи.
  • GI-46 Y

    GI-46 Y

    Жолто мастило со пигмент и голем капацитет за висококвалитетни деловни документи.
  • mc-g03

    Мастило

    Maintenance cartridge: MC-G03

    Картриџ за одржување што може да го менува корисникот за да го минимизира времето на неактивност.
  • Дали барате нешто слично?

    Зошто не разгледате некои од овие производи од нашите палети PIXMA и MAXIFY.

    Може да ве интересира и

  • Мастило, тонер и хартија

    Целосна палета на мастила, тонер и хартија од Canon за вашиот печатач.

  • Оригинални потрошни материјали

    Оригиналните потрошни материјали од Canon се создадени да се користат во совршена хармонија со вашиот печатач од Canon.

  • Деловни печатачи

    Печатете, копирајте, скенирајте и испраќајте факс без напор со нашата обемна палета на печатачи.

    1. Трошок по страница (CPP) го претставува износот на пари потребен за печатење на една страница. Ова се пресметува со делење на трошоците за мастилото со потрошувачката на страници.
    2. Вкупниот трошок за користење (TCO) е пресметка на тоа колку би ве чинел печатач врз основа на првичните трошоци за купување на хардверот и трошоците за мастила во определен временски период.
    3. Одрекување од одговорност: вкупните трошоци за користење (TCO) се основани врз првичните трошоци за купување на хардверот и трошоците за мастила или тонер во определен временски период (погледнете ги условите подолу). Ве молиме имајте предвид дека дополнителните променливи трошоци можат да влијаат врз вкупните трошоци за користење, вклучувајќи, но не ограничувајќи се со, други потрошни материјали, комплети со мастила и тонер, пакувања со мастила и тонер за голема потрошувачка, сервисирање, потрошувачка на енергија и замена на делови.

      Наведеното намалување на трошоците во проценти претставува просечна вредност од намалувањето на вкупните трошоци за определен обем на печатење од 1000 страници месечно (50% во боја и 50% црно-бело) во период од 60 месеци (5 години).

      Вкупните трошоци за користење (TCO) се основани врз следните пресметки: [Просечен CPP во боја x обем на печатење во боја - минус страниците отпечатени со испорачаните мастила/ тонер] плус [Просечен CPP во црно-бел формат x обем на црно-бело печатење - минус страниците отпечатени со испорачаните мастила/ тонер] плус [трошоците за хардверот] плус [трошоците за картриџот за одржување, само за моделите MAXIFY GX].

      Моделите за споредба во заштедата на вкупните трошоци за користење (TCO) вклучуваат слични модели од конкуренцијата од Epson. Продажната цена на печатачите во EUR (€) и цената на потрошните материјали е добиена од официјалната веб-страница на производителот (https://www.epson.de/) на 12 септември 2022 година.

      Хардверот и потрошните материјали за сериите MAXIFY GX7000, GX6000, GX5000, GX4000 и GX3000 од Canon се опфатени само заради потребите на овој калкулатор за TCO со нивната препорачана продажна цена („RRP“) што содржи ДДВ.

      ДДВ е вклучен, но имајте предвид дека трошоците за испорака не се вклучени во пресметките на цената. Цените подлежат на промени поради пазарните услови.

      Трошоците за печатење се основани врз користење на зададените поставки што се избрани и кај печатачите од Canon и кај печатачите од конкуренцијата. Ова е во согласност со условите за тестирање наведени во тестот за потрошувачка ISO/IEC за соодветната категорија.

      Трошоците по страница се пресметани од продажната цена на потрошните материјали наведена на веб-страниците на нивните производители која потоа се дели со потрошувачката што ја наведуваат производителите и што е официјално наведена во јавно достапните информации. Трошоците по страница се основани врз симулацијата за печатење шаблони за тестирање достапни во ISO/IEC24712 за инк-џет печатачи.

      Сите спецификации и податоци за перформанси од производителите се земени од јавно достапни информации, вклучувајќи, но не ограничувајќи се со, брошури и веб-страници на производителите. Потрошувачката на мастила од Canon и конкуренцијата се земени од спецификациите објавени од производителите.

      Заради фер споредба и давање прецизни податоци, податоците за потрошувачка на потрошните материјали се земени од потрошувачката на тонер или мастила со највисок стандард достапни во времето на издавање што биле одредени согласно ISO-стандардите. Споредбата не опфаќа комбинирани пакети, XL и мултикомплети. Овие податоци се достапни јавно.
    4. Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата ISO/IEC 24712 со резервни резервоари за мастило по почетното поставување.
    5. Економичниот режим ја намалува потрошувачката на мастило преку намалување на густината, при што може да се отпечатат 50% повеќе страници отколку во стандардниот режим
    6. Брзината на печатење A4 документи на обична хартија се мери врз основа на просекот од ESAT во тестот за категорија канцеларии со ISO/IEC 24734 стандард.