Спонзорство

Canon Camera

Нашите активности за спонзорирање во регионот EMEA опфаќаат социјални, културни и спортски активности што го поддржуваат нашиот бренд, нашето деловно работење и нашите цели за корпоративна и социјална одговорност што се усогласени со крајната цел на нашиот бренд - Технологии за обработка на слика што ќе го трансформираат нашиот свет.

Следејќи ја нашата корпоративна филозофија Kyosei, ние се стремиме да го примениме нашето професионално искуство за обработка на слика за да направиме разлика во рамките на општеството. Kyosei ја изразува нашата посветеност да ги видиме сите луѓе, независно од културата, обичаите, јазикот или расата, да „живеат и работат заедно за доброто на сите“.

Visa pour l’image

Visa Pour l’Image, интернационалниот фестивал за фоторепортерство, поканува посетители од целиот свет на серија изложби, дискусии на кружна маса, проекции и доделување награди.

Имаме привилегија и сме горди што го поддржуваме фестивалот Visa pour l’image повеќе од 30 години.

Visa pour l’image 2022
Canon foundation final

Фондација Canon во Европа

Фондацијата ја поддржува нашата корпоративната филозофија Kyosei - „заеднички живот и работа за доброто на сите“.

Ние во Canon сакаме да се осигуриме дека активностите во кои учествуваме можат да ги поврзат и обединат нашите корисници на емотивен начин што ја поткрепува целта на нашиот бренд „Технологии за обработка на слика што ќе го трансформираат нашиот свет“.

Сите наши партнерства мора да се во согласност со нашите вредности, па затоа сакаме да учествуваме во активности што: 

  • Се сметаат за иновативни, смели и/или револуционерни
  • Можат да ни обезбедат платформа за изложба на нашите технологии и услуги за обработка на слика
  • Ја промовираат нашата посветеност за одржливост
  • Ја демонстрираат нашата корпоративна филозофија Kyosei - заеднички живот и работа за доброто на сите.
  • Се во согласност со нашата корпоративна замисла за „Подобрување на животот и деловното работење со решенија за обработка на слика“

 Во моментот не размислуваме за нови можности за партнерство, но кога разгледуваме предлози, следните критериуми ни помагаат да донесеме одлука:

  • Не спонзорираме поединци или тимови. Тука спаѓаат блогери, видеоблогери или какви било патувачки проекти каде што поединецот бара бесплатен производ во замена за промоција. Посетете го веб-сајтот Canon Pro за да дознаете повеќе информации за програмата за амбасадори на Canon
  • Настанот/активноста мора да биде паневропски проект. За локални активности, ве молиме обратете се на соодветната канцеларија на Canon
  • Настанот/активноста не смее да има никакви религиозни асоцијации, политички врски, ниту пак да биде поврзуван со воени дејства од каков било вид
  • Секој настан/активност што ќе ја разгледуваме мора да ги поддржува нашите цели за одржливост

Може да ве интересира и

Контактирајте нè

Дознајте како да нè контактирате.