LEGRIA HF S100 овозможува снимање на Full HD видео на SDHC мемориски картички кои се идеални за споделување. Бројните напредни карактеристики се комбинираат со 8.0MP CMOS сензорот и DIGIC DV III процесорот за добивање на слика со врвен квалитет.
Подетално разгледување на Canon HF S100
Врвниот HD квалитет се постигнува благодарение на Canon HD камера
системот со висока резолуција: 8.0MP Full HD CMOS сензор, Canon HD
видео објектив (дијаметар на филтер од 58mm) со 10x оптички зум и
DIGIC DV III процесор.
Снимајте директно на SDHC мемориски картички со висок капацитет -
на картичка од 32GB ќе можете да складирате преку 12 часа HD видео
при најефикасно поставување. За максимален квалитет, снимајте со
24Mbps. Картичките се совршени за споделување.
Уникатниот систем на Canon за моментален AF нуди неверојатно брзо и
прецизно фокусирање. OIS со супер опсег ги намалува ефектите на
речиси сите видови тресење, овозможувајќи стабилност на
снимката.
Корисничкото копче ви овозможува активирање на една од петте
променливи кои можат да бидат доделени на контролното вртливо
копче, вклучувајќи фокус, експозиција и ниво на звук. Меѓу
напредните контроли се вбројуваат AGC (Auto Gain Control)
ограничувањата - обично застапени само кај професионалните камери,
кои го засилуваат или ограничуваат одзивот при снимање со слаба
осветленост - потоа зебра ленти, бирање на боја и излез на ленти во
боја/тест тон.
Режимот на куси видео записи ги ограничува снимките на 4 секунди -
оваа должина е идеална за подоцнежно составување во листа на
репродукција. Монтираните видео записи репродуцирајте ги со музика
по избор во заднина. Технологијата за откривање на лице врши
автоматска оптимизација на параметрите за добивање на совршени
снимки со луѓе, детектирајќи до 35 ликови во еден кадар. Pre REC
функцијата врши снимање на 3 секунди пред да го притиснете копчето
за снимање - така што вие никогаш повеќе нема да го пропуштите
моментот.
DIGIC DV III нуди поддршка за x.v.Color - за добивање на длабоки
богати нијанси при репродуцирање на снимките на компатибилен HD
телевизор. Со 25p режимот на кино вие ќе постигнете изглед на
традиционалните филмови, со подобрување на квалитетот на снимање
при слаба осветленост.
Наменскиот фото режим ќе им овозможи на корисниците снимање
фотографии со висока резолуција, до 8MP. Во режим на двојно
снимање, за време на снимањето видео можно е и снимање на
фотографии од 6MP. Функцијата за фото секвенца генерира 25
фотографии од една секунда снимен материјал.
Снимајте извонреден звук и вршете мониторинг со помош на
приклучоците за микрофон и слушалки. Рачната контрола на аудио
нивоата ви нуди уште повеќе опции.
Приклучете широк опсег на периферни уреди на мини напредниот
приклучок за дополнителна опрема, вклучувајќи микрофон со
насочување и видео осветлување.
Практичниот PIXELA™ софтвер стандардно се испорачува за уредување и
споделување на снимките. Со DW-100 DVD снимачот на Canon (може да
се купи одделно) ќе можете да снимате DVD дискови со едно
притиснување на копче.
Дознајте повеќе за Canon HF S100, неговите функции и можности.