Печатачи за во домот

Canon Серија PIXMA TS8150

Паметен и компактен сè-во-едно уред со повеќе опции за поврзување и 6 одделни мастила за печатење фотографии без рабови со врвен квалитет во домот

  • Неверојатна брзина

    Печатете прекрасни фотографии без рабови од 4x6” за 17 секунди благодарение на најсовремената технологија и 6-те одделни мастила во кои спаѓа и нова сина боја за фотографии со која се добиваат повеќе детали.

  • Паметно поврзување

    Поврзувајте паметни уреди на едноставен начин преку повеќе опции, меѓу кои и Bluetooth®* за лесно печатење и скенирање преку Wi-Fi со помош на апликацијата Canon PRINT.

  • Слободата што ја нуди услугата Cloud

    Уживајте во слободата за печатење од Cloud и скенирање** кон Cloud директно од печатачот. Потребни се само неколку секунди кога е отворен PIXMA Cloud Link преку екранот на печатачот или апликацијата Canon PRINT.

  • Контрола со допир без напор

    Уживајте во едноставна контрола слична како кај паметните телефони преку големиот екран на допир од 10,8 cm на предниот панел што се закосува автоматски. Интерфејсот ја пресликува апликацијата Canon PRINT за да ви овозможи беспрекорно доживување.

  • Разновидни опции и економичност

    Променете ја само бојата што ви е потребна благодарение на одделните мастила и користете медиуми за фотографии и хартија со помош на двата механизми за снабдување. Заштедете со XL или XXL резервоарите и автоматското 2-страно печатење.

Спецификации

  • Безжично користење и споделување

  • Апликација Canon PRINT

  • 6 одделни мастила

  • Екран на допир од 10,8 cm

  • Директно печатење на диск

  • Два механизми за снабдување со хартија

  • Отвор за мемориска картичка

  • Bluetooth

ПЕЧАТЕТЕ ДО 170 СТРАНИЦИ ПОВЕЌЕ

Користејќи ги мастилата што се испорачуваат во пакетот, серијата PIXMA TS8150 од Canon печати повеќе материјали од нејзиниот најголем конкурент.

Што содржи кутијата

Сè што ви е потребно за извонредно печатење за целото семејство – само додајте хартија и медиуми за фотографии.

  • Сè-во-едно печатач – серија PIXMA TS8150

  • Однапред поставени резервоари со мастило

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за поставување

  • Прирачници

Регистрирајте се и добијте уште повеќе од вашиот печатач!

Добивајте поени и освојувајте награди додека печатите со оригиналните мастила од Canon. Можна е достава на мастила директно до вашата врата кога ќе ви требаат…

Print Rewards

Добијте повеќе од вашиот печатач од Canon

Од социјални медиуми и печатење од Cloud до колажи и релјефни картички. Разбудете ја креативноста со нашата апликација Canon Print и софтверот Creative Park.

Поврзани производи

  1. *Опремен со технологија за Bluetooth® со мала потрошувачка на енергија (печатењето и скенирањето преку Bluetooth е достапно само кај уреди со Android). Нема гаранција дека функциите што се достапни преку Bluetooth и апликацијата Canon PRINT Inkjet/SELPHY ќе функционираат кај сите паметни телефони со Android. Зборот во ознаката Bluetooth® и лого ознаките на Bluetooth® се регистрирани заштитни знаци во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на тие знаци од страна на Canon Inc. е дозволено со лиценца. Другите заштитни знаци и заштитни имиња им припаѓаат на нивните сопственици.**Скенирањето кон Cloud е достапно само за корисници на оригинални мастила од Canon.