LEGRIA HF R76

Видеокамери

Canon LEGRIA HF R76

Оваа компактна и практична видеокамера со Wi-Fi, NFC и напреден зум до 57x нуди видеоснимки со одличен квалитет.

Придобивки

  • Снимајте и споделувајте драгоцени спомени без напор

  • Моќна технологија за врвен квалитет на видеоснимките

  • Снимајте креативни материјали на едноставен начин

  • Одличен звук што одговара на сцената

Детални карактеристики

  • Снимајте и споделувајте без напор

    Уживајте во удобно снимање и едноставната и интуитивна контрола на допир преку голем, осветлен и капацитивен екран на допир. Снимајте во AVCHD и MP4 формат истовремено и лесно поврзувајте паметни уреди преку Wi-Fi со NFC за далечинско снимање и споделување MP4 датотеки без напор со пријателите или на социјалните мрежи.

  • Врвен квалитет

    Многубројните моќни технологии ви овозможуваат да добиете Full HD видео со неверојатен квалитет без разлика што снимате. Тука спаѓа објективот со огромен напреден зум до 57x за доловување на деталите во далечина, автоматската функција за помош при обликување на кадарот која ги задржува објектите во кадарот и интелигентната стабилизација на слика која автоматски ги елиминира потресите и спречува заматување.

  • Креативни снимени материјали

    Добијте прекрасни ефекти со снимањето забавени и забрзани движења, додавајте забавни ефекти во видеоснимките со функцијата за декорации на допир или подобрете го амбиентот со филтрите за изглед како во кино. Доловете ги најважните моменти на вашите деца со напредниот режим за бебиња што автоматски ги подредува снимените материјали во албуми за најмногу три деца.

  • Одличен звук

    Направете ги вашите видеоснимки да звучат подеднакво добро како што изгледаат со изборот на аудио сцена, кој нуди 5 режими на сцени и кој автоматски ги оптимизира поставките за звук за да одговараат на сцената што ја снимате.

Спецификации

  • Full HD

  • Advanced Zoom

  • Оптичка интелигентна стабилизација на слика

  • Снимање на забавени и забрзани видео снимки

  • Следете го вашиот објект со целосен зум

  • Снимајте драгоцени спомени

  • Wi-Fi далечински управувач и лесно споделување

  • Поедноставете го споделувањето