Совет за овластените партнери на Canon и независните препродавачи
Canon прави големи напори за заштита на своите заштитни знаци и заштитни имиња. Поради тоа, Canon подготви упатства за тоа што смеат и што не смеат да прават овластените партнери и независните препродавачи во однос на користењето на лого ознаките и заштитните имиња на “Canon” во нивните веб страници и сметки за социјални медиуми.
Ви препорачуваме да побарате независен формален совет доколку имате прашања за начинот на кој можете да ги примените овие упатства на вашите веб страници или сметка(и) за социјални медиуми.
Ако ви се потребни дополнителни информации за употребата на логото и заштитните знаци на Canon контактирајте нè на corporate.communications@canon-europe.com за целосен PDF/документ.
¹ Не заборавајте дека Вие самите сте законски одговорни за содржините што ги објавувате на интернет. Почитувајте ги авторските права, користењето на фер начин, приватноста, откривањето на финансиските податоци и други применети закони.
² Компанијата Canon ќе побара сите имиња на домени, кои се во сопственост на трети страни и кои содржат заштитни имиња на Canon, да ѝ се префрлат на неа, и компанијата Canon ќе соработува со операторите на социјалните медиуми за елиминирање на сметките кои ги прекршуваат правата на Canon.