Објективи за EOS R

Canon Mount Adapter EF-EOS R

Овој адаптер е дизајниран да се користи со системот EOS R од Canon и да овозможи употреба на објективите EF и EF-S со фотоапарати EOS R.

  • Користете ги објективите со приклучоци EF и EF-S што веќе ги имате заедно до фотоапарати EOS R од Canon

    Адаптерот за монтирање објективи EF-EOS R од Canon овозможува објективите со приклучок EF и EF-S да се користат со фотоапарати EOS R од Canon, а притоа ги задржува истите нивоа на перформанси и контрола карактеристични за фотоапаратите EOS DSLR.

  • Лесен и едноставен за користење

    Со тежина од само 110 g, овој практичен адаптер може лесно да го носите во вашата торба со опрема, а тоа значи дека секогаш ќе ви биде при рака. Треба да ги порамните индексните ознаки на приклучоците и кај објективот и кај адаптерот, да го завртите објективот во насока на стрелките на часовникот сè додека не слушнете кликнување и потоа да го прикачите фотоапаратот.

  • Создаден за професионална употреба

    Адаптерот за монтирање објективи EF-EOS R од Canon е заштитен од прав и влага и има метален приклучок за објективи и на предната и на задната страна. Надворешната завршна обработка на адаптерот одговара и на фотоапаратот и на објективот.

Може да ве интересира и

  • Адаптери за EOS R

    Палета на адаптери за монтирање објективи EF-EOS R што овозможуваат објективите EF и EF-S да се користат со фотоапаратите EOS R од Canon и придодаваат нови функции на постоечката оптика.

  • Алатка за избирање објективи

    Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.

  • Адаптер за монтирање објективи со контролен прстен EF-EOS R

    Адаптерот за монтирање објективи со контролен прстен EF-EOS R има прстен за контрола на објективот што може да се користи за прилагодување на решетката, брзината на блендата, ISO или компензација на експозицијата, без да го оддалечите фотоапаратот EOS R од вашето око.

  • Адаптер за монтирање објективи со внатрешен филтер EF-EOS R

    Адаптерот за монтирање објективи со внатрешен филтер EF-EOS R ви нуди можност за користење внатрешни филтри за да ја промените експозицијата и да создавате ефекти.

  • Систем EOS R

    Системот R е дизајниран за активни креатори на содржини. Ова е беспрекорен систем кој работи интуитивно со вас за да ја реализирате вашата уникатна замисла.