Печатачи MegaTank

Canon PIXMA G5040

Зголемете го времето на активна работа и намалете ги трошоците со практичен печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат

  • Печатете големи количини

    Печатете максимум 18.000 црно-бели страници со 3 шишиња со црно мастило или 7.700 страници со комплет бои*. Намалете го времето на неактивност со автоматското 2-страно печатење и капацитетот за обична хартија од 350 листови.

  • Паметно и практично користење

    Печатете преку паметен уред со апликацијата Canon PRINT и поврзете се на Cloud преку PIXMA Cloud Link - практично за претприемачи што работат дома или во мали канцеларии.

  • Печатење без напор

    Печатете на едноставен начин преку AirPrint (iOS), Mopria (Android) или Windows 10 Mobile и користете безбедни врски со голема брзина преку локалната мрежа и приклучокот за етернет.

  • Поголема контрола

    Преземете ја контролата преку 2-линискиот еднобоен LCD-екран и бидете подготвени за дополнување со функцијата за следење на мастилата. Компаниите со повеќе локации можат далечински да ги следат нивоата на мастило во печатачот, користењето и статусот преку софтверот Management Information Base (MIB).

  • Професионални резултати

    Печатете остар текст со наменското црно мастило со пигмент и фотографии без рабови со големина до A4 со мастилата со живописни бои. Елиминирајте го напорот при дополнување на мастилата со подобрените и практични шишиња со мастило.

Спецификации

  • Вградени резервоари со мастило

    4 резервоари за мастило за голема потрошувачка што се дополнуваат

  • Печатење големи количини

    До 18.000 страници од 3 шишиња црно мастило или 7.700 страници од комплет мастила во боја*.

  • Капацитет за 350 листови

    Голем капацитет за обична хартија

  • Сите опции за поврзување

    Етернет и Wi-Fi

  • Поддршка за паметни телефони

    Добијте целосна контрола со апликацијата Canon PRINT (iOS и Android)

  • Врвен квалитет, максимална брзина

    Печатете остар црн текст и живописни фотографии без рабови во големини до A4

  • Едноставна контрола

    Уживајте во практично користење и контрола преку 2-линискиот еднобоен LCD-екран

  • Автоматско 2-страно печатење

    Заштедете време со автоматското двострано печатење

Што содржи кутијата

Сите алатки што ви се потребни за да започнете да печатите големи количини со помали работни трошоци.

  • Печатач со една функција и резервоари за мастило што се дополнуваат од Canon - PIXMA G5040

  • 6 шишиња со мастило за голема потрошувачка (3x црна боја и 1x Ц/М/Ж)

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за подесување

  • Упатства и други документи

Добијте повеќе од вашиот печатач од Canon

Од социјални медиуми и печатење од Cloud до колажи и релјефни картички. Разбудете ја креативноста со нашата апликација Canon Print и софтверот Creative Park.

Слични производи

  • PIXMA G6040

    Печатачи MegaTank

    PIXMA G6040

    Печатач со резервоар за мастило што се дополнува и што нуди голем обем на печатење, квалитет и функционалност со мали трошоци по страница.
  • PIXMA GM2040

    Печатачи MegaTank

    PIXMA GM2040

    Печатач со резервоар за мастило што се дополнува - добијте максимална продуктивност со решение за мали вкупни трошоци за користење.
  1. * Бројот на страници што може да ги отпечатите со првото шише мастило е помал во однос на замената, бидејќи за време на првичното поставување се троши одредена количина на мастило за да се наполни главата за печатење. Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата за бои ISO/IEC 24712 со резервни шишиња со мастило по почетното поставување.
    Потрошувачката на страници за црното мастило и мастилата во боја не треба да се комбинира.
    Потрошувачката на страници може значително да се разликува во зависност од содржините што се печатат и други фактори.

    ** Измерено по меѓународни стандарди, во зададен режим. При непрекинато последователно печатење, печатачот може да ја намали брзината со која го извршува процесот за да спречи покачување на внатрешната температура.